Банки
Ексклузивна соработка на Триглав осигурување Живот и Комерцијална банка – „Инвестициско осигурување на живот“ за безгрижна финансиска иднина
Понудата на современи и атрактивни финансиски производи на Комерцијална банка сега е збогатена со нов продукт – „Инвестициско осигурување на живот“.
Испланирајте ја својата финансиска иднина и остварете ги Вашите финансиски цели со помош на стручните совети од вработените во сите екпозитури и филијали на Банката.
„Инвестициско осигурување на живот“ е плод на соработката на Комерцијална банка со Триглав Осигурување Живот и со КБ Публикум инвест АД Скопје. Банката нуди полиса за животно осигурување од Триглав Осигурување Живот АД Скопје која вклучува можност за атрактивна заработка преку инвестирање во удели во инвестицискиот фонд КБ Публикум – Балансиран.
Ако активно размислувате за Вашата финансиска иднина, ние Ви нудиме атрактивни полиси согласно Вашите можности и очекувања:
- Инвестициско ризико осигурување и
- Инвестициско осигурување живот со двојно осигурена сума во случај на смрт
Изберете „Инвестициско осигурување на живот“ по Ваша желба и обезбедете загарантирана исплата на осигурената сума и на остварениот принос од Вашите инвестиции.
Дознајте повеќе и изберете го моделот кој најмногу одговара на Вашите потреби на следниот линк: https://kb.mk/osiguruvanje.nspx
Банки
НЛБ Банка со известување до своите клиенти: Личните податоци во видеото не потекнуваат од нашите системи
НЛБ Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека на социјалните мрежи се појави видео во кое се прикажуваат лични податоци кои се поврзуваат со НЛБ Банка.
По направената темелна анализа, се утврди дека овие податоци не потекнуваат од системите на Банката и нема нарушување на безбедноста на сервисите на Банката. Случајот е пријавен до сите надлежни институции за преземање на соодветни мерки.
Заштитата на информациите и средствата на клиентите е највисок приоритет на НЛБ Банка.
„Ги уверуваме нашите клиенти дека системите на Банката работат според најнапредните безбедносни стандарди и дека нивните податоци и финансиски средства се безбедни“, велат од НЛБ Банка.
Банки
ТТК Банка започна со исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита
ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека oд денес – 05.12.2024 година започна со исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита (сите парични права) за месец ноември 2024 година за корисниците кои ја примаат паричната помош на нивната платежна сметка во Банката.
Корисниците на Visa и Mastercard® дебитните картички можат да располагаат со средствата од денес – 05.12.2024 година, преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.
За корисниците кои не користат картички, исплатата да се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:
- 05.12.2024 – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ
- 06.12.2024– М, Н, Њ, О;П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш
ТТК Банка препорачува средствата да се користат првенствено со безготовински плаќањa во трговската мрежа, со плаќања преку интернет банкарство TTK E-bank или мобилната апликација TTK M-bank, или да се подигнуваат без провизија со дебитните картички преку мрежата на банкомати на ТТК Банка АД Скопје.
Банки
Бојан Стојаноски именуван за заменик-претседател на Македонската банкарска асоцијација
Македонската банкарска асоцијација со задоволство ја информира јавноста дека на 48. Седница на Собранието го именуваше г-дин Бојан Стојаноски за заменик-претседател на Асоцијацијата, со мандат од четири години.
Г-дин Стојаноски е истакнат банкарски професионалец со повеќе од 25 години искуство во банкарскиот сектор, од кои 15 години на раководни позиции. Тој е долгогодишен и активен член на Македонската банкарска асоцијација уште од нејзиното основање, при што се истакна со својот значаен придонес како претседавач на Комисијата за реструктурирање корпоративен долг.
Моментално, г-дин Стојаноски е Генерален директор за управување со ризици и член на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје, функција што ја извршува од март 2020 година. Неговото професионално портфолио вклучува и високи раководни позиции во Халк Банка АД – Скопје. Дополнително, тој бил член на Управниот одбор и втор Генерален директор на КБ Прво пензиско друштво АД – Скопје.
Македонската банкарска асоцијација e уверена дека неговото искуство, стручност и посветеност ќе донесат голем придонес во остварувањето на целите на Асоцијацијата.
Македонската банкарска асоцијација му честита на г-динот Стојаноски и му посакува многу успех на новата функција.
- Банкипред 2 недели
Шпаркасе Банка доби нов член на Надзорниот одбор
- Колумнипред 1 месец
Интервју во банка: Вашиот таен рецепт за успех!
- Банкипред 1 месец
Катерина Велиновски, Катерина Митровска и Павлина Симиџиоска Тодороска се најдобрите банкарски службеници од Стопанска банка АД – Скопје за 2024 година
- Банкипред 1 месец
Марија Даниловска, Зоран Митрески и Дејан Георгиевски се најдобрите банкарски службеници од Комерцијална банка за 2024 година
- Банкипред 13 часа
НЛБ Банка со известување до своите клиенти: Личните податоци во видеото не потекнуваат од нашите системи
- Вработувањепред 2 месеци
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 месеци
Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 11 октомври 2024 година
- Бизниспред 1 месец
Соња Грујевска и Андреј Андреевски се најдобрите службеници од КИБС за 2024 година