Бизнис
Димитриеска-Кочоска на Економскиот и финансиски дијалог ЕУ-партнери во Брисел

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денес во Брисел зема учество на вообичаениот годишен Економски и финансиски дијалог меѓу ЕУ и регионалните партнери. На овој настан присуствуваат претставници од државите членки на Унијата, како и од земјите од Западен Балкан, Грузија, Молдавија, Турција и Украина.
Економскиот и финансиски дијалог претставува секојгодишен собир на ЕУ и нејзините партнери, посветен на прашања од доменот на економската политика.
Овогодишниот, единаесетти по ред, Дијалог ќе се фокусира на зајакнување на конкурентноста на Европа во контекст на тековните геополитички случувања и потребата од олеснување на законската рамка за да се намали административниот товар врз компаниите.
Како што извести Министерството за финансии, Димитриеска-Кочоска ќе се задржи на реформите кои македонската Влада ги презема во насока на подобрување на конкурентноста на економијата, со крајна цел да се забрза економскиот раст.
Покрај министрите за финансии и гувернерите на централните банки на членките на ЕУ и на земјите партнери, на Економскиот и финансиски дијалог учествуваат и претставници на Европската комисија, Европската централна банка и на Европската инвестициска банка.
Предвидено е на состанокот да бидат усвоени заеднички заклучоци, кои во идниот период ќе бидат основа за креирање на политиките и спроведување на реформите на патот на земјата кон целосна евроинтеграција.
Дијалогот ќе се одржи пред седницата на Советот за економски и финансиски работи на ЕУ, на кој главни теми ќе бидат правилата за ДДВ за увезената стока, предлозите за измени на регулативата за финансиски услуги и нејзината имплементација, предизвиците поврзани со руската агресија врз Украина и Механизмот за закрепнување и отпорност на Г20.
Дополнително, европските министри ќе разменат мислења за иницијативата за создавање на Унија за штедење и инвестиции, а ќе одржат и политичка дебата за програмата „Безбедносна акција за Европа“ (САФЕ).
Бизнис
УЈП со рекордна наплата во јули: Наплатени 37,4 милиони евра повеќе од лани!

Управата за јавни приходи соопшти дека во јули е остварен значителен раст на наплатата по основ на даноци и социјални придонеси за речиси 37,4 милиони евра во споредба со истиот период лани.
“Вкупната наплата од даноци (данок на додадена вредност (ДДВ), данок на личен доход (ДЛД) и данок на добивка ДД) изнесува 14.344 милиони денари, односно приближно 233 милиони евра, што претставува рекордна месечна наплата досега. По тој основ остварен е раст од 922 милиони денари или околу 15 милиони евра, што е раст од 6,9 проценти во однос на јули 2024 година. Раст од 13,4% се бележи и кај социјалните придонеси, и по тој основ наплатени се 11.823 милиони денари (192,2 милиони евра), што е за 1.400 милиони денари (околу 23 милиони евра) повеќе наплатени средства од придонеси во споредба со истиот месец минатата година“ , велат од УЈП.
Додаваат дека растот на приходите не е случаен и дека е резултат на зголемена економска активност, посветена работа, партнерство и доверба со даночните обврзници.
“Во изминатиот период, а во согласност со законските надлежности, УЈП презеде низа мерки и е во постојан контакт со даночните обврзници и нивните овластени сметководители кои имаат пријавен, но ненаплатен долг за соодветниот даночен период. Целта е навремено подмирување на обврските и избегнување на блокада на сметки и дополнителни трошоци за присилна наплата. Во рамки на превентивните мерки, доставени се персонализирани пораки и известувања до обврзниците, со јасна порака за доброволно усогласување. Придобивката од овој пристап е јасна: се овозможува финансиска стабилност кај обврзниците, се избегнуваат санкции и се гради одржлива даночна историја, што директно придонесува за стабилни јавни финансии и позитивна деловна клима”, велат од УЈП.
Бизнис
Трамп повторно го нападна шефот на ФЕД: Џером Пауел е премногу политички настроен и ја чини земјата трилиони долари!

Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно јавно го нападна актуелниот претседател на Федералните резерви (ФЕД), Џером Пауел, обвинувајќи го за лошо управување со монетарната политика и политичка пристрасност која ја чини американската економија трилиони долари.
Во објава на својата социјална платформа Truth Social, Трамп напиша: „Џером ‘Предоцна’ Пауел го направи тоа повторно! Тој е ‘предоцна’, и всушност, премногу лут, премногу глупав и премногу политички настроен за да биде претседател на Федералните резерви. Тој ја чини нашата земја трилиони долари“

Трамп го обвини Пауел дека САД ги загубиле трилиони долари поради неговото доцнење со одлуките за каматните стапки, додавајќи и критика кон, како што ја нарече, „една од најнеспособните или најкорумпираните реконструкции на згради во историјата на градежништвото“.
Затегнат односи и политички притисоци врз монетарната политика
Откако Џером Пауел беше назначен за претседател на ФЕД во 2018 година токму од страна на Трамп, нивниот однос често беше обележан со тензии, особено во периоди кога ФЕД одбиваше да ги намали каматните стапки според барањата на Белата куќа. Иако Пауел беше реименуван од претседателот Бајден, неговата независност и натаму е мета на критики од одредени политички кругови.
Импликации за пазарите и инвеститорите
Иако ваквите изјави од американскиот претседател Доналд Трамп се чести во политичката арена, тие можат да предизвикаат несигурност на финансиските пазари, особено ако се доведе во прашање независноста на Федералните резерви која е клучен столб за стабилноста на американската монетарна политика.
Бизнис
Македонски Телеком продолжува со раст и инвестиции и во првите шест месеци на 2025 година

Македонски Телеком ja заврши првата половина на 2025 година со финансиски раст и инвестиции во развојот на инфраструктурата што е клучно за дигиталната трансформација на општеството. Продолжува трендот на раст во сите сегменти, зголемување на бројот на корисници, ширење на мрежата и фокус на најдоброто корисничко искуство.
Вкупните капитални инвестиции (CAPEX) на крајот од првите шест месеци од 2025 година изнесуваат 1.165милиони денари, наспроти 721 милион денари на крајот од истиот период од минатата година. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 2,7 проценти споредено со минатата година, а нето добивката бележи раст од 3,8 проценти. И приходите од продажба на крајот од првите шест месеци од 2025 година се зголемени за 0,6%.
Нашата посветеност на креирање и спроведување паметни решенија доведе до зголемување на приходите од системската ИТ интеграција за дури 56,8 проценти.
Најдобра и најбрза мрежа во Македонија
Македонски Телеком повторно ја освои престижнатаOokla® награда за најдобра мрежа. Резултатите од мерењата покажаа најголема брзина на мобилната и фиксната мрежа и најдобра мобилна мрежа во првата половина на 2025 година. Супериорноста на мрежата е резултат на долгорочно и стратешко инвестирање за ширење и модернизација на мрежата и развој на нови технологии. Нашата 5G мрежа е достапна за 97% од населението во Македонија со гигабитни брзини во речиси сите градови во државата. Бројките го потврдуваат лидерството и во делот на оптичката инфраструктура со која покриваме 60% од домаќинствата или 354 илјади пристапи до оптика што е речиси двојно повеќе во споредба со сите останати оператори на пазарот заедно и 7,4 проценти повеќе споредено со истиот период од претходната година.
Раст на базата на корисници и лидерство
Нашата посветеност да обезбедиме супериорно корисничко искуство донесе зголемување на бројот на корисници и лидерство во сите сегменти.
Бројот на корисници на широкопојасен интернет е зголемен за 3,9 проценти и изнесува 221,2 илјади, а вкупниот број на интернет пристапи порасна за 3,8 проценти. Во мобилните комуникации, базата на корисници е стабилна со 1,27 милиони. Во фиксната телефонија, останавме на водечката позиција со 235илјади корисници. На ТВ пазарот остануваме на лидерската позиција со удел од 37 проценти. Новата генерација дигитална телевизија – MagentaTV е одлично прифатена што донесе и раст од 7,1 проценти или 164 илјади корисници.
Со првата дигитална програма за наградување и поволности за корисниците – Magenta Moments, достигнавме 318 000 корисници. Според TRI*M индексот за мерење на задоволството на корисниците, ние сме број 1 телекомуникациски бренд во Македонија.
Зголемување на заработката по акција и на дивидендата
Успешните резултати на компанијата доведуваат и до повисока заработка по акција како и дивиденда за акционерите.
Заработката по акција за 2024 година бележи раст од 7,7%. Бруто износот на дивидендата по акција за 2024 година е зголемен за 7,7% во споредба со исплатената дивиденда по акција за 2023 година.
Ова е потврда дека нашата стратегија и технолошко визионерство одат во вистинската насока и се препознаени од корисниците.
-
Банкипред 2 месеци
Стопанска банка АД – Скопје назначи нов Генерален директор за финансии и член на Управниот одбор
-
Продуктипред 4 недели
Apple Pay доаѓа во Македонија: Подготовките се во тек, стартот се очекува наесен
-
Банкипред 4 недели
Оставка на член на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје
-
Банкипред 3 недели
Промени во составот на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
-
Банкипред 2 недели
Промени во Надзорниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје – кој е новиот член што носи меѓународно искуство и визија за финансискиот развој на Банката!?
-
Останатопред 1 месец
Промени во Надзорниот одбор на ПроКредит Банка АД Скопје
-
Банкипред 3 недели
Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје со одлуки за промени во составот и бројот на членовите на Управниот одбор
-
Фондовипред 1 месец
Промени во Надзорниот одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје