Банки
Зоран Пановски од Народната банка: Финансиската едукација и соодветната информираност на инвеститорите придонесува за развој на домашните финансиски пазари
Директорот на Дирекцијата за операции на финансиските пазари, Зоран Пановски, учествуваше на Регионалната конференција за техничка анализа на финансиските пазари во организација на Здружението на пазарни техничари од Јужна и Источна Европа – СЕЕМТ.
Во поздравното обраќање, Пановски истакна дека Народната банка има активно учество на меѓународните финансиски пазари, при што одлуките за инвестирање на девизните резерви ги заснова на темелна економска и финансиска анализа, со поткрепа од мноштво технички и квантитативни показатели, коишто придонесуваат за донесувањето навремени инвестициски одлуки засновани врз информации и за соодветно управување со ризиците. Притоа, тој се осврна на значењето и на техничката анализа, нагласувајќи дека со неа се обезбедуваат вредни насоки за инвеститорите и учесниците на пазарот, бидејќи може да се примени на сите финансиски инструменти, вклучително и акциите, обврзниците, стоковните продукти и валутните парови. Таа наоѓа поширока примена на пазарите на стоковни продукти и на девизните пазари, каде што има високофреквентни податоци и инвеститорите се фокусираат на краткорочните, но и повторливите, циклични движења на цените. Оттука, ја истакна потребата од натамошно зајакнување на финансиската едукација и соодветната информираност на инвеститорите, што е од извонредно значење при донесувањето соодветни инвеститорски одлуки.
Директорот Пановски истакна дека една од стратегиските цели на Народната банка е финансиската едукација и инклузија, којашто е тесно поврзана и со развојот на домашните финансиски пазари. Финансиски образованото население и финансиските експерти придонесуваат за приспособување кон промените во општеството, домашната економија и окружување, за зголемена свесност за финансиските можности и ризици, што претставува предуслов за развој на финансиските пазари.
Банки
Комерцијална банка нема да работи на 8 септември по повод Денот на независноста
Комерцијална банка ги информира клиентите дека во вторник, 8 септември, нејзините експозитури и филијали нема да работат по повод државниот празник – Денот на независноста.
Од Банката посочуваат дека неработниот ден се однесува на сите експозитури и филијали на Комерцијална банка.

Редовното работење ќе продолжи по завршувањето на празникот.
Банки
Известување од Стопанска банка за работното време на 8 септември
Стопанска банка АД – Скопје ги информира клиентите дека нејзините филијали нема да работат во вторник, 8 септември 2026 година, по повод државниот празник.
Од Банката посочуваат дека клиентите и за време на празникот ќе можат да ги користат дигиталните услуги кои се достапни 24 часа дневно.

Банкарските услуги ќе бидат достапни преку мобилен телефон, компјутер и банкоматите на Стопанска банка.
Банки
НЛБ Банка: Visa кредитните картички како решение за неочекувани трошоци
Со почетокот на новата учебна година, кога семејните обврски и трошоци се зголемуваат, НЛБ Банка Скопје ја промовира својата понуда на Visa кредитни картички како можност за полесно справување со планираните и непредвидените трошоци.
Од Банката посочуваат дека дефект на апарат во домаќинството или друг ненадеен трошок може да се појави во момент кога семејниот буџет е веќе оптоварен со училишни, спортски и други секојдневни обврски.
„НЛБ Visa кредитни картички, за секој план и секое изненадување“, порачуваат од НЛБ Банка Скопје.

Повеќе информации за условите и понудата на Visa кредитните картички се достапни на официјалната веб-страница на Банката.
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка со промотивна камата од 4,9 отсто за Mastercard Platinum картичката
-
Кариерапред 2 месециСтопанска банка Скопје вработува трезорист, отворен оглас за апсолвенти и дипломирани економисти
-
Анализипред 2 месециДали Македонија ќе ги следи Унгарија, Полска и Литванија и ќе го укине вториот пензиски столб?
-
Продуктипред 2 месециНулта толеранција за измами: Владата усвои нова Стратегија за заштита на финансиските интереси на ЕУ во земјава до 2030 година
-
Банкипред 1 месецПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Кариерапред 2 месециАлта банка со активен оглас за стручен соработник во банкарска експозитура во Велес
-
Банкипред 1 месецСтопанска банка ја почнува исплатата на јулските пензии на 31 јули
-
Бизниспред 2 месециНови цени на горивата: Дизелот поскап за 5,50 денари, бензините за 1,50 денари





