Connect with us

Банки

Шпаркасе Банка: Известување за втора емисија на граѓански обврзници

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје во својство на овластен директен учесник на аукциите на граѓански обврзници организирани од Министерството за финансии на Република Северна Македонија ги застапува физичките лица (државјани на РСМ) во процесот на издавање на граѓанските обврзници.

Република Северна Македонија на 18.10.2023 г. објави проспект за издавање  граѓански обврзници во износ од 600.000.000,00 МКД, кои физички лица – државјани на РСМ – можат да учествуваат на аукцијата преку Шпаркасе Банка АД Скопје. Датумот за прием на понуди од физички лица е од 18.10.2023 г. па сè до 06.11.2023 г.

Граѓанската обврзница е финансиски инструмент со рочност од две години, има купонска каматна стапка од 5.00 %, која се исплаќа секоја година на вложениот износ, а по истекот на рокот се враќа и вложената главнина.

Во сите експозитури на Шпаркасе Банка АД Скопје граѓаните може да дадат налог за учество на аукцијата. Доколку физичко лице сака да учествува на аукцијата, потребно е да биде регистрирано како клиент на Шпаркасе Банка АД Скопје. Минималниот износ на едно барање изнесува 10.000 денари, а секое зголемување над минималниот износ се врши со додавање заокружени износи од 10.000 денари. За да учествуваат на аукција за граѓанската обврзница, граѓаните треба да потпишат барање и договор, што ќе го добијат на шалтерите на Шпаркасе Банка, и да го уплатат предвидениот паричен износ преку својата платежна сметка.

Шпаркасе банка АД Скопје наплатува провизија во висина од 0,12% од номиналниот износ на граѓанската обврзница за сите рочности, но не помалку од 300,00 МКД.

По објавувањето на резултатите од одржаната аукција, Шпаркасе Банка ќе ги извести учесниците на аукцијата за постигнатите резултати по електронски пат.

Банки

Пред 59 години беше поставен првиот банкомат: Како започна револуцијата што го промени банкарството?

Објавено

на

Банкоматот, денес едно од најважните и најкористени банкарски решенија, во јуни годинава одбележа 59 години од поставувањето на првиот уред за подигнување готовина.

Првиот банкомат бил инсталиран во јуни 1967 година, во филијала на британската банка „Barclays“ во Северен Лондон. Иако за негов пронаоѓач најчесто се смета Џон Шеперд-Барон, идејата за машина преку која клиентите би можеле да подигнуваат пари датира уште од 1939 година.

Тогаш американскиот иноватор од ерменско потекло Лутер Дорге Симџијан развил уред за автоматско подигнување пари. „Citigroup“ ја тестирала идејата, но по само неколку месеци проектот бил прекинат поради слаб интерес од клиентите.

Речиси три децении подоцна, „Barclays“ повторно ја актуелизирала идејата. Првиот уред користел картички за еднократна употреба, со кои можело да се подигнат 10 фунти.

Следната година, американскиот иноватор Доналд Ветцел придонел за развојот на технологијата, овозможувајќи банкоматите да исплаќаат различни износи, во зависност од расположливите средства на сметката.

Првите банкомати значително се разликувале од денешните. Некои од нив не ја враќале картичката веднаш, па корисниците морале дополнително да ја подигнат од филијалата.

Од едноставна машина за подигнување готовина, банкоматот со текот на годините прерасна во клучна точка на современото банкарство, а неговиот развој го отвори патот кон 24-часовниот пристап до банкарски услуги.

Продолжи со читање

Банки

Маја Михајлова реименувана за член на Управниот одбор на ПроКредит Банка

Објавено

на

Маја Михајлова ќе продолжи да биде дел од Управниот одбор на ПроКредит Банка АД Скопје и во следните четири години, информира Банката преку Македонската берза.

Народната банка на Република Северна Македонија на 15 јули 2026 година издала решение со кое се дава претходна согласност за реименување на Михајлова за член на Управниот одбор на ПроКредит Банка, со мандат од четири години.

Со реименувањето на Михајлова, Управниот одбор на ПроКредит Банка продолжува да работи во состав од четири членови:

  • Емилија Спировска
  • Стевче Кузмановски
  • Милан Дамчевски
  • Маја Михајлова

Михајлова е дел од Управниот одбор на ПроКредит Банка од 2024 година, кога Банката го прошири својот менаџмент со нејзиното именување.

Актуелниот состав на Управниот одбор е наведен и на официјалната веб-страница на ПроКредит Банка.

Продолжи со читање

Банки

4 милиони евра за енергетски поефикасни домови: НЛБ Банка со нова кредитна линија од Европската банка за обнова и развој

Објавено

на

НЛБ Банка преку нова кредитна линија во износ од 4 милиони евра ја зајакнува поддршката и го проширува пристапот на домаќинствата до зелено финансирање за енергетски поефикасни домови. Средствата се обезбедени во соработка со ЕБОР во рамките на програмата GEFF III REpower Residential на Западен Балкан, а ќе се пласираат преку Банката. Наменети се за зелени инвестиции што придонесуваат за енергетски поефикасни, поодржливи и покомфорни домови, овозможувајќи конкретни придобивки за граѓаните – намалени трошоци и подобрен квалитет на живеење.

Во време кога енергетската ефикасност и одговорното користење на ресурсите стануваат сè поважен дел од секојдневието, ваквата финансиска поддршка отвора можност повеќе домаќинства да ги реализираат потребните подобрувања во своите домови – изолација, нови прозори и врати, котли, топлински пумпи, сончеви колектори за топла вода, фотоволтаични системи или други енергетски ефикасни решенија.Сите овие технологии директно придонесуваат за пониски трошоци на домаќинствата, поголема удобност и  порационална потрошувачка.

НЛБ Банка во своето портфолио веќе нуди зелени кредити наменети за поддршка на одржливи и еколошки решенија, а новата кредитна линија од 4 милиони евра од ЕБОР претставува зајакнување на оваа определба.

Дополнителна придобивка на овие кредити е повратот на средства, кофинансиран од Европската Унија, кој може да изнесува и до 20% од вкупната инвестиција. На овој начин, зелените кредити стануваат практичен инструмент преку кој енергетската ефикасност, одржливоста и заштитата на животната средина се претвораат во реални и достижни решенија за секое домаќинство.

Придобивки од „зелените“ инвестиции во домот

Кога домот троши помалку енергија, преку намалените сметки, придобивките се чувствуваат веднаш. Долгорочно, тие имаат и пошироко значење. Секоја инвестиција што ја намалува потребата од енергија придонесува и за помала потрошувачка на ресурси, помал притисок врз енергетскиот систем и помало влијание врз животната средина. Во Македонија, ваквите вложувања се особено значајни имајќи ја предвид потребата од обновување и модернизација на станбениот фонд.

Токму затоа, зеленото финансирање има сè поважна улога во претворањето на одржливоста од концепт во конкретна одлука за секое домаќинство. Со соодветна финансиска поддршка, граѓаните можат полесно да направат чекор кон зелени решенија.

*GEFF програмата на ЕБОР во Западен Балкан е кофинансирана од европската Унија преку инвестициската рамка за Западен Балкан, Австрија, јапонија, данска и швајцарија преку Партнерството со високо влијание врз климатската акција (HIPCA).

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange