Connect with us
no baners

Продукти

Супер камати за супер брзите бизнис кредити од УНИБанка!

Објавено

на

Добрите бизнис планови заслужуваат брза поддршка и супер бизнис кредити какви што се кредитите на УНИБанка АД Скопје. Од големо значење за деловните корисници е ако кредитите се со поволна и атрактивна каматна стапка, без трошоци за обработка и можност за флексибилно искористување на средствата согласно потребите на бизнисот.

Супер брзиот кредит е со износ до 30.000 евра, со каматна стапка од 6,40% која е фиксна првата година, без трошоци за обработка на барањето, како и можност за грејс период од 6 месеци.

Не се бара заложување на имот и  рокот на доспевање е дури до 5 години. Наведените карактеристики го прават атрактивен за сите бизнис потреби.

За оние кои имаат потреба од поголем износ на средства, УНИБанка АД Скопје нудипосебен продукт до 100.000 евра, со хипотека, со атрактивна камата од само 4,90%. Истиот е со рок на отплата до 10 години и без трошоци за одобрување. Постои можност за грејс период до 12 месеци, флексибилна намена, за инвестиции и за обртни средства.

УНИБанка АД Скопје и во иднина ќе го следи пулсот на бизнис заедницата и благодарение на неа многу деловни субјекти ќе имаат можност да го унапредат својот бизнис и да реализираат инвестиции.

Банката има значаен придонес кон развојот на локалната економија преку поддршка на бизнисите.

ПР објава

no baners
no baners

Продукти

iute Macedonia со 54% попуст на POWERHEALTH трака за трчање преку iuteMarket

Објавено

на

iute Macedonia објави нова понуда преку платформата iuteMarket, во рамки на која POWERHEALTH трака за трчање е достапна со 54% попуст.

Како што информира компанијата, станува збор за практично решение за домашен тренинг, наменето за корисници кои сакаат да ја одржуваат својата фитнес рутина без посета на теретана.

Промотивната цена на траката изнесува 22.999 денари, а достапна е и можност за плаќање на рати, при што наведениот износ на рата е 5.750 денари.

Купувањето може да се реализира преку iuteMarket во рамки на Myiute апликацијата.

Со оваа понуда, iute Macedonia продолжува да ја проширува достапноста на производи преку својата дигитална платформа, овозможувајќи им на корисниците поедноставен пристап до купување и финансирање преку мобилната апликација.

Продолжи со читање

Банки

НОВО: Повисоки каматни стапки за штедење во Комерцијална банка

Објавено

на

Комерцијална банка од 1 октомври ги зголеми фиксните каматни стапки за орочено штедење во денари и евра, со што на штедачите им нуди повисок гарантиран принос во рамки на новата промотивна понуда.

Промотивниот период трае од 1 октомври до 31 декември 2026 година, а највисоката фиксна каматна стапка достигнува 3,60%.

Кај денарските депозити, за рок на орочување од 25 месеци фиксната каматна стапка изнесува 2,90%, додека за 40 месеци достигнува 3,60%.

За депозитите во евра, фиксната каматна стапка за 25 месеци изнесува 1,70%, а за орочување на 40 месеци 2,30%.

Со новата понуда, штедачите имаат можност однапред да го знаат фиксниот принос за периодот на орочување, што овозможува полесно финансиско планирање.

Од Банката посочуваат дека понудата е дел од активностите поврзани со Месецот на штедењето, период во кој традиционално се промовира значењето на долгорочното и одговорно управување со личните финансии.

Повеќе информации за новите орочени депозити се достапни на веб-страницата kb.mk, како и во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка.

Продолжи со читање

Банки

Промоцијата продолжува – Станбен кредит од Комерцијална банка без трошоци за одобрување и процена до 31 декември

Објавено

на

Комерцијална банка ја продолжува промоцијата за станбениот кредит, овозможувајќи им на клиентите до 31 декември 2026 година да аплицираат за кредит без трошоци за одобрување и процена на имотот.

Во рамки на промотивната понуда, станбениот кредит се одобрува со фиксна годишна каматна стапка од 3% за првите пет години, со рок на отплата до 30 години и можност за грејс-период до 12 месеци.

Кредитот може да се користи за купување, изградба, доградба или реконструкција на стан, куќа или деловен простор, како и за купување градежно земјиште или недвижен имот во странство.

За дополнителна финансиска сигурност, клиентите имаат можност да го комбинираат кредитот со животно осигурување од Триглав Осигурување Живот АД Скопје.

Со продолжувањето на промотивниот период, Комерцијална банка им овозможува на заинтересираните клиенти да ги намалат почетните трошоци поврзани со реализацијата на станбениот кредит и полесно да го реализираат планот за нов дом.

Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање се достапни на веб-страницата на Комерцијална банка или во најблиската експозитура на Банката.

Продолжи со читање
no baners

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange