Connect with us

Кариера

Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје

Објавено

на

Доколку сакате да ги остварите Вашите желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која определбата за стабилност, ефикасност и иновативност ја гради со успешен и посветен тим професионалци, Комерцијална банка Ве поттикнува да аплицирате за вработување во Банката.

Работна позиција: Стручен соработник за превод во Одделение за SWIFT комуникација, Сектор за платежни услуги и надворешнотрговски инструменти во Скопје.

Тип на вработување: На определено време од 12 месеци, со можност на продолжување на неопределено време.

Работно време: 40 часа неделно.

Почетна основна нето-плата43.023 денари.

Огласот важи до 18.10.2023 година.

Работни цели и задачи:

  • Писмен превод и кореспонденција согласно потребите на организaционите единици во Банката;
  • Устен превод за потребите на Банката при посети од странство и при превод на седници на тела на Банката и за други потреби на Банката;
  • Проверка на превод на документи преведени од страна на други вработени во Банката, како и за други потреби на Банката.

Потребни квалификации и способности:                           

  • Универзитетска диплома – дипломиран/а на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ при Филолошкиот факултет во Скопје на:

– Катедра за преведување и толкување,

– Катедра за англиски јазик и книжевност, преведувачко-толкувачка насока;

  • Одлично познавање на македонскиот литературен јазик, македонскиот правопис и граматика;
  • Најмалку 2 години искуство со преведување и толкување, пишано и вербално, односно паралелно преведување на пишани документи, како и работа со симултан/консекутивен превод на состаноци, семинари, настани;
  • За предност ќе се смета доколку кандидатот во досегашното работно искуство работел/а директно со странски државјани, странски компании и бил/a изложен/а на  мултикултурни средини;
  • Овластување за судски преведувач за англиски јазик;
  • Познавање на релевантна стручна терминологија од областа на банкарството и финансиите;
  • Познавање втор странски јазик ќе се смета за предност;
  • Познавање на MS Office алатки и Windows работна околина;
  • Доверливост при изработка на сите документи и кореспонденција со кои се среќава при вршењето на работата;
  • Висок личен интегритет и чесност;
  • Прецизност во извршување на работните задачи;
  • Ориентираност кон потребите на клиентите;
  • Адаптабилност во динамична работна средина;
  • Комуникациски вештини за работа во тим.

Придобивки за Вас:

  • Пријатна и тимска работна атмосфера во современи работни услови;
  • Обуки од ментори со висок степен на стручност и искуство;
  • Можност за личен и професионален развој, стекнување нови вештини и компетенции;
  • Доброволно приватно здравствено осигурување;
  • Учество во општествено одговорни и спортски активности, корпоративни настани, користење библиотека и сл.

Вие би биле одличен дел од тимот ако ги поседувате потребните вештини, се препознавате во овие вредности и имате силна мотивација за успех.

Аплицирајте на: веб-страницата на Банката на следниот линк https://kb.mk/vrabotuvanje.nspx , преку e-mail: [email protected] или на адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул. Васил Иљоски бр.3, 1000 Скопје, со назнака: „Oглас за вработување на Стручен соработник за превод“.

Телефон за контакт (02) 3168-412

На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.

Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Напомена: Апликацијата за вработување ќе биде третирана како доверлива. Според Законот за заштита на личните податоци, со самото доставување на Вашата апликација за работа согласни сте Вашите лични податоци да се обработуваат во процесот на селекција на кадри во период од 1 година.

Освен за наведениот случај, Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту, пак, достапни на трети лица.

Кариера

АЛТА банка објави оглас за вработување на позицијата бизнис аналитичар (економист)

Објавено

на

АЛТА банка објави оглас за вработување на позицијата бизнис аналитичар (економист), наменета за кандидати со аналитички пристап и интерес за работа на пресекот меѓу ИТ и банкарството.

Како што се наведува во огласот, избраниот кандидат ќе работи на проекти и анализа на деловни процеси, ќе учествува во тестирање и имплементација на апликации, како и во развој и унапредување на системи.

Заинтересираните кандидати треба да испратат биографија и мотивациско писмо на електронската адреса [email protected], со назнака „Бизнис Аналитичар (Економист)“.

Огласот е отворен до пополнување на позицијата. Погледни го целосниот оглас на следниов линк: 👉 http://bit.ly/4tr3soZ See less

Продолжи со читање

Бизнис

„Алкалоид“ АД Скопје четврта година по ред прогласен за победник во категоријата Најпосакуван работодавач

Објавено

на

„Алкалоид“ АД Скопје повторно ја доби довербата на јавноста и беше прогласен за најпосакуван работодавач за 2025 година четврти пат по ред, според анкетата на веб порталот „Вработување.ком“.

Наградата, која беше врачена во рамките на манифестацијата организирана од „Вработување.ком“, се базира на национално истражување за перцепцијата и за искуствата поврзани со работодавачите во земјава.

Континуитетот на ова признание за нас има особено значење. Тој зборува за доследноста во начинот на кој ја градиме нашата работна култура – отворена, стабилна и ориентирана спрема луѓето. Во „Алкалоид“ веруваме дека силната организација започнува со здрави вредности, јасни професионални стандарди, високи етички норми и со заемна доверба затоа што успехот на компанијата произлегува од нејзините вработени.

Луѓето се суштината на сè што правиме. Нивната експертиза, мотивираноста и одговорноста се темелот врз кој се развива нашата компанија, па затоа грижата за нивниот професионален и личен напредок останува еден од нашите клучни стратешки приоритети.

Гледајќи напред продолжуваме со јасна визија да создаваме можности, да поттикнуваме иновации и да обезбедуваме работна средина во која знаењето и талентот се препознаваат и се вреднуваат. Нашата цел е „Алкалоид“ и натаму да остане прв избор за младите луѓе кои ја гледаат својата иднина во одговорна и успешна компанија.

ПР објава

Продолжи со читање

Кариера

Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје вработува кандидат за работнo местo:  Раководител на експозитура.

Локација: Скопје

Работниот однос е на определено време, со можност за продолжување на неопределено време.

Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот

Неделно работно време: понеделник – петок

Работното место воглавно ги опфаќа следните работни активности:

  • ја организира, координира, раководи, дава иницијативи за унапредување на работењето и е одговорен за целокупната работа во Експозитурата;
  • ја претставува експозитурата на позитивен и професионален начин на локално ниво при контакти со јавноста, органите и слично;
  • има активна улога во привлекување нови коминтенти и задржување на постоечките;
  • се грижи и предлага можности за зголемување на профитот на експозитурата за која е назначен;
  • одговорен е за генерирање на побарувачка за кредити и одржување на тековното кредитно портфолио;
  • решава сериозни поплаки од коминтенти, специјални барања и останати комплексни прашања во врска со коминтентите;
  • потпишува договори за кредит, договори за издавање банкарски гаранции, акредитиви и други производи на Банката, одобрени од надлежниот орган или лице со право на одлучување, во нејзино име и за нејзина сметка, a во својство на доверител/заложен доверител, согласно интерните акти на Банката и во рамките на дадените поединечни писмени овластувања;
  • врши менторирање и пренос на знаење на останатите ваботени во Експозитурата;
  • ја оценува работата на вработените во Експозитурата со која раководи и дава предлози до Управниот одбор за нивно унапредување, наградување и предлага изречување мерки за неисполнување работни обврски, кршење на работен ред и дисциплина, утврдени со закон, актите на Банката и договорот за вработување;
  • го контролира следењето и применувањето на процедурите и упатствата на Банката како и прописите од доменот на банкарството од страна на вработените на кои е претпоставен;
  • врши и други работи и работни задачи по налог и насоки на Управниот одбор поврзани со работното место согласно интерните акти на Банката.

Кандидатите треба да располагаат со следните квалификации и познавања:

  • Високо образование (Eкономски факултет или друго соодветно високо образование);
  • Најмалку 3 години работно искуство од конкретната област;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.

Избраниот кандидат треба да ги поседува следните компетенции и вештини:

  • Способност за продажба;
  • Комуникациски вештини;
  • Организациски способности;
  • Способности за раководење и работа со луѓе;
  • Поставување и одржување на позитивни работни врски со внатрешни и надворешни субјекти, за постигнување на целите на Банката;
  • Познавање на прописите поврзани со банкарството.

За ова работно места е предвидена основна нето плата во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот.

Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од успешниот тим на Централна кооперативна банка, испратете CV и пропратно писмо на: [email protected]. Вашата апликација задолжително треба да го содржи работното место за кое аплицирате.

Огласот ќе биде активен заклучно со 30.04.2026 година.

Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување.  Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.

Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange