Connect with us

Останато

Балкан Економик Форум годинава ќе се одржи во Загреб

Објавено

на

Балкан Економик Форум – БЕФ годинава ќе се одржи на 18 октомври во хотелот Еспланада во Загреб, под главно покровителство на Central European Initiative (CEI) кои БЕФ 2024 го именуваа како свој flagship настан во годината.

Претседателот на БЕФ, г-дин Сашо Ќосев во пресрет на новото издание изјави: “Овогодинешниот форум ќе ги собере лидерите и иноваторите од Балканот и Европа за да разменат информации, искуства и препораки за справување со регионалните економски предизвици и промовирање на одржлив раст. Фокусирајќи се на стимулирање на зелениот раст и транзиција, BEF 2024 ќе содржи четири панели: Циркуларна економија; Иновации и претприемништво; Отпорност кон климатски промени и Чиста енергија. На конференцијата учествуваат врвни експерти од своите области од 12 земји членки на Централноевропската иницијатива.”

Крајна цел на Здружението за регионален развој Балкан економик форум е да стане регионална платформа каде експертите, професионалците и лидерите од Балканот и светот, угледни личности од јавниот и приватниот сектор, академици, студенти, медиуми и други споделуваат идеи и предлози за најголемите економски предизвици кои треба да се решат и надминат во регионот на Балканот, давајќи ја на тој начин својата поддршка на напорите на владите на земјите од Балканот да постигнат одржливо влијание врз промоцијата на економскиот раст, регионалната соработка, мирот и безбедноста.

Повеќе информации, како и целосната агенда на овогодинешниот настан може да се погледнат на следниов ЛИНК.

Останато

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ЗГОЛЕМЕНА ЗА 9,8% – во септември изнесувала 41.585 денари

Објавено

на

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2024 година, изнесувала 41.585 денари и во однос на септември претходната година е зголемена за 9,8 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработенво секторите: Административни и помошни услужни дејности (12,6%), Преработувачка индустрија (11,7%) и Уметност,забава и рекреација (11,4%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (5,8%), Административни и помошни услужни дејности (5,0%) и Преработувачка индустрија (2,8%).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, пак, во септември 2024 година, изнесувала 62.573 денари.

Продолжи со читање

Останато

Министерката за финансии, Димитриеска Кочоска на настан „Фискалната политика на крстопат: Патот кон стабилност и одржливи јавни финансии“

Објавено

на

Во организација на Фискалниот Совет на Република Северна Македонија и Finance Think, денеска ќе се одржи настан „Фискалната политика на крстопат: Патот кон стабилност и одржливи јавни финансии“.

Како што е најавено од организаторите, на панелот „Фискалните правила и ефективна фискална политика“, ќе учествуваат министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска и претседателот на Фискалниот Совет на РСМ, Глигор Бишев.

Презентација на студијата „Фискална дисциплина и ефикасност на фискалните правила во Северна Македонија: патот кон одржливост“ ќе има Благица Петрески, извршна директорка на „Finance Think“ – Институт за економски истражувања и  политики.

Продолжи со читање

Останато

Црна Гора прва од Балканот стана дел од СЕПА зоната

Објавено

на

Црна Гора официјално стана дел од Единствената зона за плаќање во евра (SEPA), потврдувајќи го овој важен чекор за финансиската интеграција на земјата во Европската Унија. Преку успешното усогласување на националниот платен систем и регулативата со стандардите на ЕУ, Црна Гора стана првата земја од Западен Балкан која пристапува во СЕПА.

„Црна Гора, под водство на Централната банка на Црна Гора (ЦБЦГ), успешно ги усогласи националниот платен систем и регулативата со стандардите на Европската Унија (ЕУ), станувајќи првата земја од Западен Балкан која пристапува кон СЕПА“, се наведува во соопштението на Централната банка на Црна Гора (ЦБЦГ) и Европскиот совет за плаќања.

Овој потег ќе овозможи од април 2025 година, црногорските финансиски институции да започнат со испраќање и примање СЕПА кредитни трансфери, моментални трансфери и директни задолжувања со минимални или без никакви трошоци. Ова ќе ја поедностави и забрза размената на плаќања со земјите од Европската Унија, и ќе ги направи трансакциите поповолни за граѓаните и компаниите.

Гувернерката на Централната банка на Црна Гора, Ирина Радовиќ, изрази уверување дека ова е значаен чекор за финансиската интеграција на земјата со ЕУ, додека директорот на Европскиот совет за плаќања, Џорџо Андреоли, го оцени овој напредок како потврда на европската определба за унапредување на електронските плаќања во регионот.

Продолжи со читање

Популарно