Connect with us

Вработување

Активни огласи за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје

Објавено

на

Доколку имаш желба да бидеш дел од динамичен банкарски тим кој со отворен ум ги прифаќа секојдневните предизвици, имаш позитивен пристап во работата, покажуваш ентузијазам секогаш да бидеш најдобар во тоа што го работиш, имаш желба да учиш и да се развиваш преку организацијата и се трудиш да изнајдеш иновативни и креативни начини за реализација на задачите, а воедно ти е важно да работиш во средина во која се вреднува тимскиот дух и фер однесување, те охрабруваме да ни се придружиш и заедно со нас секојдневно да ги живееш нашите корпоративни вредности! – велат од Шпаркасе Банка.

Во моментов активни се 5 (пет) огласи за вработување во оваа финансиска институција.

САМОСТОЕН СОРАБОТНИК – СИСТЕМ АДМИНИСТРАТОР

САМОСТОЕН СОРАБОТНИК – ОДГОВОРЕН ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА СИГУРНОСНИ СТАНДАРДИ ВО ИТ

САМОСТОЕН СОРАБОТНИК – БИЗНИС АНАЛИТИЧАР

САМОСТОЕН СОРАБОТНИК – ПРОЕКТЕН МЕНАЏЕР

СОРАБОТНИК ЗА ОДНОСИ СО НАСЕЛЕНИЕ – ЕКСПОЗИТУРА ВЕЛЕС

Вработување

Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје е универзална банка – партнер за населението и за малите и средните претпријатија, којашто креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето долгорочно партнерство.

Банката има тековна потреба за вработување во Дирекција за деловна мрежа (Оддел за работа со население) и за таа цел, ТТК Банка АД Скопје објавува:

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛЕДНОТО РАБОТНО МЕСТО
Благајник во Експозитура Прилеп
(1 извршител)

Продолжи со читање

Вработување

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

Млади ентузијасти со или без работно искуство, НЛБ Банка ве мотивира да аплицирате на огласот за работа во експозитура Штип во Деловниот сектор за управување со продажна мрежа за следнава работна позиција:

Банкарски комерцијалист –благајник
Експозитура Штип

Улога во тимот:

  • Промовирање, понуда и продажба на банкарски продукти и услуги;
  • Континуирана грижа за клиентите и постојано унапредување на продажните процеси;
  • Проактивно привлекување нови клиенти и збогатување на клиентската мрежа на Банкатa;
  • Спроведување на благајнички и менувачки работи, платен промет, банкомaтско работење;

Потребни квалификации и компетенции:

  • Универзитетско образование или студенти на додипломски/ постдипломскки студии;
  • Претходно искуство со работа со готовина ќе се смета за предност;
  • Развиени комуникациски и продажни вештини, желба и ориентираност за работа со клиенти;
  • Агилност, организираност и проактивност во градење добра тимска атмосфера;
  • Познавање на основни ИТ алатки, познавање на англиски јазик.

Мотив да се придружите на НЛБ тимот:

  • Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
  • Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
  • Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
  • Позитивна организациска култура и слободни денови за различни пригоди;
  • Континуирано учество во групациски корпоративни проекти;
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци (вклучително приватно здравствено осигурување и трет пензиски фонд).

Потврди го твојот интерес со доставување на мотивациско писмо во кое ќе ги образложиш амбициите, мотивите и начините на придонес на наведеното работно место како и кратка биографија (CV) најдоцна до 20.10.2024 година на: [email protected] со назнака за Банкарски комерцијалист за Штип.

Продолжи со читање

Вработување

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје има потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција:

Раководител на експозитура Скопје

Продолжи со читање

Популарно