Банки
Главниот оперативен директор на Комерцијална банка го зголеми својот удел во банката со нови 100 акции

Главниот оперативен директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје, Илија Илоски го зголеми својот удел и се стекна со 100 акции од Банката.
„Комерцијална банка АД Скопје известува дека г-дин Илија Илоски, Главен оперативен директор и Член на Управниот одбор, се стекна со 100 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје”, се вели во соопштението објавено на Македонска берза.
Согласно пресметките на Банкарство, просечната вредност по акција на Комерцијална банка на ден 09.02.2024 година кога е објавена информацијата, а согласно податоците од Македонска берза изнесувала околу 16.000,00 денари, што значи дека блок трансакцијата за 100 обични акции изнесувала околу 1.600.000,00 денари или приближно 26.000 евра.
Дека овој период е погоден за инвестирање во Комерцијална банка АД Скопје покажува податокот дека пред неколку денови идентичен број на акции купи и главниот директор за корпоративно банкарство и член на УО, Билјана Максимовска – Поповиќ, а неколку месеци претходно и главниот директор за продажба и развој и член на УО, Д-р Никола Џамбазовски купи 120 обични акции од Комерцијална банка.
Со купувањето на акциите, членови на менаџментот на Комерцијална банка АД Скопје не само што покажуваат дека веруваат во стабилноста и успешноста на банката со која раководат, туку и сигнализираат дека е погодно време е за вложување во неа.
Ако на тоа се додаде дека Комерцијална банка АД Скопје ја заврши годината со одлична заработка од неверојатни 58,2 милиони евра и го доби епитетот најпрофитабилна банка на македонскиот пазар за 2023 година, а нејзината акција е бестселер на нашиот пазар на капитал, оправдано големи се очекувањата на акционерите кои чекаат да бидат наградени за одличното работење на банката во изминатиот период.
Банки
Успешно завршен процес на аквизиција со сите регулаторни согласности Стопанска банка Битола и АЛТА банка – две традиции, една иднина

Откако АЛТА банка АД Белград успешно ја спроведе аквизицијата на Стопанска банка АД Битола, оваа банка официјално стана дел од АЛТА Груп, една од најдинамичните финансиски групации во регионот. Процесот е спроведен во согласност со највисоките пазарни и регулаторни стандарди со согласност на Народната банка на Република Северна Македонија.
„Аквизицијата на Стопанска банка Битола претставува, од една страна пресвртница во консолидацијата на регионалниот банкарски сектор, а од друга страна, важен темел за европската перспектива на нашата групација. Двете банки ги соединува цврста традиција, докажан интегритет и стабилно работење. Со влегувањето на Стопанска банка во системот на финансиските институции на АЛТА Груп градиме нова димензија на банкарството заснована на достапност, доверба и технолошка супериорност“, истакна Давор Мацура, претседател на Управниот одбор на АЛТА банка и сопственик на АЛТА Груп.
Претставниците на Стопанска банка Битола изразија задоволство од успешно реализираниот процес на аквизиција.
„Влезот во АЛТА Груп за нас претставува нова развојна фаза. Веруваме дека ова партнерство ќе донесе дополнителна вредност за нашите клиенти, вработените и локалната заедница, со зачувување на континуитетот на работењето и почитување на сите регулаторни барања. Нѐ поврзува не само деловната визија, туку и длабоката историска и културна блискост на нашите народи, што дава дополнителна сила на ова партнерство“, истакна Александра Радевска, претседателка на Управниот одбор на Стопанска банка АД Битола.
„Со проширувањето на работењето на пазарот во Северна Македонија, АЛТА банка не отвора само ново поглавје во развојот, ние создаваме можности за интензивирање на економската соработка на нашите земји. Задача на секоја сериозна финансиска институција е да биде сојузник на економијата, да гради мостови и да поттикнува регионална соработка“, заклучи Давор Мацура.
Стопанска банка АД Битола е една од најстарите и најугледни финансиски институции во Северна Македонија, со традиција долга речиси 80 години. Со текот на годините, изгради силен углед на стабилност, доверба и локална посветеност. Нејзината клучна улога е во поддршката на граѓаните и на економијата. Вклучувањето во системот на АЛТА Груп претставува природен чекор кон модернизација, регионално поврзување и понатамошен развој. Партнерството со АЛТА банка ќе отвори простор за иновативни решенија, како и унапредување на корисничкото искуство, почитувајќи ги локалните финансиски стандарди и законски рамки.
АЛТА Груп е модерна финансиска групација со седиште во Белград која ги обединува банкарските, платежните и инвестициските активности, со стратешки фокус на иновациите и исклучителност на услугите. Препознатлива е како апсолутен лидер во областа на платниот промет и дигиталните платежни услуги.
АЛТА банка, како една од најважните членки на групацијата, работи на пазарот во Србија речиси половина век и овозможува најширока палета банкарски производи. Во континуитет бележи исклучителни деловни резултати и силен раст во сите сегменти на работењето, а во 2024 година доби признание за најбрзо растечка банка во Република Србија.
Банки
Комерцијална банка со традиционална хуманитарна акција по повод Светскиот ден на гладот

По повод Светскиот ден на гладот – 16 октомври, вработените на Комерцијална банка и оваа година ја продолжија традицијата на хуманост и заедничка грижа, донирајќи храна за социјално ранливите категории граѓани низ земјата.
Акцијата, која прерасна во препознатлива годишна иницијатива, претставува израз на длабока општествена одговорност и солидарност со оние на кои помошта им е најпотребна. Пакетите со храна ќе бидат распределени преку Црвениот крст на Општина Центар и на Општина Кавадарци.

Со оваа активност, вработените во Банката уште еднаш ја потврдија својата посветеност на вредностите на филантропијата, човечноста и меѓусебната поддршка.
Комерцијална банка и преку своето целокупно работење реализира и поддржува општествено одговорни иницијативи со верување дека секој гест на хуманост придонесува за подобрување на квалитетот на животот и за создавање пофер и солидарно општество.
Банки
Модернизација и регионално поврзување на платните системи помеѓу земјите од Западен Балкан поддржани од Банката на Италија и Европската централна банка

Во Вашингтон, за време на Годишните средби на ММФ и Светската банка, гувернерот Трајко Славески, заедно со гувернерите на централните банки на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора, го потпиша Писмото на намери со гувернерот на Банката на Италија, Фабио Панета, врз основа на кое Банката на Италија ќе развие клон на ТИПС (англ. Target Instant Payment Settlement) за овие пет земји од Западен Балкан, согласно одлуката на Управниот совет на Европската централна банка.
Вклучувањето на Народната банка во овој регионален проект е во согласност со акцискиот план на владите на земјите од Западен Балкан за воспоставување Заеднички регионален пазар, којшто меѓу другото вклучува модернизација на платните системи и нивно регионално поврзување и интегрирање со ТИПС на Европската централна банка (ЕЦБ). Преку ТИПС, давателите на платежните услуги им овозможуваат на граѓаните и на компаниите во Европската Унија брз пренос на парични средства во евра, во кое било време во текот на денот, за викенди и празници.
Гувернерот Славески истакна дека со овој чекор се официјализира почетокот на воспоставувањето современ систем за инстант плаќања, што претставува значаен исчекор во модернизацијата на националната платежна инфраструктура и нејзино регионално поврзување со земјите од Западен Балкан, како и со инфраструктурата во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). Клонот на ТИПС, развиен со поддршка на ЕЦБ, ќе овозможи извршување плаќања во реално време, 24 часа дневно, седум дена во неделата. Со неговата примена, граѓаните и компаниите ќе можат да вршат брзи, сигурни и поевтини трансакции, според стандардите на Европската Унија.
„Воспоставувањето платен систем за инстант плаќања, клон на ТИПС, носи голем број придобивки за економијата. Плаќањата ќе се порамнуваат многу бргу имајќи предвид дека 99% од нив би се обработиле во рок од 5 секунди, додека останатиот 1% во рок од 10 секунди.Народната банка ќе овозможи решенија со чија помош граѓаните ќе може да иницираат плаќања на едноставен начин и ќе можат со внесување на бројот на мобилниот телефон на примачот, да извршат пренос на парични средства на друго лице чија платежна сметка не ја знаат однапред. Овие решенија ќе овозможат ефикасно иницирање плаќања на физичките и на виртуелните продажни места без користење платежни картички, што ќе им овозможи на трговците да ги примат паричните средства во рок од неколку секунди и да располагаат со нив веднаш“, изјави гувернерот Славески, при што посочи дека нашата земја прави важен чекор кон интеграција на домашниот финансиски систем во европскиот платежен простор.
Клонот на ТИПС е наменет за инстантно извршување домашни плаќања во националните валути на земјите од Западен Балкан, со можност за поврзување со ТИПС за извршување плаќања во евра во СЕПА. Целта е да се обезбеди интероперабилност и единствена платежна мрежа меѓу регионот и ЕУ, што ќе го олесни движењето на капиталот и трговијата.
Оператори на платните системи за инстант плаќања ќе бидат централните банки, со тоа што информациските системи на давателите на платежните услуги во земјава ќе бидат приспособени кон барањата и стандардите на клонот на ТИПС, при што техничката инфраструктура е обезбедена од Банката на Италија, со што значително ќе се олеснат развојот и одржувањето на инфраструктурата на централните банки од Западен Балкан.
-
Продуктипред 2 месеци
Apple Pay достапен и за клиентите на Комерцијална банка
-
Анализипред 2 месеци
АНАЛИЗА: Кешот vs дигиталната ера – дали граѓаните ќе им останат верни на банкоматите?
-
Банкипред 2 месеци
Добре дојде во светот на Bonus Box – новата програма за лојалност од Комерцијална банка
-
Банкипред 1 месец
Фатих Шахпаз е новиот генерален директор на Халкбанк АД Скопје?
-
Бизниспред 2 месеци
Ексклузивна соработка помеѓу Flex Pay и Ria Money Transfer – брзи и сигурни парични трансфери сега достапни во Flex Pay и филијалите на Flex Credit
-
Банкипред 2 месеци
Промотивно со НЛБ Visa кредитните картички, 5,9% фиксна каматна стапка
-
Банкипред 2 месеци
Орлин Ваташки e нов член на Управниот одбор на УНИБанка АД Скопје
-
Банкипред 2 месеци
Билал Суџубаши по осум години на чело на Халкбанк АД Скопје заминува на нова функција