Останато
Годишната инфлација во еврозоната во јануари падна на 2,8 проценти
Според прелиминарните податоци на Евростат, во јануари годишната стапка на инфлација во Еврозоната се намалила на 2,8 отсто.
Цените на енергијата во еврозоната се намалија за 6,3 проценти на годишно ниво, додека цените на храната, алкохолот и тутунот пораснаа за 5,7 проценти, инфлацијата во услужниот сектор изнесуваше 4 проценти, а индустриските производи освен енергетските производи поскапеа за 2 проценти, се наведува на веб-страницата на Евростат.
Според прелиминарната проценка на Евростат, Германија во јануари забележала годишна стапка на инфлација од 3,1 отсто, а втората по големина европска економија, Франција, забележала инфлација од 3,4 отсто.
Според очекувањата на Евростат, Шпанија регистрирала инфлација од 3,5 отсто, Италија 0,9 отсто, а Хрватска 4,8 отсто.
Инфлацијата во еврозоната во јануари е за 0,4 проценти помала отколку во декември.
Останато
Димитриеска-Кочоска: Ребалансот носи повеќе средства за инвестиции и поддршка на граѓаните
Ребалансот на Буџетот за 2026 година не е резултат на проблеми со јавните финансии, туку приспособување кон променетите економски услови и новите законски обврски, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.
Во интервју за „Плусинфо“, таа посочи дека со ребалансот се обезбедуваат средства за редовна исплата на платите, пензиите, социјалните надоместоци и другите обврски на државата, а истовремено се зголемуваат издвојувањата за капитални инвестиции, земјоделство, образование, социјална заштита, спорт и локален развој.
Според министерката, акцентот е ставен на инвестициите во патната и железничката инфраструктура, енергетиката, здравството, образованието и комуналните проекти, кои треба да придонесат за поголема економска активност, нови работни места и подобар животен стандард.
Димитриеска-Кочоска објасни дека потребата од ребаланс произлегла од геополитичките случувања, растот на цените на енергенсите, промените на меѓународните пазари и дополнителните обврски по потпишувањето на колективните договори.
Дополнителни средства се предвидени и за земјоделството, социјалната заштита и општините.
„Ова не е кризен, туку развоен ребаланс“, нагласи министерката, додавајќи дека средствата се насочуваат кон области што можат да создадат најголема додадена вредност за економијата.
Во собраниската расправа биле прифатени и амандмани за поддршка на жените земјоделки, воспоставување национална СОС-линија и отворање два центри за згрижување жртви на семејно и родово базирано насилство.
Димитриеска-Кочоска оцени дека растот на БДП од 3,1 процент во првиот квартал, зголемените странски инвестиции и позитивните движења во градежништвото, услугите и извозот покажуваат дека економијата останува стабилна.
Според неа, ребалансот треба да овозможи продолжување на инвестицискиот циклус, одржување на фискалната стабилност и подобрување на животниот стандард.
Останато
УЈП ги повика граѓаните со неодобрени профили да ја завршат регистрацијата за е-Даночни услуги
Управата за јавни приходи ги заврши активностите за комплетирање на регистрацијата во системот е-Даночни услуги за граѓаните кои поднеле барање за отворање кориснички профил како физички лица, но не ја завршиле целосно постапката.
До овие граѓани се испратени персонализирани пораки од електронската адреса [email protected], со насоки за понатамошно постапување.
Од УЈП информираат дека корисниците треба да се обратат во надлежната даночна канцеларија со важечки документ за лична идентификација, каде што овластено службено лице ќе ја одобри нивната регистрација.
Со валиден и активен профил во системот е-Даночни услуги, граѓаните можат да користат електронски услуги преку порталот uslugi.gov.mk, да имаат увид во Годишната даночна пријава, да остваруваат права од надлежност на УЈП и други институции, како и да ја користат апликацијата „МојДДВ“.
За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на [email protected] или на телефонските броеви 02/3253-200 и 0800 33 000, кој е достапен само за повици од фиксни оператори.
Бизнис
Кина руши рекорди: Надворешната трговија порасна за речиси 17% и достигна 3,75 трилиони долари за само шест месеци
Кинеската надворешна трговија во првите шест месеци од 2026 година достигна 25,47 трилиони јуани (околу 3,75 трилиони американски долари), што претставува раст од 16,9% на годишно ниво, покажуваат податоците на Генералната царинска управа на Кина.
Извозот се зголемил за 13,4%, достигнувајќи 14,73 трилиони јуани, додека увозот пораснал за 22,1%, на 10,74 трилиони јуани, што укажува на забрзан раст на домашната побарувачка и порамнотежен развој на надворешната трговија.
Во вториот квартал годинава, вкупната трговска размена изнесувала 13,61 трилиони јуани, со годишен раст од 18,4%, што е најсилен квартален резултат од третиот квартал на 2021 година. Само во јуни, трговијата пораснала за 24,2%, продолжувајќи го позитивниот тренд седумнаесетти месец по ред.
Особено силен раст е забележан кај извозот на машини и електронски производи, кој се зголемил за 20,1%, како и кај високотехнолошките производи, чиј извоз пораснал за 39%. Значително зголемување е регистрирано и кај производите поврзани со вештачка интелигенција, зелените технологии и напредната индустриска опрема.
Според кинеската Царинска управа, приватните компании и натаму имаат водечка улога во надворешната трговија, учествувајќи со 57% од вкупната размена, додека околу 267.000 компании во текот на првата половина од годината успеале да освојат нови извозни пазари.
-
Банкипред 2 месециХалкбанк АД Скопје информираше дека пензиите за месец мај се веќе исплатени и достапни за корисниците
-
Банкипред 2 месециАЛТА Банка: Денеска започнува исплатата на мајските пензии
-
Советипред 2 месеци
УЈП: За користење на „МојДДВ“ задолжителна е регистрација во е-Даночни услуги
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка АД Скопје: Исплатата на пензиите почнува од 1 јуни
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Тортевски: Само половина од овластените ревизори во Македонија работат во ревизија
-
Интервјуапред 2 месеци„Ништо случајно“: Нина Ангеловска за бизнисот, животните лекции и патот кој ја обликувал нејзината кариера
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Нина Ангеловска Станков: Во политиката аргументот не е крај на разговорот – туку негов почеток
-
Кариерапред 2 месециИуте Македонија отвора клучна лидерска позиција: Раководител на партнерски екосистем за следната фаза на дигитален раст



