Connect with us
no baners

Банки

Членовите на Надзорниот одбор на УНИБанка ќе земаат месечен паушал од 520 евра?

Објавено

на

no baners

Собранието на акционери на УНИБанка АД Скопје на следната седница која ќе се одржи на ден 16.01.2024 година на дневен ред ќе ја разгледува предлог Одлуката за изменување на Одлуката со бр. 02/31-8-1 од 28.04.2017 година за определување на месечниот надоместок кој им следува на членовите на Надзорниот одбор.

Со Одлуката која е важечка, а донесена на 28.04.2017 година на членовите на Надзорниот одбор на УНИБанка им се определува месечен надоместок во износ од 400 евра во денарска противвредност по среден курс на Народната банка на денот на плаќањето.

Во образложението кон предлог Одлуката се вели дека поради обврските и одговорностите на членовите на Надзорниот одбор, се предлага корекција на износот од 400 евра, на 520 евра во денарска противвредност по среден курс на Народната банка на денот на плаќањето.

Иницијатор на барањето за зголемување на месечниот надоместок на членовите на Надзорниот одбор е акционерот Цеко Минев, кој поседува над 5% од вкупниот број на акции со право на глас.

Надзорниот одбор на УНИБанка АД Скопје го сочинуваат:

  • Светозар Попов – Претседател (Прва Инвестициона Банка, Софија, Бугарија),
  • Ралица Богоева – Член (Прва Инвестициона Банка, Софија, Бугарија),
  • Јанко Караколев – Член (Прва Инвестициона Банка, Софија, Бугарија),
  • Константин Арнаудов – Член (Прва Инвестициона Банка, Софија, Бугарија),
  • Николај Драгомирецки – Член (Екобултекс АД Софија),
  • Дејан Кнезовиќ – Член (Адвокатско друштво Кнезовиќ и соработници, Скопје).

Официјалната објава можете да ја погледнете на веб страницата на Македонска берза, достапна на линк.

Банки

По повод Светскиот ден на штедењето – награди за најдобрите банкарски службеници

Објавено

на

Македонската банкарска асоцијација традиционално ги препознава и наградува најдобрите вработени во банкарскиот сектор.

Овој настан ја истакнува посветеноста, професионалноста и извонредните резултати на службениците кои го зголемуваат квалитетот на услугата и ја градат довербата на клиентите.

Преку ова признание, се промовира одговорното штедење и мотивира другите вработени да се стремат кон највисоки стандарди во работењето.

Главните цели на настанот се:

Поттикнување на професионалноста и посветеноста – наградените службеници се признаени за својот извонреден придонес во работењето и за квалитетната услуга кон клиентите.

Препознавање на успехот во банкарскиот сектор – наградите се доделуваат од страна на Македонската банкарска асоцијација (МБА) како дел од годишната традиција за идентификување на врвни професионалци.

Промоција на одговорното штедење – преку наградување на посветените вработени, се нагласува значењето на финансиската дисциплина, довербата во банките и правилното управување со средства.

Мотивација за другите вработени – настанот ја нагласува важноста од континуирано усовршување, иновативност и високи стандарди во работењето.

Ова големо признание во 2025 година го добија:

1. Комерцијална банка АД Скопје

  • Дијана Мушовска
  • Ангела Ивановска
  • Цвета Јосифовска

2. Стопанска банка АД Скопје

  • Иванова Сања
  • Оџакова Верица
  • Петровска Викторија

3. НЛБ банка АД Скопје

  • Катерина Крстевска 
  • Милица Славковска
  • Марија Томевска

4. Шпаркасе банка Македонија АД Скопје

  • Анита Таневска
  • Јована Трпеска
  • Александар Богоевски

5. Халк банка АД Скопје

  • Халук Џафер
  • Симона Трајковска
  • Амра Салијовска

6. Прокредит банка АД Скопје

  • Панче Петрески 
  • Џемиљ Шефки

7. Универзална инвестициона банка АД Скопје

  • Наталија Стојменовиќ 
  • Даниела Стојановска

8. Развојна банка на Република Северна Македонија АД Скопје

  • Надица Павличковска
  • Габриела Димитриевска

9. Стопанска банка АД Битола

  • Бранкица Дамевска

10. Централна кооперативна банка АД Скопје

  • Зорица Шаламанова 

11. ТТК банка АД Битола

  • Ѓорѓи Атанасовски

12. Силк Роуд банка АД Скопје

  • Александар Божиќ

13. Капитал банка АД Скопје

  • Сашо Јовановски

14. Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје

  • Атанас Манушев

15. Штедилница Можности ДОО Скопје

  • Ирена Вурмеска Боцевска

16. Клириншка куќа КИБС АД Скопје

  • Марија Манасова
  • Виктор Петрески

17. Македонско кредитно биро АД Скопје

  • Елена Поповска

Ова е настан кој се повторува секоја година за препознавање на квалитет и извонредни резултати, кој ја поврзува професионалната афирмација со промоција на финансиската култура и довербата на клиентите.

Продолжи со читање

Банки

Ѓорѓи Атанасовски е најдобриот банкарски службеник од ТТК Банка за 2025 година

Објавено

на

На настанот по повод Светскиот ден на штедењето, кој се одржа на 31.10.2025 година, во организација на Македонската банкарска асоцијација во соработка со Фондот за осигурување на депозити, беа избрани најдобрите банкарски службеници со постигнати особени резултати во нивната работа.

Со големо задоволство, ТТК Банка АД Скопје оваа година го номинираше Ѓорѓи Атанасовски, соработник во одделот за позадински обработки на ПП и средства и ликвидност, за најдобар банкарски службеник.

“Горди сме на нашиот колега Ѓорѓи Атанасовски за професионалноста, посветеноста и придонесот во работата. Честитки колега за ова заслужено признание! ТТК Банка АД Скопје останува посветена на развојот на потенцијалот на своите вработени, поттикнувајќи иновации и одржливи резултати во сите сегменти на работењето.” – велат од Банката.

Продолжи со читање

Банки

Јубилејни награди за 18 вработени за долгогодишна посветеност и успех во Комерцијална банка

Објавено

на

Комерцијална банка традиционално го одбележа Денот на штедењето и со доделување признанија и парични награди на 18 вработени, кои со години придонесуваат за развојот и успехот на Банката.

Наградените вработени оваа година одбележуваат 15 и 30 години работа во Комерцијална банка и се вистинска инспирација за новите генерации што ја градат својата кариера во Банката.

Тие заедно со целиот тим на Комерцијална банка секојдневно се посветени на потребите на клиентите, го движат напред развојот на Банката и го создаваат нејзиниот успех.

На сите наградени, Комерцијална банка им упатува благодарност за долгогодишната посветеност, професионализам и лојалност, со желба за уште многу заеднички достигнувања и нови успеси.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange