Connect with us

Банки

Комерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2023“ од магазинот The Banker

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје е прогласена за „Банка на годината во 2023 година во Република Северна Македонија“ од угледниот финансиски магазин The Banker. Оваа престижна награда и е доделена на Комерцијална банка по јубилеен 10-ти пат.

Наградата е признание за силните финансиски перформанси што ги испорача Комерцијална банка, а кои се резултат на тоа што во актуелните економски услови Банката ги претвори предизвиците во можности за развој и стабилна поддршка на клиентите. The Banker оваа година низ целиот свет ги препозна банките кои одиграа клучна улога во развојот на нови производи и бизниси за клиентите преку издигнување над предизвиците на индустријата и развој на иницијативи со кои финансиските сервиси ги доближија до многу повеќе луѓе.

Комерцијална банка е особено горда што наградата „Банка на годината за 2023“ ја добива по 10. пат, но и затоа што со оваа награда ја заокружува годината во која на клиентите им понуди врвни производи и услуги кои за нив значат модерно банкарство на едноставен и ефикасен начин.

Главниот финансов директор и член на Управниот одбор, д-р Маја Стевкова Штериева, во своето обраќање во магазинот The Banker по повод наградата изрази голема благодарност што стручната комисија го препозна целокупниот придонес на Комерцијална банка за македонската економија.

Горди сме и веруваме дека ова признание е потврда на посветеноста на Комерцијална банка на зголемените и комплексни потреби на клиентите во овие турбулентни времиња. Компаниите и граѓаните се соочуваат со ранлива економија, инфлаторни притисоци и геополитички тензии, а нашата континуирана поддршка им обезбедува средства за поуспешно да се справат со овие предизвици. Комерцијална банка, како најголема во земјава, но и како лидер во иновативните финансиски процеси во 2023, им обезбеди на клиентите бројни поволности, како и дигитални услуги и алатки прилагодени на нивната сегашна и идна финансиска благосостојба. Остануваме посветени на обезбедување извонредни решенија за клиентите, но и на придонесот во општеството, истовремено фокусирајќи се на потребите на нашите акционери и на напредокот на Банката“, истакна д-р Стевкова Штериева.

Наградата „Банка на годината“ е стандард за извонредност во банкарската индустрија, а се доделува на банки во повеќе од 120 земји низ светот врз основа на клучниот критериум – подобрувања и новитети реализирани во тековната година.

Комерцијална банка ја завршува 2023 година со многу реализирани цели, пресликани во бројни иновативни и ефикасни производи и услуги, истакната корпоративна филантропија и придонес за подобро општество и во силни финансисики резултати. Но, и со силна агенда за наредната година, која сигурно ќе донесе уште многу нови предизвици, кои веруваме дека ќе ги претвориме во нови можности.

Банки

Халкбанк воведе платежна картичка за деца со родителска контрола и дигитално плаќање

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје понуди платежна картичка наменета за деца, со која најмладите можат постепено да се запознаат со управувањето со сопствените финансии, додека родителите или старателите имаат увид и контрола врз користењето на средствата.

Од Банката посочуваат дека картичката е наменета да им помогне на децата да научат како да располагаат со својот џепарлак, да планираат трошоци и да создаваат одговорни финансиски навики уште од најрана возраст.

Сметката се отвора и одржува без надоместок, а бесплатно е и префрлањето средства од родителот на детето. Родителите или старателите можат да добиваат и бесплатни СМС известувања за трансакциите.

Картичката овозможува поставување лимити за трошење, како и можност за нејзино блокирање, што на родителите им дава дополнителна контрола врз користењето на средствата.

Дополнително, картичката може да се користи и за дигитални плаќања преку Apple Pay, Google Pay и Fidesmo Pay.

Со овој производ, Халкбанк го насочува фокусот кон финансиска едукација на најмладите и постепено воведување на децата во секојдневното управување со пари, со истовремена контрола и поддршка од родителите.

Продолжи со читање

Банки

ЕБОР ја зголеми прогнозата за македонската економија: Раст од 3,3 отсто во 2026 година

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја подобри прогнозата за економскиот раст на Северна Македонија и сега очекува бруто-домашниот производ (БДП) во 2026 година да порасне за 3,3 отсто.

Новата проценка е за 0,3 процентни поени повисока во однос на прогнозата на ЕБОР од јуни годинава, кога за македонската економија беше предвиден раст од 3 отсто.

Ревидираната прогноза за земјава доаѓа во период кога ЕБОР, на ниво на сите економии во кои работи, очекува забавување на растот. Според најновиот извештај „Running dry“, Банката прогнозира просечен раст од 2,5 отсто во 2026 година, по што во 2027 година се очекува забрзување на 4 отсто.

Меѓу главните ризици за економските перспективи ЕБОР ги посочува повисоките трошоци за енергија и храна, нарушувањата во трговијата и синџирите на снабдување, сушата, како и построгите услови за финансирање. Инфлацијата во економиите каде што работи Банката и натаму останува над нивоата од периодот пред пандемијата.

Во најновите регионални проценки, ЕБОР очекува економиите од Западен Балкан заедно да остварат раст од околу 3 отсто во 2026 година, а растот да забрза во 2027 година.

Подобрената прогноза за Северна Македонија следува по објавените податоци за растот на домашната економија во текот на годинава, при што очекувањата за 2026 година сега се поповолни од оние што ЕБОР ги имаше на почетокот на летото.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка со повик до спортските клубови: Поддршка за деца и млади до 15 години

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје го отвори повикот за поддршка на спортски клубови во рамки на проектот „НЛБ Спорт за млади“ за сезоната 2026/2027, со кој се поддржуваат клубови што работат со деца и млади до 15-годишна возраст.

Како што информираат од Банката, целта на проектот е преку спортот да се поттикнат здрави животни навики, самодоверба и развој на талентот кај најмладите.

„Во НЛБ веруваме дека секое дете треба да има можност да го развива својот талент, да стекнува самодоверба и да расте преку спортот“, наведуваат од НЛБ Банка.

На повикот можат да аплицираат спортски клубови што работат со деца и млади до 15 години во повеќе спортски дисциплини, меѓу кои фудбал, ракомет, кошарка, одбојка и боречки вештини.

Од Банката посочуваат дека при аплицирањето клубовите задолжително треба да ја изберат опцијата „НЛБ Спорт за млади“.

Пријавувањето е отворено до 7 октомври 2026 година.

Проектот „НЛБ Спорт за млади“ е насочен кон поддршка на локалните спортски клубови и создавање повеќе можности децата уште од најрана возраст да се вклучат во спортски активности и да развиваат здрави навики.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange