Connect with us

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

Центар за усогласување со прописите и интегритет на НЛБ Банка го зајакнува својот тим на успешни професионалци и нуди можност за работење во Сегментот за спречување на перење пари.

Доколку имаш желба и амбиција да се приклучиш на АМЛ тимот и заедно да ги споделуваме предизвиците на работењето на сегментот на заштита од перење пари и финансирање тероризам, те мотивираме да се пријавиш на отворената работна позиција:

Лице за контрола на усогласеност на работењето
на Банката со прописите
Сегмент за спречување на перење пари

Улога во тимот:

  • Следење и тестирање на ризиците од неусогласеноста на работењето на Банката со прописите;
  • Анализа од аспект на примената на правилата и обврските кои произлегуваат од Законот за спречување на перење пари и Законот за рестриктивни мерки;
  • Развој и имплементација на мерки за намалување на ризикот од перењето пари;
  • Подготовка на интерни акти и контрола на примената на интерните акти за примена на регулативата за спречување на перење пари и финансирање тероризам;
  • Вршење анализа на сомнителни трансакции и подготвување на извештаи за сомнителни трансакции;
  • Учество во едукација на вработените во Банката;
  • Континуирано и ефикасно советување на Менаџментот на Банката.

Потребни квалификации и компетенции:

  • Универзитетско образование;
  • Работно искуство од минимум 2 години во сегментот за спречување на перење пари;
  • Добро познавање на регулативата за спречување на перење пари и финансирање тероризам;
  • Високо ниво на пишуван и говорен англиски јазик;
  • Желба и ентузијазам за учење.

Мотив да се придружите на НЛБ тимот:

  • Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
  • Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
  • Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
  • Позитивна организациска култура базирана на флексибилно работно време и слободни денови за различни пригоди;
  • Континуирано учество во групациски корпоративни проекти;
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци (вклучително приватно здравствено осигурување и трет пензиски фонд).

* Ќе се цени доколку потенцијалниот кандидатот има сертификат за работа со класифицирани информации степен “Доверливо”.

Потврди го твојот интерес со доставување на мотивациско писмо во кое ќе ги образложиш амбициите, мотивите и начините на придонес на наведеното работно место како и кратка биографија (CV) најдоцна до 16.02.2024 година на: [email protected], со назнака за Лице за контрола на усогласеност на работењето на Банката со прописите.

Банки

Комерцијална банка слави 30 години од првата Mastercard картичка со наградна игра што те носи на карневалот Рио!

Објавено

на

Славиме 30 години од првата издадена Mastercard картичка од Комерцијална банка со голема наградна игра! Секое плаќање со Mastercard картичка носи шанса за добивка и за главната награда – патување за две лица на карневалот во Рио де Жанеиро!

Претстојните празници сега стануваат уште повесели и повозбудливи со Наградната игра на Комерцијална банка, која трае до 15 јануари 2026 година.

„Биди во акција со секоја трансакција“ со Mastercard од Комерцијална банка, извршена со картичка, телефон или смарт часовник и стани потенцијален добитник на вредни награди.

Покрај главната, Комерцијална банка доделува и:

  • 5 мобилни телефони – iPhone 17 PRO 265 GB,
  • 10 Ray Ban AI Meta Wayfarer очила за сонце,
  • 10 смарт часовници – Samsung Galaxy Watch 7,
  • 100 подарок-картички во вредност од 3.000 ден. – 50 за Skopje City Mall и 50 за East Gate Mall.

Колку повеќе плаќања – толку повеќе шанси за награда. Со секоја трансакција со Mastercard од Комерцијална банка добиваш шанса за добивка (еден код).

А за корисниците на Zipp пакетот за млади, шансата за добивка е двојна! Со секоја извршена трансакција со Zipp Mastercard картичката добиваат две шанси, а тоа се два кода.

Добитниците ќе бидат извлечени на 22.01.2026 година.

Сите детали и Правилата за наградната игра се достапни на следниот линк.

ПР објава

Продолжи со читање

Банки

Зелената мисија продолжува: Комерцијална банка и Боренка засадија 5.000 дрвја во Неготинско

Објавено

на

Комерцијална банка и Боренка ја продолжуваат традицијата за грижа за природата и за создавање зелена иднина. Околу 100 волонтери, меѓу кои и вработени од Банката засадија 5.000 нови дрвца во Гоцева Шума, Неготино.

Како „Зелен поборник“, Комерцијална банка преку оваа соработка ѝ подарува на природата по едно дрво за секој нов клиент до 29 години кој е корисник на Zipp пакетот за млади. Така, заедно со клиентите, виртуелната шума на Комерцијална банка расте секој ден, а со акциите за пошумување станува вистинска шума со илјадници нови засадени стебла.

Комерцијална банка е горда на својата соработка со Сојузот на извидници на Македонија, со кои не само што пошумуваме туку и ја подигаме свеста, особено кај децата за поголема грижа за животната средина. Со нив се дружи и нашата Верверичка, која ги учи децата зошто шумата значи живот.

Продолжи со читање

Банки

Гувернерот Славески: Од СЕПА кон инстант иднина – побрзи, поевтини и посигурни плаќања за сите

Објавено

на

Приклучувањето на земјава кон Единствената област за плаќање во евра – СЕПА претставува историски чекор кон модерна, безбедна и европски интегрирана платежна инфраструктура. Оваа трансформација веќе носи конкретни придобивки за граѓаните и за компаниите, а тоа се побрзи, поедноставни и значително поевтини трансакции во евра. Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во колумна за Билтенот на Македонската банкарска асоцијација истакнува дека СЕПА претставува „суштинска трансформација, а не само техничка промена“, којашто директно ги подобрува квалитетот и достапноста на платежните услуги.

Од 7 октомври, девет банки во земјава веќе извршуваат кредитни трансфери преку СЕПА, а до крајот на годината се очекува целосно приклучување на десет банки. Благодарение на членството во СЕПА, надоместоците за плаќања се намалија повеќекратно. Така, за трансакција од 500 евра граѓаните сега плаќаат околу 4 евра, наместо околу 25, а деловните субјекти за трансакција од 20.000 евра што чинеше околу 80 евра, сега плаќаат помалку од 10 евра. Овие промени претставуваат годишни заштеди од околу 20 милиони евра на ниво на економија, а времето за извршување на плаќањата се скрати од неколку дена на најчесто помалку од два часа.

По приклучувањето кон СЕПА, следната стратегиска цел е воспоставувањето инстант плаќања, односно трансакции што се извршуваат за неколку секунди, 24 часа дневно. Народната банка, заедно со централните банки од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора, работи на заеднички регионален систем за инстант плаќања заснован на европската платформа ТИПС на Банката на Италија. Целта е создавање интероперабилен платежен простор меѓу земјите од Западен Балкан и Европската Унија, што ќе овозможи едноставни и брзи плаќања во денари во земјава, подобар обрт на средствата за фирмите, пониски трошоци за прекуграничните трансакции и инстант пристигнување на дознаките во евра.

Во периодот што следува, модернизацијата на платниот систем ќе биде насочена кон целосно искористување на новата инфраструктура, дигитализација на плаќањата, намалување на употребата на готовина и дополнително усогласување на регулативата со европските стандарди. Со ова се обезбедува поголема транспарентност, иновативни услуги, фер конкуренција и повисока заштита на корисниците. „Модернизацијата на плаќањата е инвестиција во конкурентноста на економијата. Но, зад секоја технологија мора да стои довербата, како во системот и во институциите, така и во стабилноста на валутата“, нагласува гувернерот Славески.

Реформите во платниот систем се вложување во подобар стандард на граѓаните, поефикасно работење на компаниите и посилна, европски интегрирана економија. СЕПА и инстант плаќањата ја отвораат вратата кон иднина во која секој трансфер е брз, сигурен и достапен, иднина што ја градиме за новите генерации и модерен европски платежен простор.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange