Банки
Детска работилница за мозаик – нов предизвик на “Халки шарено лето”

Бесплатна работилница за мозаик наменета за деца од 5 до 8 години во среда (23 август) во 18 часот ќе се одржи во Музејот на град Скопје во рамките на иницијативата „Халки шарено лето“ што ја организира Халкбанк АД Скопје. На работилницата „Мозаик што раскажува ѕвездени приказни“ малите учесници ќе работат на шаблони со природни материјали под менторство на искусни уметници.
Во рамките на „Халки шарено лето“ дваесетина деца деновиве лудо се забавуваа учејќи ги основите за ударните инструменти. Под менторство на музичарката Елена Чадиковска, перкусионист и уметникот Урош Вељковиќ, тапанар во рок бенд, децата на практичен начин се запознаа со ритамот на ударните инструменти тапан, триангл, ксилофон и конги.
Вељковиќ вели дека за него како артист, уметник и музичар е многу важно на децата да им пренесе почетно знаење за ударните инструменти.
– Сите во себе го имаат основниот ритам, но им треба поттик за да почнат да го препознаваат. За работа со мали деца е потребно многу трпение, посебно со ударачките инструменти. Па така трпеливо успеавме на тапаните да научиме некои основни ритми и неколку стилови музика во кои тие се употребуваат. Тапаните и ритамот се многу битни во развојот на еден млад ум. И тоа како можат да ја подобрат моториката кај децата, двоење на десната рака од левата и нозете, и двоење на нозете од рацете во различно темпо. Тоа може да влијае само позитивно на тие мали мозочиња на кои светот останува – објаснува Вељковиќ.
Работилницата беше дел од серијата настани „Халки шарено лето“ што се одржува со поддршка од Халканк АД Скопје во соработка со Центарот за визуелна комуникација „Ефектива“. Искусни уметници на децата им ги пренесуваат основите за уметностите со кои се бават, а децата имаат шанса да танцуваат, свират и активно да учествуваат во процесот на создавање уметност.
На следната работилница децата ќе имаат интересен предизвик – како се прават мозаици. Работилницата е насловена „Мозаик што раскажува ѕвездени приказни“ и е наменета за деца од 5 до 8 години. Малите учесници нема само да ги учат основите на мозиакот, туку низ тимска работа ќе учат за реупотреба на материјалите, важноста на рециклирањето, но и да се почитуваат меѓусебно.
Работилницата ќе се одржи во среда (23 август) во 18 часот во Музејот на град Скопје. Местата се ограничени на 20 деца кои може да ги пријавите на официјалната Фејсбук страница на Халки – ЛИНК
Организатор на настанот е Халкбанк АД Скопје, која се погрижи најмладите и за време на летниот распуст да имаат интересни активности кои ќе придонесат за развој на нивните креативни вештини и знаења. За создавање образована публика за културни настани, потребна е стратегија и имплементација на која ќе се работи секојдневно. Халкбанк АД Скопје со ваквите активности покажуваат посветеност и одговорност во овој исклучително значаен процес за децата.
Комерцијален текст
Нарачател: Халкбанк АД
Банки
Одлука на Народната банка: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот ќе изнесува 1,75% и во третото тримесечје од 2026 година

Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука да се задржи висината на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките кон клиенти од земјава на 1,75% од активата пондерирана според ризиците и во третото тримесечје од 2026 година.
Ваквата одлука е заснована на повеќе клучни показатели коишто не упатуваат на остварување на позначителни системски ризици. Беше заклучено дека банкарскиот систем според сите показатели е стабилен, со добра солвентност и ликвидност, ниска стапка на нефункционални кредити и солидна профитабилност. Во исто време се забележува одредено повторно забрзување на растот на цените на недвижностите и на станбените кредити, а понагласени се и ризиците од надворешното окружување. При вакви ризици, но при добра подготвеност на банкарскиот сектор за справување со евентуални шокови, се оцени дека стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот од 1,75% засега е соодветна на макрофинансиските услови и на состојбите во банкарскиот сектор.
Народната банка и натаму внимателно ќе ги следи системските ризици и ќе ја оценува висината на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот на редовна квартална основа. Макропрудентната политика на Народната банка, како и досега, ќе биде насочена кон зачувување на отпорноста на банкарскиот систем и спречување или намалување на системските ризици.
Банки
Гувернерот Славески на средба со претставникот на ЕБОР: Макроекономската стабилност е клучот за побрза конвергенција

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, денес оствари средба со раководителот на Канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во земјава, Фатих Туркменоглу. Средбата претставуваше можност за размена на мислења за економската состојба и потенцијалот за зајакнување на соработката меѓу двете институции заради поддршка на одржливиот развој.
Тие разговараа пред сѐ за значењето на макроекономската стабилност како предуслов за побрза економска конвергенција кон Европската Унија. Гувернерот Славески ја нагласи заложбата на Народната банка за водење предвидлива и одговорна монетарна политика, што придонесува кон ценовна и финансиска стабилност, создавајќи сигурна основа за економски раст и структурни реформи.
„Цврстата макроекономска основа, којашто ја одржуваме преку стабилноста на девизниот курс, контролата на инфлацијата и преку стабилниот банкарски сектор, е важен двигател на довербата кај инвеститорите и поддршка за домашната економија“, истакна гувернерот Славески.
Во контекст на најновиот извештај на ЕБОР, соговорниците се осврнаа и на предизвиците поврзани со ниската продуктивност, потребата од унапредување на деловното окружување и поттикнување на дигитализацијата и иновациите. Беше истакнато дека зајакнувањето на конкурентноста, отпорноста и на владеењето на правото е суштествено за одржливоста на пазарната економија.
Гувернерот посочи дека пристапот до финансирање и солидната кредитна поддршка на компаниите, овозможени и преку мерките на Народната банка, се важен столб за поттикнување на продуктивноста и за вклучување на економијата во светската производствена мрежа.
Двајцата соговорници ја нагласија важноста од натамошното унапредување на соработката меѓу Народната банка и ЕБОР, особено во областите поврзани со дигитализацијата, одржливото финансирање и зајакнувањето на отпорноста на финансискиот систем.
Банки
Средба Славески–Паолучи: Народната банка е важен фактор за стабилноста

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, оствари прва работна средба со директорот на Светската банка во Северна Македонија, Масимилијано Паолучи.
На средбата беше нагласено дека Народната банка е кредибилна институција и столб на макроекономската и финансиската стабилност во земјата. Двајцата соговорници ја истакнаа важноста на досегашната успешна соработка меѓу двете институции и изразија подготвеност за продлабочување на партнерството, особено во контекст на структурните реформи, дигитализацијата и унапредувањето на сеопфатноста и отпорноста на економијата.
Гувернерот Славески посочи дека Народната банка и во иднина ќе биде отворена за соработка во областа на техничката помош и анализа, особено преку проекти коишто ќе придонесат за натамошно зајакнување на институционалниот капацитет, како и за поддршка на политиките за финансиска вклученост и одржлив развој.
Директорот Паолучи истакна дека Светската банка е свесна за значајната улога на Народната банка во одржувањето на стабилноста и на довербата во економијата и изрази подготвеност за понатамошна поддршка на процесите важни за економскиот напредок на земјата.
- Банкипред 1 месец
НЛБ Банка Скопје e првата банка во земјата со формална апликација кон СЕПА, единствената област за плаќање во евра
- Банкипред 2 месеци
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 20,1%!
- Банкипред 2 месеци
Централна кооперативна банка АД Скопје: Известување за исплата на пензиите за април 2025 година
- Банкипред 2 месеци
Стопанска банка АД – Скопје во првиот квартал од 2025 година оствари добивка од 13,5 милиони евра!
- Анализипред 1 месец
АНАЛИЗА: Дали Македонците најмногу пари трошат за време на попусти, одмори или празници?
- Берзапред 2 месеци
Заеднички настан на Македонска берза и EBRD „Финансирајте се пазарно!“
- Банкипред 1 месец
ММФ оценува дека Народната банка успешно се справува со шоковите и ја води политиката претпазливо и професионално
- Банкипред 1 месец
Халкбанк АД Скопје со нова експозитура во Diamond Mall – банкарските услуги поблиску до клиентите