Connect with us
no baners

Банки

Капитал банка АД Скопје нуди промотивен потрошувачки кредит со поволни услови

Објавено

на

Капитал банка АД Скопје нуди промотивен потрошувачки кредит со поволни услови, наменет за граѓаните кои сакаат да ги реализираат своите планови и идеи.

Кредитот се одобрува со фиксна каматна стапка од 5,5% во евра, со можност за износ до 32.500 евра и рок на отплата до 84 месеци, што овозможува флексибилност и стабилност при отплатата.

Од банката посочуваат дека вистинската поддршка е клучна за претворање на идеите во реалност, нагласувајќи дека ваквите финансиски производи се создадени токму за да им помогнат на клиентите во вистинскиот момент.

Заинтересираните можат да се информираат во најблиската експозитура или да стапат во контакт преку телефонскиот број 02/3102-500, како и преку официјалниот линк за локации на експозитури.

Со оваа понуда, Капитал банка продолжува да нуди достапни финансиски решенија прилагодени на потребите на клиентите.

Анализи

ЕЦБ предупредува: Геополитичките ризици ја загрозуваат стабилноста на европските банки

Објавено

на

Европската централна банка предупредува дека растечките геополитички тензии претставуваат сериозен ризик за стабилноста на европскиот банкарски сектор, оценувајќи дека финансиските пазари во моментов недоволно ги вградуваат овие ризици во цените на имотот, што може да доведе до нагли и болни распродажби.

Главната супервизорка на Европската централна банка, Клаудија Бух, во годишниот извештај за банкарски надзор истакна дека сега не е време за олабавување на регулативите, туку за зачувување на постојните заштитни механизми. Таа нагласи дека одржувањето на строгите правила е клучно во услови на зголемени геополитички тензии и предупреди дека нивно слабеење или фрагментација може да ја намали способноста на банките да се справат со финансиски шокови.

Во споредба со САД, каде што веќе речиси една година постепено се ублажуваат банкарските правила, европските регулатори се соочуваат со предизвик да обезбедат конкурентност без да ја загрозат стабилноста. Според Бух, евентуална „трка“ кон поблаги регулативи би ја зголемила ранливоста на финансискиот систем на долг рок.

Иако акциите на банките забележаа пад поради тензиите меѓу САД и Иран, пазарните реакции засега остануваат релативно стабилни, слично како и во периодот на минатогодишната неизвесност поврзана со трговските конфликти и глобалните ризици.

Од Европската централна банка оценуваат дека европските банки во моментов се добро капитализирани и располагаат со соодветни заштитни слоеви. Сепак, Бух предупредува дека високото ниво на неизвесност сè уште не е целосно одразено во пазарните индикатори за финансиски стрес, што може да предизвика ненадејна ревалоризација на ризиците.

Неочекуваните шокови, како што се посочува, би можеле брзо да се прошират низ целиот финансиски систем, поттикнати од комбинацијата на геополитички тензии, пренапумпани пазарни вреднувања, зголемена поврзаност меѓу банките и нетрадиционалните финансиски институции, како и нагли промени во расположението на инвеститорите.

За таа цел, Европската централна банка ја постави зајакнатата отпорност на банките како еден од главните приоритети за оваа година. Во наредниот период, најголемите европски банки ќе бидат подложени на дополнителни тестирања со цел да се обезбеди стабилноста на системот и подготвеноста за справување со потенцијални кризни сценарија.

Продолжи со читање

Банки

Преку спорт и партнерство, НЛБ Банка и Специјална Олимпијада продолжуваат со заедничка мисија да градат општество базирано на поддршка, еднаквост и заедништво

Објавено

на

НЛБ Банка и Специјална Олимпијада ја продолжуваат својата долгогодишна соработка, насочена кон промоција на инклузијата и еднаквите можности.

Во рамки на 16-тите интерни спортски игри на НЛБ Банка беше одигран пријателски кошаркарски натпревар, кој помина во позитивна атмосфера, исполнета со тимски дух, фер-плеј и взаемна поддршка. Настанот уште еднаш ја потврди посветеноста на двете организации кон градење партнерство што се развива и надвор од спортските терени.

На настанот присуствуваа претседателот на Управниот одбор, Тони Стојановски, членовите на Управата на НЛБ Банка, како и Моника Бошковска, претседател на Специјалната Олимпијада, кои во неформална атмосфера разменија мислења и ја потврдија заедничката подготвеност и ентузијазам за продолжување и продлабочување на соработката и оваа година.

Повеќегодишната соработка и партнерство со Специјалната Олимпијада претставува важен и значаен дел од активностите на НЛБ Банка во областа на општествената одговорност, со фокус на иницијативи што поттикнуваат инклузија, еднакви можности и создаваат долгорочна вредност за заедницата.

Во духот на настанот, резултатот беше во втор план – бидејќи кога се игра со срце, победата е заедничка.

Продолжи со читање

Банки

Капитал банка вработува експерт за поддршка на население

Објавено

на

Капитал банка АД Скопје објави оглас за вработување на позицијата експерт за поддршка на население, со цел проширување на својот тим и унапредување на услугите кон физичките лица.

Од банката истакнуваат дека нудат работа во средина со високи етички вредности, доверба и можности за личен и професионален развој, како и флексибилно работно време и континуирана едукација. Воедно, вработените ќе бидат дел од процесите на дигитализација и трансформација на банкарските услуги.

Работната позиција вклучува информирање и советување на клиентите физички лица за банкарски производи и услуги, како и активна продажба на сметки, кредити, картички и дигитални решенија. Кандидатот ќе биде задолжен за следење на задоволството на клиентите, подготовка и обработка на документација, како и идентификување на нивните финансиски потреби и нудење соодветни решенија.

Дополнително, позицијата подразбира управување со клиентско портфолио, одржување долгорочни односи и организација на активности на терен, вклучително состаноци и презентации.

Како услови за аплицирање се наведуваат високо образование од економска, финансиска или сродна област, како и најмалку една до две години искуство во работа со клиенти во банкарски или финансиски сектор. Пожелно е кандидатите да имаат искуство во продажба на банкарски производи и административна обработка на документација.

Се бараат кандидати со развиени организациски и комуникациски вештини, одлично познавање на англиски јазик и возачка дозвола од Б категорија.

Капитал банка, како што наведуваат од институцијата, континуирано инвестира во развој на кадарот и нуди можности за професионален напредок, работа во тимска атмосфера и средина во која резултатите се препознаваат и вреднуваат.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange