Connect with us

Банки

Стопанска банка а.д. Битола го прослави големиот јубилеј 75 години постоење

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола го прослави својот голем јубилеј 75 години постоење, момент кој не го означува само текот на времето, туку ја нагласува и должината на посветеноста, сигурноста и стабилноста на една од првите домашни банки во земјата.

Преку одговорно кредитирање, остроумни инвестиции и добри финансиски совети, Стопанска банка а.д. Битола во текот на изминатите 75 години придонесе во целост за стабилноста и растот на заедницата на која служи.

Заедно со своите вработени, клиенти, партнери и соработници, но и со голем број на гости од финансискиот и бизнис светот во земјата, Стопанска банка а.д. Битола го одбележа овој голем јубилеј со прослави во Битола и Скопје.

„Овој голем јубилеј е огромен успех за нас, но и признание за сите вас – наши ценети клиенти, посветени вработени и лојални партнери. Тоа е одраз на довербата што ни ја дадовте за да ги заштитиме вашите финансиски интереси и ветувања дека ќе продолжиме да ви служиме со истата посветеност и во годините што доаѓаат“ – изјави м-р Александра Радевска, член на Управниот Одбор на Стопанска банка а.д. Битола.

Одбележувањето на јубилејот помина во фокусот на прославување на традицијата како најзначајна вредност создадена низ годините. Во насока на негување на истата, Стопанска банка а.д. Битола, информираше дека по повод 75 годишнината, во градот Битола ќе постави споменик на легендарниот македонски народен пејач Јонче Христовски, извонреден музички поединец чиј живот и музика имаат оставено неизбришлива трага во македонското културно наследство.

„Додека ги одбележуваме овие 75 години извонредност, возбудени сме за иднината која претстои, а во која како домашна банка остануваме посветени на нашите основни вредности на интегритет, трансарентност и фокусираност кон клиентите“ – додава г-ѓа Радевска.

Банки

Комерцијална банка повторно дел од Скопскиот маратон како златен спонзор на трката од 5 километри

Објавено

на

Комерцијална банка и оваа година ќе биде дел од Скопскиот маратон, еден од најзначајните спортски настани во главниот град, информираат од банката.

Како златен спонзор на трката на 5 километри, од Комерцијална банка велат дека ја поддржуваат иницијативата за поттикнување на физичка активност, здрав начин на живот и заедништво.

„Скопскиот маратон е ден кога градот дише во ист ритам, исполнет со спортски дух, насмевки и позитивна енергија. Илјадници луѓе, со различни приказни, имаат една заедничка цел – да ги поместат сопствените граници“, посочуваат од банката.

Оттаму додаваат дека се горди што се дел од секоја лична победа на учесниците и ги повикуваат граѓаните да се приклучат на настанот.

„Подгответе се и придружете ни се, затоа што полесно е заедно до целта“, порачуваат од Комерцијална банка, потсетувајќи и на учеството и атмосферата од минатогодишното издание на маратонот.

Продолжи со читање

Банки

УНИБанка со промотивни каматни стапки за штедење во евра

Објавено

на

УНИБанка нуди промотивни каматни стапки за депозитниот производ „Депозит Фикс“ и штедење во евра, со пократки рочности од 3, 6 и 12 месеци.

Од банката информираат дека понудата е насочена кон клиенти кои бараат флексибилни и сигурни начини за штедење, со можност средствата да растат и на краток рок.

Новите услови овозможуваат избор на рочност според индивидуалните потреби, атрактивни каматни стапки и сигурност при штедењето во евра.

Оваа понуда е наменета за сите кои сакаат да го оптимизираат своето штедење, без разлика дали станува збор за краткорочни планови или за постепено зголемување на средствата.

Продолжи со читање

Банки

Капитал Банка нуди долгорочни кредити за инвестиции за компании

Објавено

на

Капитал Банка АД Скопје во својата понуда има долгорочни кредити за инвестиции наменети за правни лица, како поддршка за развој и унапредување на бизнисите.

Од банката посочуваат дека капиталните вложувања се важен чекор за зголемување на деловниот капацитет, подобрување на ефикасноста и зацврстување на пазарната позиција на компаниите.

Кредитот се одликува со фиксна каматна стапка од 1,95 проценти, рок на отплата до 144 месеци и грејс период до 12 месеци. Воедно, не се предвидени дополнителни трошоци.

Оваа финансиска можност е наменета за компании кои сакаат да изградат стабилна финансиска основа и да ги реализираат своите инвестициски планови.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange