Connect with us

Банки

Посета на гувернерот на централната банка на Австрија

Објавено

на

Преку постојано усогласување со најновите стандарди и практики и непрекинато зајакнување на институционалниот и аналитичкиот капацитет, Народната банка ги следи високите критериуми на Европскиот систем на централни банки и со тоа придонесува кон понатамошниот евроинтеграциски процес на земјата. Ова беше истакнато на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вицегувернерите, Ана Митреска, Емилија Нацевска и Фадил Бајрами и извршната директорка Султанија Бојчева-Терзијан, со делегацијата на Народната банка на Австрија, предводена од гувернерот, Роберт Холцман, а во состав: раководителката за Централна, Источна и Југоисточна Европа, Јулија Ворц и раководителката за комуникации, Марлис Форман. На средбата којашто се одржа во Народната банка, присуствуваше и амбасадорот на Австрија во земјава, Мартин Памер.

Дискусијата беше насочена кон евроинтеграцијата на земјава и економскиот развој, со акцент на новиот План за раст на Западен Балкан, при што двете страни ја истакнаа важноста на економската интеграција во ЕУ, како начин за забрзување на развојот на Западен Балкан и приближување на регионот до стандардите на ЕУ. Претставниците на двете централни банки зборуваа за улогата на Европската Унија во поддршката на регионалниот развој, како финансиската, така и преку споделување искуства и знаења. Во однос на ова, вредно е да се спомене и соработката помеѓу Народната банка и централната банка на Австрија, во рамките на Втората фаза од Регионалната програма за зајакнување на капацитетите на централните банки на Западен Балкан, финансирана од ЕУ. Во изминатиот период преку проектот, експертите од Австриската централна банка ги споделија своите знаења во областа на управувањето со податоците со дел од вработените од Дирекцијата за статистика и Секторот за информатичка технологија во Народната банка. Соработката ќе придонесе за зајакнување на институционалниот капацитет и ќе биде корисна насока во преземањето натамошни чекори за спроведување на управувањето со податоците на ниво на Народната банка.

Тема на разговор беа и продуктивноста и конкурентноста, односно потребите за конвергенција на економскиот раст на Западниот Балкан кон оној на земјите од ЕУ. И покрај присутниот напредок, предизвици сѐ уште има, особено поради релативно пониското ниво на продуктивноста и бавното приближување кон развиените економии од ЕУ. Овие поместувања во продуктивноста, при истовремен динамичен раст на платите доведува до пораст на трошоците за труд и може да делува врз конкурентноста на економијата. Во овој контекст, предмет на дискусија беа движењата на пазарот на трудот и нивното влијание врз монетарната политика, како предизвик за централните банки, во време кога сѐ уште постојат ризици за инфлацијата.

Претставниците на двете централни банки изразија подготвеност за понатамошно продлабочување на соработката и поддршка во евроинтеграцискиот процес на земјава.

Банки

Комерцијална банка повторно златен спонзор на Скопскиот маратон

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје и годинава е златен спонзор на Скопскиот маратон, еден од најголемите спортски настани во главниот град.

Банката најави посебна КБ зона, каде учесниците и посетителите ќе можат да уживаат во дополнителни содржини, добра атмосфера и изненадувања и по завршувањето на трките.

Посебно внимание е насочено кон трката „Комерцијална банка 5 км“, за која се предвидени награди за најуспешните натпреварувачи. Првите три места во машка и во женска конкуренција ќе добијат награди во форма на подарок-картички.

Од Комерцијална банка ги повикаа учесниците и навивачите да ја посетат КБ зоната и да бидат дел од атмосферата на Скопскиот маратон.

Продолжи со читање

Банки

АЛТА банка денеска ги исплати пензиите

Објавено

на

АЛТА банка АД Битола ги информира своите клиенти пензионери дека исплатата на пензиите ќе е извршена денеска, 29 септември 2026 година.

Средствата ќе бидат префрлени на трансакциските сметки на корисниците и ќе бидат достапни за користење преку банкоматите и експозитурите на Банката.

Со тоа, пензионерите кои својата пензија ја примаат преку АЛТА банка ќе можат да располагаат со средствата во текот на денешниот ден.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка: Времето може да има значајна улога во долгорочното инвестирање

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје, во соработка со НЛБ Фондови АД Скопје, го истакнува значењето на долгорочното и редовното вложување како еден од пристапите за постепено градење на вредноста на инвестициите.

„Износот е ист. Времето прави разлика“, порачуваат од Банката, посочувајќи дека редовните месечни вложувања во подолг временски период можат да имаат значајна улога во акумулирањето на инвестициската вредност.

Од НЛБ упатуваат заинтересираните граѓани да се информираат за можностите за долгорочно вложување преку НЛБ Фондови АД Скопје, при што нагласуваат дека инвестирањето треба да се разгледува во согласност со личните финансиски цели, временскиот хоризонт и подготвеноста за преземање ризик.

Во рамки на актуелната понуда, инвеститорите можат да вложуваат без влезни провизии до 25 декември 2026 година.

Од НЛБ, сепак, нагласуваат дека сите презентирани пресметки се од информативен карактер. Приносите од инвестициските фондови не се гарантирани, а остварените резултати во минатото не претставуваат сигурен показател за идните приноси.

Редовното инвестирање на помали износи е пристап што им овозможува на инвеститорите постепено да градат инвестициско портфолио, без потреба од голема почетна сума. Во подолг период, должината на инвестирањето може да биде важен фактор за конечниот резултат, но вредноста на инвестицијата истовремено зависи и од движењата на финансиските пазари и од избраниот инвестициски фонд.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange