Connect with us

Банки

Божиќни донации од НЛБ Банка под мотото „Свет полн со добрина е свет полн со можности“

Објавено

на

Во духот на дарувањето и празнувањето, овој Божиќ, НЛБ Банка го одбележува со неколку добротворни иницијативи кои имаат за цел да донесат топлина и радост во оваа празнична сезона. И овој пат под мотото „Свет полн со добрина е свет полн со можности“, Банката издвои средства за донации на локални организации и институции, потврдувајќи ја уште еднаш својата посветеност кон заедницата и поддршка на оние кои можеби се соочуваат со предизвици во овој празничен период.

Во рамките на своите Божиќни донации, разбирајќи ја важноста на здравствената заштита за сите, НЛБ Банка, во соработка со Црвениот крст на град Скопје, донираше медицинска помош во лекови и витамини за повеќе од 180 бездомни лица на територијата на Скопје кои ги користат услугите на Пункот за бездомници на Црвениот крст во Момин Поток.

Со искрена желба за што повеќе детски насмевки, Банката донираше и пакетчиња со слатки Божиќни изненадувања на пет организации на родители на деца со посебни потреби, како и сетови за прва помош при доење за мајките родилки на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје.

Празниците се време кога, повеќе од кога било треба да сочувствуваме и да споделуваме. Едноставно, празниците се време на сплотеност и заедништво, мигови кои ни ги греат срцата и ни носат чувство на мир и спокој, уште повеќе кога празничната радост ќе ја поделиме со другите. Ние во НЛБ Банка веруваме во моќта на заедништвото и во позитивните промени што доаѓаат од колективните заложби и дека единствено свет полн со добрина е свет полн со можности. Затоа неуморно создаваме можности онаму каде се потребни и оставаме подобри траги за подобра иднина на генерациите кои доаѓаат.“ – истакнуваат од НЛБ Банка по повод Божиќните донации.

За потсетување, НЛБ Банка и минатата година ја заокружи со успешна реализација на три големи донаторски проекти: заврши реновирањето на едно крило од Центарот за едукција „Солферино“ во Струга на Црвенот крст кој се користи за престој при рехабилитација и психолошка поддршка на деца и возрасни, пристигна донацијата за Асоцијацијата за цистична фиброза во спирометри и помагала за физикална терапија за пациентите, а едно основно училиште од Охрид доби комплетно опремена сензорна соба за деца со атипичен развој, проект реализиран во соработка со Фондацијата „Чекор по чекор“.

Банки

Тимот на Комерцијална банка подготвен за штафетниот предизвик од 42 километри

Објавено

на

Тимскиот дух се гради пред трката, а се докажува на патеката. Со оваа порака, Комерцијална банка АД Скопје го претстави својот штафетен тим кој на 4 октомври ќе се соочи со предизвикот да истрча вкупно 42 километри.

Тимот го сочинуваат Искра, Горан, Јована и Мартин, кои велат дека за успешна штафета не се доволни само физичката подготовка и брзината, туку и добра стратегија, меѓусебна поддршка и силен тимски дух.

„Кога се трча штафета, најважно е секој успешно да го заврши својот дел. За нас, успехот не се мери само во секунди и километри, туку во тоа сите да стигнеме на целта здрави, насмеани и задоволни од заедничкиот резултат“, велат членовите на тимот.

Според нив, поддршката започнува многу пред стартната линија, преку заедничките подготовки, мотивацијата и размената на совети.

„На самата трка секој е сам на својата делница. Затоа, најголемата поддршка ја градиме деновите претходно. А на денот на трката доволни се насмевките и аплаузот во моментите на размена на штафетата“, посочуваат тие.

За тимот на Комерцијална банка, штафетата претставува многу повеќе од спортски предизвик – таа значи заедничко планирање, споделување искуства и подготовка за секој следен предизвик.

Од Банката истакнуваат дека нивните колеги уште еднаш покажуваат дека зад секој успех стојат посветеност, добра подготовка и тим кој секогаш е тука еден за друг.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка ја исплати паричната помош за август од социјална, детска и цивилна заштита

Објавено

на

НЛБ Банка информира дека е извршена исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за август 2026 година.

Корисниците на парична помош од социјална и детска заштита средствата можат да ги подигнат од банкоматите во секое време.

Од Банката потсетуваат дека клиентите имаат можност средствата да ги користат и безготовински, односно за плаќање во продажната мрежа, како и преку електронско и мобилно банкарство.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка со „Zipp-тември“: Попусти до 40 отсто, двојни поени и награди за членовите на Zipp Club

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје во текот на септември организира „Zipp-тември“, месец исполнет со дополнителни поволности, попусти, награди и забавни активности за членовите на Zipp Club.

Во рамки на промотивните активности, членовите на Zipp Club можат да користат дополнителни попусти до 40 отсто кај дел од Zipp партнерите.

За корисниците кои плаќаат со Zipp картичката е предвидена и можност преку BonusBox да собираат двојно повеќе поени, кои потоа можат да ги користат за дополнителни поволности и изненадувања.

Од Комерцијална банка најавуваат и цел месец дружења со изненадувања и подароци, како и доделување на наградите од Zipp наградната игра.

Како финале на „Zipp-тември“ е најавен и голем Zipp пикник.

Од Банката посочуваат дека повеќе детали за активностите и поволностите се достапни на веб-страницата kb.mk и на Instagram профилот на Zipp Club, а младите кои сè уште не се членови се повикуваат да се приклучат на клубот.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange