Криптовалути
БРИКС лансира нов платен систем: Трансакции без вклученост на американскиот долар, нова глобална финансиска реалност!?
Групацијата БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка) активно работи на развој на нова меѓународна платформа за плаќања која ќе функционира без употреба на американскиот долар. Според најавите, овој потег може да предизвика темелна промена во глобалната финансиска архитектура и да го редефинира начинот на кој државите вршат прекугранични трансакции.
Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, потврди дека новиот платен систем е дел од пошироката стратегија на БРИКС за зајакнување на економската автономија и намалување на зависноста од западните финансиски институции. Новиот механизам ќе овозможи трговија со локални валути, без вклучување на доларот, а се очекува да биде достапен и за земји кои не се членки на БРИКС.
„Постојат повеќе иницијативи што се разгледуваат во рамки на БРИКС. Една од иницијативите е предлогот на Бразил за создавање алтернативна платформа за плаќање која веќе е во фаза на разработка. Ќе биде отворена и за други држави надвор од БРИКС, а нема да зависи од постоечките системи како што е SWIFT“, изјави Лавров.

Како пример на постоечка алтернатива, Лавров го спомена рускиот систем за финансиска размена на пораки, кој успешно функционира како замена за SWIFT во одредени трансакции.
„Постои можност за создавање платформи за плаќање кои се независни од надворешно влијание. Еден таков пример е системот за финансиска размена на пораки на Руската централна банка. Тој е ефикасен и функционира без потпирање на SWIFT“, заклучи Лавров.
Ако овој систем биде имплементиран и широко прифатен, би можел да предизвика суштински трансформации во меѓународната трговија и геоекономската рамнотежа, со потенцијал да ја намали глобалната доминација на доларот.
Криптовалути
Русија усвои сеопфатен закон за регулирање на криптовалутите
Руската Државна дума го усвои првиот сеопфатен закон за регулирање на пазарот на криптовалути, со кој се овозможува тргување со дигитални средства преку лиценцирани посредници.
Употребата на биткоин и на други криптовалути за плаќање стоки и услуги во Русија, сепак, и натаму ќе биде забранета, а рубљата останува единственото законско платежно средство во земјата.
Поголемиот дел од одредбите треба да стапат во сила на 1 септември 2026 година. Законот предвидува воспоставување регистар на лиценцирани криптоберзи, брокери и други даватели на услуги, додека надзорот над пазарот ќе го врши Централната банка на Русија.
Новата регулатива ја задржува можноста криптовалутите да се користат во одредени меѓународни трансакции. Тоа би можело да им го олесни прекуграничното плаќање на руските компании во услови на западни санкции.
Малите инвеститори ќе можат да ги купуваат најликвидните криптовалути преку овластени посредници, со годишно ограничување од 300.000 рубљи кај секој посредник. Квалификуваните инвеститори ќе имаат значително пошироки можности за тргување.
Со законот Русија продолжува да го формализира пазарот на дигитални средства, но ја задржува строгата контрола врз нивната употреба во домашниот платен промет, објави „Коинпејпер“.
Криптовалути
Биткоинот би можел да падне до 38.000 долари пред нов циклус на закрепнување
Биткоинот можеби сè уште не го достигнал дното на актуелниот пазарен циклус, оценува инвестициската компанија NYDIG во својот извештај за вториот квартал. Според анализата, сегашната корекција сè повеќе наликува на големите падови од 2014, 2018 и 2022 година, што отвора можност цената да се спушти до 38.000–39.000 долари пред да започне ново закрепнување.
Во првата половина од годината, биткоинот загуби 32,9 проценти од вредноста, вклучително и пад од 13,4 проценти во вториот квартал. Тоа се случи во период кога традиционалните финансиски пазари остварија силни резултати – технолошките акции пораснаа за 43,5 проценти, а индексот Nasdaq 100 за 27,7 проценти.
Според NYDIG, слабоста на биткоинот не е последица на поширока распродажба на финансиските пазари, туку на фактори специфични за крипто-индустријата, како што се слабата побарувачка на спот-пазарот, зголемената употреба на финансиски левериџ и промените во однесувањето на институционалните инвеститори.
Компанијата посочува дека биткоинот веќе изгубил речиси половина од вредноста во однос на рекордното ниво од околу 126.000 долари, достигнато во октомври 2025 година.
Дополнителен фактор на неизвесност е и промената во стратегијата на компанијата Strategy (поранешен MicroStrategy), која воведе механизам што ѝ овозможува продажба на дел од своите биткоини. Според NYDIG, тоа го менува досегашниот став дека компанијата исклучиво акумулира криптовалута.
Во вториот квартал американските спот ETF фондови поврзани со биткоин забележале нето-одлив од околу 4,9 милијарди долари. Најголеми повлекувања на средства имало од фондовите на BlackRock, Grayscale и Fidelity, додека новиот ETF на Morgan Stanley бил исклучок со прилив од околу 365 милиони долари.
Во исто време, NYDIG предупредува дека левериџот на пазарот расте побрзо од реалната побарувачка. Отворените позиции на фјучерс-пазарот продолжуваат да се зголемуваат, а пазарната капитализација на стабилните криптовалути е намалена за околу 11 милијарди долари, што укажува на одлив на свеж капитал од крипто-секторот.
Компанијата наведува дека понатамошното движење на биткоинот ќе зависи од повеќе фактори, меѓу кои се евентуални регулаторни одлуки во САД, монетарната политика на Федералните резерви, геополитичките тензии на Блискиот Исток и развојот на квантните технологии, кои на подолг рок би можеле да бараат дополнителни безбедносни надградби на биткоин мрежата.
Берза
Финансиската декларација на Трамп откри: Над 21.000 берзански трансакции за една година
Американскиот претседател Доналд Трамп во период од една година реализирал повеќе од 21.000 трансакции со акции и други хартии од вредност, покажува анализата на германскиот магазин „Шпигел“, изработена врз основа на неговата 900-странична финансиска декларација.
Според анализата, трансакциите биле извршени преку осум инвестициски сметки. Вкупната вредност на купувањата се проценува на меѓу 461 милион и 1,4 милијарди американски долари, додека продажбите изнесуваат меѓу 138 милиони и 433 милиони долари.
За споредба, поранешниот американски претседател Џо Бајден во текот на целиот четиригодишен мандат пријавил само 13 трансакции со хартии од вредност.
Еден од најактивните денови бил 8 април 2025 година, кога биле реализирани 327 купувања, меѓу кои и акции на компаниите Apple и Nvidia, непосредно по најавата за нови американски царини што предизвикаа пад на берзанските индекси.
„Шпигел“ нагласува дека нема докази кои би укажале на поврзаност меѓу инвестиционите активности и политичките одлуки на Трамп. Од Белата куќа соопштија дека инвестициските сметки ги управуваат независни финансиски институции, без директно учество на претседателот.
Финансиската декларација покажува и дека Трамп остварил значителни приходи од криптовалути, дивиденди, недвижности и други инвестициски средства.
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Нина Ангеловска Станков: Во политиката аргументот не е крај на разговорот – туку негов почеток
-
Интервјуапред 2 месеци„Ништо случајно“: Нина Ангеловска за бизнисот, животните лекции и патот кој ја обликувал нејзината кариера
-
Интервјуапред 2 месециФиломена Пљакоска Аспровска во FinSight: Дали мобилниот телефон ќе стане нашиот единствен паричник?
-
Банкипред 2 месециНовата Централа на Стопанска банка – прва LEED Gold сертифицирана зграда во земјата
-
Банкипред 2 месециНа музиката ѝ е место и меѓу банкарските шалтери – Young Dadi со ексклузивен popup настап за клиентите на Халкбанк
-
Бизниспред 2 месециОд полноќ нови цени на горивата: Бензините поевтинија, дизелот поскапе
-
Интервјуапред 1 месецДигитализацијата и довербата се двигатели на новото банкарство – Беркан Имери во FinSight
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка ги промовира Visa Business картичките за поефикасно деловно работење



