Uncategorized
ИутеКредит Македонија вработува Административен специјалист за картички и оперативни работи
IuteCredit Macedonia е дел од мултинационалната бизнис корпорација – IuteGroup AS која што е избрана за една од најбрзорастечките компании во Европа. Македонските канцеларии се отворени од 2017 година и оттогаш создаваме исклучително корисничко искуство преку нашите извонредни луѓе. Како една од најбрзите и најудобните финасиски компании со кредитни производи кои клиентите ги претпочитаат, бараме амбициозен карактер кој ќе му се придружи на нашиот тим за да ја направиме нашата одлична работна средина уште поубава.
Во врска со нашиот постојан развој, бараме:
Административен специјалист за картички и оперативни работи
Главни одговорности:
- Помага во активностите поврзани со картичките, вклучително, но неограничувајќи се на соработката со сите членови од тимот на Иуте Кредит, групација Иуте Group AS, издавачи и процесори на картички, добавувачи и соработници
- Одговорен е за следење, контрола и обработка на дневни парични трансакции, вклучувајќи плаќања, прилагодувања, корекции и дневно следење на балансите поврзани со картичното работење
- Реализира, спроведува и контролира размена на фајлови со процесинг центарот и CMS – Системот за менаџирање со картички според внатрешни процеси и процедури
- Водење евиденција на дневни залихи на издадени и персонализирани картички по експозитури и навремена дистрибуција на картичките до секоја експозитура
- Координира надминување и решавање на проблемите при прекин на услугата помеѓу CMS – системот за менаџирање со картички, тековните софтвери, банките и Мастеркард
- Нарачува картички и ПИН-ови, креира и оддржува датотеки во софтверите и ја потврдува точноста на картичките
- Ја спроведува поставената мрежа за испраќање на нови и обновени картички до клиенти согласно интерните процедури
- Следи и превенира било какви индикации или активности за измама во картичното работење
- Ги организира и координира работите во врска со приемот, евиденцијата и решавањето на рекламациите од трансакции со платежни картички
- Подготвува и следи извештаи и статистики за картички на дневно, неделно и месечно ниво како и соодветно следење на планираниот буџет за приходите и трошоците поврзани со картичките од било кој аспект, како и ад хок извештаи на барање на менаџментот
- Имплементира оперативни процедури во согласност со стратегијата и работата на компанијата
- Работи во согласност со најновите правила, процедури и прописи за картички
- Се придржува кон процедурите за усогласеност и контролите за внатрешен оперативен ризик во согласност со сите важечки регулаторни стандарди, барања и политики
- Обезбедува поддршка на филијалите / Контакт Центарот за клиенти со изгубена / украдена картичка, блокада на картички
- Учествува во промоција и продажба на производи и услуги од компанијата;
- Активно делува во тимот за оперативна поддршка во сите оперативни активности на компанијата
Вештини и способности:
- Организиран и фокусиран кон детали
- Способност за планирање на личен обем на работа
- Способност за самостојно одлучување во согласност со секојдневните работни задачи
- Способност за работа во тим
- Можност за работа во смени
Потребни квалификации/искуство:
- Високо образование (дипломиран економист или друга сродна област)
- Најмалку 1 година претходно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност
- Одлично познавање на македонскиот и англискиот јазик,
- Напредни MS Office компјутерски вештини особено Microsoft Excel
Компанијата нуди:
- Атрактивна плата
- Позитивна, динамична и мотивирачка работна атмосфера
- Можност за стручни и едукативни обуки
- Настани поврзани со поттикнување на тимски дух
Зошто да работите во IuteCredit Macedonia:
- Поседуваме пријатни и убави канцеларии
- Работиме на интересни, предизвикувачки работни задачи секојдневно
- Нашата динамична работна култура значи дека мислењето на секој вработен е важно. Можете да придонесете и да дадете свој печат
- Брзиот развој подразбира дека има многу можности за развој
- Едноставна организациска структура
- Правилен избор доколку сакате да бидете дел од мултикултурен, разнолик тим
- Редовни интересни активности, натпреварувања и бенифиции за вработените
Заинтересирани?
Доколку сте пријателски насочен, независен и професионален тимски играч, одлично ќе се вклопите во нашиот тим! Испратете ја Вашата биографија на [email protected], со назнака Административен специјалист за картички и оперативни работи не подоцна од 23.08.2023 година.
Со Вашата апликција давате согласност за проследување на Вашите лични податоци вклучени во документите кои ги праќате, за потребите на моменталните и идните регрутациски процеси спроведени од страна на IuteCredit Macedonia, а во согласност со важечките закони од оваа област. Сите апликации се земаат во предвид со високо ниво на доверливост. Само кандидатите избрани во потесен круг ќе бидат контактирани.
Uncategorized
НЛБ Фондови со нов инвестициски прашалник за полесен избор на фондови
НЛБ Фондови АД Скопје ги повикува граѓаните да го откријат својот инвестициски профил преку нов онлајн инвестициски прашалник, наменет да им помогне полесно да ги разберат сопствените финансиски цели и односот кон ризикот.
Од компанијата информираат дека прашалникот се состои од пет едноставни прашања, преку кои корисниците можат да добијат подобра слика за тоа колкав ризик се подготвени да преземат при инвестирање и кои видови фондови најмногу одговараат на нивните потреби.
Според НЛБ Фондови, алатката помага да се утврди дали инвеститорот е повеќе насочен кон сигурност или е подготвен да прифати повисок ризик со цел да оствари потенцијално поголем принос. Дополнително, корисниците добиваат насоки за тоа дали за нив се посоодветни акциски, комбинирани, обврзнички или парични фондови.
По завршувањето на прашалникот, достапен е и персонализиран PDF извештај со препорачан инвестициски сооднос.
Од НЛБ Фондови нагласуваат дека прашалникот има исклучиво информативна намена и не претставува инвестициски совет. Како што посочуваат, одлуките за вложување треба да се носат по внимателно разгледување на ризиците и карактеристиките на фондовите.
Uncategorized
ЦКБ со умерен раст и зголемена претпазливост оствари добивка од 13,6 милиони денари во 2025 година
Централна кооперативна банка АД Скопје ја заврши 2025 година со добивка од 13,64 милиони денари, остварена во четвртото тримесечје, во услови на сложено макроекономско опкружување, растечка инфлација и зголемени каматни стапки. Банката работеше во средина на стабилен раст на потрошувачката и инфраструктурни инвестиции, но и под влијание на геополитички ризици и рестриктивна монетарна политика.
Силен раст на билансот и солидна кредитна активност
Во текот на 2025 година, вкупната актива и пасива пораснаа за 17%, со што е остварување од 108% од деловниот план. Кредитите и побарувањата од комитенти бележат раст од 5%, при што планот е исполнет со 97%, а најголем дел од растот произлегува од кредитирање на физички лица.
Паричните средства и паричните еквиваленти се зголемени за 17%, додека вложувањата во хартии од вредност бележат значително повисоко ниво и се 46% над планираното, што укажува на повисока ликвидносна заштита и конзервативен пристап во управувањето со средствата.
Раст на депозитите, но и на каматните расходи
Депозитната база на Банката е зголемена за 20% во однос на крајот на 2024 година и за 10% над планот, како резултат на зголемените каматни стапки на депозитите. Овој тренд директно се одрази и врз трошоците, оттука расходите за камати се повисоки за 15% на годишно ниво и за 9% над планираното.
И покрај тоа, Банката оствари раст на вкупните приходи од камати од 9%, а нето-каматниот приход е зголемен за 6%, што укажува на релативно успешно менаџирање на каматниот маргин во услови на силна конкуренција.
Провизии, трошоци и влијание на МСФИ 16
Приходите од провизии бележат годишен раст од 7%, но остануваат 6% под планот, додека нето-приходите од провизии се зголемени симболично за 1%. Трошоците за вработени се повисоки за 12%, во линија со планираното, а останатите оперативни расходи се зголемени за 8%.
Значителен раст е забележан кај расходите за амортизација (+69%), како резултат на примената на МСФИ 16, што влијаеше и врз растот на недвижностите и опремата од 25% на годишно ниво.
Зголемени резервации и судски ефект
Во текот на 2025 година, Банката издвои 10,67 милиони денари нето резервации за кредитен ризик, што претставува зголемување од 5,21 милиони денари во однос на претходната година. Дополнително, еден судски спор имал материјално значајно негативно влијание врз финансискиот резултат.
Без дивиденда и фокус на стабилност
ЦКБ во 2025 година не исплати дивиденда, задржувајќи конзервативна политика на капитал и ликвидност. Во делот на задолжувањата, Банката користела кредитна линија од Развојната банка на СМ во износ од 27,5 милиони денари.
Очекувања: претпазлив оптимизам и фокус на квалитет
За наредниот период, ЦКБ очекува постепена стабилизација на макроекономските услови и внимателно олеснување на монетарната политика. Банката најавува задржување на високата претпазливост при кредитирањето, фокус на квалитетот на портфолиото, модернизација на технолошката платформа и зајакнување на клиентското искуство.
Uncategorized
Стопанска банка овозможи дигитално ажурирање на лични податоци преку OneID
Стопанска банка АД – Скопје им овозможува на своите клиенти кои поседуваат дигитална електронска идентификација OneID да ги ажурираат своите лични податоци во Банката лесно, брзо и безбедно, во секое време и без посета на филијала.
Постапката е едноставна: започнува со посета на веб-страницата https://id.stb.com.mk/ и паралелно користење на мобилната апликација OneID. Со оваа нова дигитална услуга, Банката им овозможува едноставен и удобен начин на клиентите да ја исполнат нивната законска обврска за ажурирање на личните податоци.
„Флексибилноста и зголемената достапност на нашите производи и услуги се императив за новите функционалности кои ги развиваме и планираме за претстојниот период“ – истакнуваат од Стопанска банка АД – Скопје.
Повеќе информации за сервисот можете да најдете на следниот линк. Банката подготви и видео упатство за користење на оваа нова услуга.
-
Останатопред 2 месеци
Почна исплатата на средствата од МојДДВ за првиот квартал од 2026 година
-
Бизниспред 2 месециОд полноќ нови цени на горивата
-
Бизниспред 2 месециДизелот од полноќ поевтинува за 4 денари
-
Банкипред 2 месециХалкбанк со кредитна линија за поддршка и развој на одржлива земјоделска активност во соработка со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ)
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка со зголемен максимален износ на станбените кредити и нова промоција – Без манипулативни трошоци и трошоци за проценка
-
Банкипред 1 месецХалкбанк АД Скопје информираше дека пензиите за месец мај се веќе исплатени и достапни за корисниците
-
Банкипред 1 месецАЛТА Банка: Денеска започнува исплатата на мајските пензии
-
Советипред 1 месец
УЈП: За користење на „МојДДВ“ задолжителна е регистрација во е-Даночни услуги

