Connect with us

Банки

АЛТА БАНКА Белград ја зацврсти контролата врз АЛТА банка Битола – уделот достигна 95,25%

Објавено

на

АЛТА БАНКА АД Белград дополнително ја зацврсти својата сопственичка позиција во АЛТА банка АД Битола, откако се стекна со уште 56 обични акции од македонската банка.

По последната трансакција, белградската банка располага со вкупно 372.408 обични акции, односно со 95,2506 отсто од вкупниот број издадени обични акции на АЛТА банка АД Битола.

Информацијата е објавена во известување за промена кај акционер со значителен удел, согласно Правилата за котација на Македонската берза.

Известувањето е објавено врз основа на член 38 став 2 од Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје.

Банки

НЛБ Банка со промотивен депозит: Фиксна камата од 3,5% во денари и 2,6% во евра

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје ја промовира понудата за НЛБ Промотивниот депозит со рок на орочување од 25 месеци.

За депозитите во македонски денари фиксната каматна стапка изнесува 3,5%, додека за депозитите во евра изнесува 2,6%.

Промотивниот депозит е достапен преку мобилното банкарство мКлик, преку кое клиентите можат да ги орочат своите средства со однапред утврдена каматна стапка за целиот период.

Продолжи со читање

Банки

Чадиковски: Брзите и сигурни дигитални плаќања стануваат стандард, довербата останува клучна

Објавено

на

Дигитализацијата во банкарскиот сектор повеќе не е само прашање на технологија, туку пред сè на доверба, безбедност и подобро корисничко искуство. Ова беше една од главните пораки на панел-дискусијата „Digital First, Human Always: The Future of Customer-Centric Financial Services“, одржана во рамки на Finelevate Digital Summit 2026.

На панелот учествуваше и Киро Чадиковски, директор на Дирекцијата за банкарски картички и платежни сметки во Комерцијална банка, кој говореше за дигиталните плаќања, примената на вештачката интелигенција и улогата на банките во создавањето поквалитетно искуство за клиентите.

Според Чадиковски, брзите, едноставни и сигурни дигитални плаќања во следните години ќе станат стандардно очекување на клиентите, додека вредноста на банките сè повеќе ќе се темели на довербата, безбедноста и заштитата од измами.

„Вредноста на банката ќе биде во довербата, безбедноста, заштитата од измами и во способноста да понуди интегрирано и релевантно клиентско искуство. Вештачката интелигенција ќе придонесе за поперсонализирани и подостапни услуги, но човечкиот однос, советувањето и одговорноста остануваат незаменливи во важните финансиски одлуки“, истакна Чадиковски.

Тој нагласи дека дигиталната трансформација може да се смета за успешна кога истовремено ја поедноставува услугата и ја зајакнува довербата на клиентите.

Пораката од дискусијата е дека иднината на финансиските услуги ќе биде сè повеќе дигитална, но човечкиот однос и довербата ќе продолжат да имаат клучна улога во банкарството.

Продолжи со читање

Банки

EFSE обезбеди 5 милиони евра за NLB Сараево за поддршка на малите и средни бизниси

Објавено

на

NLB Банка Сараево доби финансиска линија од 5 милиони евра од Европскиот фонд за Југоисточна Европа (EFSE), наменета истовремено за зајакнување на регулаторната капитална позиција на банката и за поголема поддршка на микро, малите и средните претпријатија во Босна и Херцеговина.

Договорот беше потпишан на 16 септември во Мостар, а станува збор за MREL-квалификувачки финансиски инструмент. Според EFSE, средствата треба да ја зајакнат капиталната позиција и изворите на финансирање на NLB Сараево, да овозможат понатамошен раст на билансот и да создадат простор за зголемено кредитирање на микро, малите и средните компании во Федерацијата БиХ.

Овој тип финансирање е специфичен бидејќи не претставува само класична кредитна линија за натамошно пласирање средства. Инструментот ги исполнува барањата за MREL – минимално ниво на сопствени средства и подобни обврски што банките треба да ги одржуваат за полесно да апсорбираат загуби во случај на финансиски проблеми.

Покрај финансиската линија, партнерството предвидува и техничка помош за унапредување на одржливоста и ESG активностите на банката. Посебна иницијатива ќе опфати 20 микро и мали компании предводени од жени, со поддршка за подобрување на нивната конкурентност преку дигитална инклузија.

Соработката меѓу EFSE и NLB Сараево трае речиси 18 години. Банката е дел од NLB Group, а според податоците за 2025 година располага со вкупна актива од околу 1,14 милијарди евра.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange