Connect with us

Банки

Во рамки на Школата за новинари се одржа настанот „Дигитална трансформација: Одговорност кон иднината на бизнисите“

Објавено

на

Следењето на дигиталната трансформација како процес кој ги олеснува работните задачи и го подобрува квалитетот на живот, употребата на напредни дигитални инструменти за ефикасно управување со бизнисите, како и паметното користење на алатки кои работат со помош на вештачка интелигенција, беа само дел од темите за кои се дискутираше на настанот „Дигитална трансформација: Одговорност кон иднината на бизнисите”, што се одржа во рамки на Школата за новинари на ПроКредит Банка.

Милан Дамчевски, член на Управниот одбор на ПроКредит Банка, обраќајќи се на присутните новинари, изрази огромно задоволство за големиот одзив, порачувајќи дека тие се двигател на општествените промени. Од таа причина, ПроКредит Банка постојано ќе работи за унапредување и поддршка на новинарското работење преку редовна едукација, на теми кои се важни за општеството, со цел да придонесе кон позитивни општествени промени.

Во рамки на настанот, се одржа панел дискусија на тема „Дигитализација на локалниот пазар – практики и предизвици” во која учествуваа Директорката за финансии во КОЛА групацијата Митка Мојсовска, Ко-основачот на Codewell Нино Карас и Директорот на експозитурата за средни претпријатија во ПроКредит Банка Александар Тодоров, на кој учесниците ги објаснија дигиталните практики кои се примениле во нивните компании и заклучија дека со следење на дигиталните текови максимално ги олесниле оперативните процеси, го зајакнале следењето на финансиите и придонеле кон поголема продуктивност на вработените.

Претседателот на Управниот одбор на МАСИТ Илија Господинов, говорејќи на темата „Како дигитализацијата ги менува бизнисот и општеството“, посочи дека општеството веќе ја живее дигиталната трансформација, истакнувајќи дека е време да се премине кон дигитална еволуција што подразбира целосно дигитализирање на сите процеси.

Свои обраќања имаа и Дејан Блажески од Одделот за управување со ризици, одговорен за безбедност на информации во ПроКредит Банка кој говореше за „Cyber Security”, како и новинарката Искра Опетческа која говореше на тема „Дигиталните алатки за новинари – Generative AI во новинарството”.

На настанот беше заклучено дека дигитализација во сите области е од огромно значење за брзо и квалитетно работење и дека веќе се чувствуваат огромни придобивки, а со нејзиното прифаќање и унапредување, водењето на бизнисите и начинот на живот ќе се олеснат на многу начини, а со тоа ќе се зголеми и продуктивноста.

По успешното обновување на платформата „Школа за новинари“ во јуни годинава, ПроКредит продолжува со поддршка на новинарството во Македонија со цел да придонесе кон позитивни промени за целото општество.

Банки

Кредитите во август пораснале за 13,6 отсто, депозитите за 9 отсто

Објавено

на

Кредитната активност на банките во август годинава забележала раст од 0,7 отсто на месечно и 13,6 отсто на годишно ниво, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Раст е забележан и кај кредитите на домаќинствата и кај корпоративниот сектор.

Вкупните депозити, пак, во август се зголемиле за 1,6 отсто во однос на претходниот месец, додека на годишна основа растот изнесува 9 отсто. Зголемување е регистрирано и кај депозитите на домаќинствата и кај компаниите.

Кај корпоративниот сектор, депозитите пораснале за 6,2 отсто на месечно и 6,1 отсто на годишно ниво. Кредитите на компаниите, пак, во август се зголемиле за 0,6 отсто на месечно ниво, додека годишниот раст забрзал на 15,1 отсто. Зголемувањето целосно произлегува од кредитирањето во домашна валута.

Депозитите на населението во август се намалиле за 0,4 отсто во однос на јули, но на годишна основа се повисоки за 10,2 отсто. Орочените депозити на домаќинствата пораснале за 0,6 отсто месечно и за 5,8 отсто годишно.

Кредитите на населението продолжиле да растат, и тоа за 0,7 отсто на месечно и 12,3 отсто на годишно ниво. Потрошувачките кредити бележат годишен раст од 12,2 отсто, а станбените кредити од 16,2 отсто.

Истовремено, паричната маса во август се зголемила за 1,3 отсто на месечно и за 8,2 отсто на годишно ниво.

Продолжи со читање

Банки

ЕЦБ и европските централни банки бараат промена на правилата за резервите на стејблкоините

Објавено

на

Европската централна банка и националните централни банки во Европската Унија предлагаат да се укине обврската издавачите на стејблкоини да чуваат минимален дел од своите резерви како депозити во банки, објави Reuters.

Во моментов, според правилата на MiCA, издавачите на стејблкоини треба да чуваат 30 отсто од резервите како банкарски депозити, а кај поголемите издавачи тој удел изнесува 60 отсто. Централните банки предлагаат ова правило да се замени со барање одреден минимален дел од резервите да биде вложен во средства што доспеваат во рок од еден до пет работни дена.

Според Европскиот систем на централни банки, чувањето на резервите како банкарски депозити може да ја промени структурата на финансирање на банките, бидејќи постабилните депозити на граѓаните би можеле да бидат заменети со депозити од издавачи на стејблкоини, кои се почувствителни на пазарни движења.

Европските монетарни власти предупредуваат и на ризиците поврзани со таканаречените модели на повеќекратно издавање на стејблкоини, кај кои токените издадени во ЕУ се третираат како заменливи со оние издадени надвор од Унијата. Според нив, ваквите модели можат да создадат ризици за финансиската стабилност.

Централните банки дополнително укажале дека европските регулатори се соочуваат со значителни предизвици во спроведувањето на правилата за крипто-секторот, бидејќи дел од компаниите што не се усогласени со прописите и натаму имаат пристап до клиенти во ЕУ.

Продолжи со читање

Банки

Околу 80 вработени во Стопанска банка даруваа крв во крводарителска акција

Објавено

на

Околу 80 вработени во Стопанска банка АД – Скопје вчера учествуваа во крводарителска акција, покажувајќи хуманост и солидарност преку доброволно дарување крв.

Од Банката истакнаа дека со оваа акција вработените уште еднаш покажале дека и еден мал гест може да има големо значење за оние на кои им е потребна помош.

Стопанска банка упати благодарност до сите вработени кои учествуваа во акцијата, нагласувајќи дека со својата несебичност придонесуваат за поддршка, надеж и шанса за живот.

Крводарителската акција е дел од активностите преку кои Банката и нејзините вработени ја поддржуваат хуманоста и општествената одговорност.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange