Останато
Започнува GrowBiz Стартап 2024 – Менторска програма за започнување на сопствен бизнис во Македонија
Невладината организација ЛинкАкрос продолжува и оваа година со програмата GrowBiz Стартап, за менторска поддршка на претприемачи кои сакаат да започнат свој бизнис во Македонија.
Програмата почнува со бесплатен настан за нови и потенцијални претприемачи кој ќе се одржи на 2ри април во Скопје на којшто говорници од САД и Македонија ќе споделат на темата „Од сон до успешен бизнис – 7 прашања што треба да ги одговорите за да избегнете неуспех“.
Клеј Бутемер, извршен директор на ЛинкАкрос изјави: „GrowBiz Стартап нуди уникатна можност за нови претприемачки во Македонија да добијат бизнис ментори од САД и Македонија кои ќе им помогнат да започнат успешен бизнис, бизнис што е пазарно-ориентирано и водено од позитивни вредности, бизнис што ќе создаде вистинска вредност и за претприемачот и за општеството.“
Оваа програма за прв пат започна во 2022 година, и преку неа повеќе од 35 претприемачи од Македонија и Албанија ја развиле својата бизнис идеја со помош на менторските тимови.
Подетални информации за програмата и линк за регистрација за бесплатниот настан „Од сон до успешен бизнис“ се достапни на веб страната https://growbiz.mk/od-son-do-uspesen-biznis.
Останато
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е стабилен, повратот на ДДВ кон фирмите зголемен за 4,7 отсто
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска изјави дека државниот буџет е стабилен и ликвиден, а сите обврски на државата редовно се сервисираат. Таа во интервју за ТВ Сител посочи дека до крајот на годинава не се планира ново издавање еврообврзница, бидејќи веќе се обезбедени средствата потребни за отплата на постојните долгови.
Според неа, финансирањето се одвива во согласност со проекциите предвидени во Буџетот за 2026 година. Таа нагласи дека се реализирани сите планирани активности за обезбедување средства за враќање на старите задолжувања, а во наредниот период фокусот ќе биде ставен на финансирање на буџетскиот дефицит.
Димитриеска-Кочоска потсети дека во јануари беше издадена еврообврзница со која беше рефинансирана еврообврзницата од 2020 година во износ од 700 милиони евра, која минатата недела е целосно исплатена. Дополнително, во текот на денот биле повлечени 260 милиони евра од кредит од странски банки, како и средства предвидени со Реформската агенда.
Таа оцени дека редовното сервисирање на долговите е клучно за финансиската стабилност на државата и предупреди дека доцнење во отплатата на обврските би претставувало сериозен ризик за секоја економија.
Министерката посочи дека јавниот долг и понатаму се движи околу 60 проценти од БДП и дека задолжувањето не е проблем доколку средствата се насочуваат кон проекти кои носат економска вредност и поттикнуваат раст.
Осврнувајќи се на економските показатели, Димитриеска-Кочоска истакна дека растот на бруто-домашниот производ во првиот квартал претставува потврда за позитивните економски движења и за зголемената активност во економијата. Како дополнителен показател ги наведе и инвестициите во приватниот сектор, како и двоцифрениот раст на кредитната активност.
Таа нагласи дека државата навремено ги подмирува обврските кон стопанството и дека заклучно со мај годинава повратот на ДДВ кон компаниите е зголемен за 4,7 проценти во споредба со истиот период лани.
„Буџетот е ликвиден и нема никакви проблеми во сервисирањето на обврските“, порача министерката за финансии.
Останато
Северна Македонија продаде едногодишни државни записи во вредност од 28,7 милиони евра
Министерството за финансии на Северна Македонија на аукција одржана на 2 јуни продаде едногодишни државни записи во вкупна вредност од 1,77 милијарди денари, односно околу 28,7 милиони евра.
Според официјалните податоци, целосно е реализиран понудениот износ, а истовремено и вкупната побарувачка била на исто ниво со понудата.
Државните записи доспеваат на 2 јуни 2027 година и носат годишна каматна стапка од 4,10 проценти.
Аукцијата беше спроведена преку Народната банка, која во име на Министерството за финансии ги продава државните хартии од вредност. Станува збор за тендер по обем, при што цената и каматната стапка се однапред утврдени, а примарните дилери доставуваат понуди само за износите што сакаат да ги купат.
На аукцијата биле понудени 1,767 милијарди денари, а истиот износ бил и продаден.
Ова е една од редовните аукции на државни хартии од вредност преку кои државата обезбедува средства за финансирање на буџетските потреби и управување со јавниот долг.
Бизнис
Трамп повторно ја разгорува трговската војна: Нови царини до 12,5% за ЕУ и уште 59 земји
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп предложи воведување нови увозни царини од 10 и 12,5 проценти за производи од 60 земји, вклучувајќи ја и Европската Унија, како дел од мерките за спречување на трговија поврзана со принудна работа.
Предлогот е поднесен од Канцеларијата на американскиот трговски претставник (USTR) во рамки на истрага за нефер трговски практики согласно Член 301 од американското трговско законодавство.
Според предлогот, царина од 10 проценти би се применувала за увоз од ЕУ, Велика Британија, Канада, Мексико, Тајван, Малезија, Бангладеш и други земји, додека за дополнителни 45 држави се предлага стапка од 12,5 проценти.
Од USTR посочуваат дека мерката има за цел да обезбеди поправедни услови за американските компании и работници, оценувајќи дека увозот на производи произведени со принудна работа создава нелојална конкуренција на американскиот пазар.
Истовремено, одредени категории производи ќе бидат изземени од новите царини, меѓу кои енергенси, ретки минерали, фармацевтски производи, органски хемикалии, делови за авиони, како и дел од земјоделските производи.
Новите трговски мерки доаѓаат во период на засилени глобални трговски тензии и би можеле дополнително да влијаат врз меѓународните синџири на снабдување, цените на производите и економските односи меѓу САД и нивните најголеми трговски партнери.
-
Продуктипред 2 месециИуте Македонија носи европски здравствен стандард – за првпат во земјава се воведува второ медицинско мислење
-
Останатопред 2 месеци
Управата за јавни приходи донесе стратешки документ со цел подобрување на усогласеноста
-
Продуктипред 1 месецУНИПлус флексибилна програма за лојалност на УНИБанка. Kористиш бројни бенефити, а не мора да ја префрлаш платата!
-
Кариерапред 2 месециКомерцијална банка вработува Помлад соработник за администрирање на кредити и гаранции (Back Office)
-
Банкипред 1 месец
Стопанска банка АД – Скопје со план за исплата на дивиденда од над 16 милиони евра
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Горан Ѓорѓиевски | Ценовен шок на хоризонтот: Од септември следува значително поскапување
-
Останатопред 2 месеци
Какво ќе биде работното време за Велигденските празници?
-
Бизниспред 1 месец
Македонски Телеком предлага повисока дивиденда за 2025 година


