Connect with us

Вработување

УНИБанка вработува Раководител и Референт на фронт офис во експозитура во Скопје

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје вработува Раководител на експозитура во Скопје и Референт на фронт офис во експозитура во Скопје.

 Позиција: Раководител на експозитура во Скопје

 

Потребни квалификации:

  • Високо образование – Економски факултет
  • Работно искуство од најмалку 3 години – банки и финансиски институции ќе имаат приоритет во изборот
  • Одлично познавање на пазарните прилики
  • Познавање на англиски јазик
  • Одлично познавање на Microsoft Office
  • Возачка дозвола Б категорија

Избраниот кандидат треба да поседува:

  • Менаџерски и лидерски способности;
  • Силни преговарачки способности и страст за продажба и работа со клиенти;
  • Подготвеност за преземање одговорност и иницијатива и способност за брзо реагирање;
  • Висок личен интегритет, деловен и професионален однос;
  • Комуникациски, организациски и аналитички вештини, ориентираност кон резултати, способност за тимска работа;
  • Способност за самостојно носење одлуки и расчистување на проблематични ситуации;
  • Висока мотивираност за остварување на зададените цели;

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените критериуми ќе бидат повикани на интервју. Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија на македонски јазик на [email protected], или на адреса: Максим Горки бр. 6, 1000 Скопје, најдоцна до 20.08.2023 година.

Позиција: Референт на фронт офис во експозитура во Скопје

Kвaлификации:

Диплома за завршено високо образование;

Познавање на работа со компјутери;

Познавање на англиски јазик;

Висока мотивираност за остварување на зададените цели и за стекнување на нови знаења

Избраниот кандидат треба да поседува:

Одлични организациски и комуникациски вештини;

Желба за непосредна работа со клиенти;

Прецизност, точност и аналитички пристап во работењето;

Афинитети за тимска работа и работа под притисок;

Аналитичен пристап кон задачите и реализација во кратки рокови

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија на македонски јазик на [email protected], или на адреса: Максим Горки бр. 6, 1000 Скопје, најдоцна до 20.08.2023 година.

Со пријавување на огласот ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги собира, обработува и чува Вашите лични податоци за потребите на процесот на регрутација за цело време додека трае истиот, а по завршувањето на истиот податоците може да се чуваат во базата на податоци на Банката за регрутациски потреби согласно законсите прописи.

Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото на следниот линк: [email protected]

Вработување

Оглас за вработување во Штедилница Можности

Објавено

на

Градете ја својата кариера и развивајте се како професионалец во областа на кредитирање и финансии со Штедилница Можности. Ако се идентификувате со визијата и мисијата на Штедилница Можности и ве интересира кредитирање и финансии,

 Штедилница Можности вработува:
Службеник за односи со клиенти во експозитурите на штедилницата во
Тетово, Велес и Кавадарци

Работни задачи:

  • Градење на квалитетни односи со клиенти.
  • Промоција и продажба на финансиски продукти,
  • Проценка на кредитни барања,
  • Подготовка на анализи и финансиски извештаи,
  • Посета на клиенти кредитобаратели или кредитокорисници,
  • Помош на корисниците на кредит и кредитобаратели во одредување на нивните бизнис потреби,
  • Градење на квалитетни односи со клиенти.

Потребни знаења и вештини:

  • Завршено високо образование со основни познавања на финансиски извештаи
    или средно образование со познавања на финансиски извештаи или соодветно
    работно искуство од областа на финансии и/или банкарско работење,
  • Способност за тимска работа но и самостојност,
  • Добри комуникациски вештини и способност за решавање на проблеми преку
    ефикасна комуникација,
  • Солидно познавање на англиски јазик,
  • Работно искуство во дејноста е добредојдено но не е задолжително,
  • Мотивираност за проучување, совладување и примена на нови методологии,
    техники и технологии,
  • Задолжително поседување на возачка дозвола Б категорија.

Бенефиции:

  • Конкурентна плата за кандидати со и без релевантно работно искуство,
  • Континуирани обуки за професионален развој,
  • Работа во интересна и динамична работна средина.

Штедилница Можности нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување, како и напредок и развој во кариерата во интересна и динамична работна средина.

Заинтересирани кандидати, доколку сакаат да станат дел од успешниот тим на Штедилница Можности, испратете CV на e-mail: [email protected] и [email protected], со назнака за експозитурата
за која се аплицира. Огласот е активен до 26.05.2025 година.

Вашите апликации за вработување ќе бидат третирани со строга доверливост.

Со праќање на вашата апликација за вработување се согласувате компанијата да може да ги собира, обработува и чува вашите лични податоци за потребите на процесот на регрутација додека трае.

Продолжи со читање

Вработување

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје има потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција:

Референт за позадински операции
во Сектор Плаќања во земјата
во Дирекција Платни системи

Продолжи со читање

Вработување

Оглас за вработување во Комерцијална банка

Објавено

на

Доколку сакате да ги остварите вашите желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која определбата за стабилност, ефикасност и иновативност ја гради со успешен и посветен тим на професионалци, аплицирајте за вработување во Комерцијална банка АД Скопје.

Работна позиција: Помлад соработник – Cashier

Тип на вработување: На определено време од 12 месеци, со можност за продолжување на Договорот за вработување.

Работно време: 40 часа неделно.

Огласот важи до: 15.04.2025 година

Работни цели и задачи:

  • Извршување готовински и безготовински платежни трансакции во денарскиот платен промет,
  • Понуда на депозитни производи,
  • Промоција и продажба на банкарски производи,
  • Брз трансфер на пари,
  • Менувачко работење,
  • Учество во промотивни кампањи.

Потребни квалификации и способности:                           

  • Завршено високо образование од областа на економските науки,
  • Познавање англиски јазик и MS Office алатки,
  • Со или без работно искуство,
  • Висок личен интегритет, доверливост и чесност,
  • Прецизност во извршување на работните задачи,
  • Ориентираност кон потребите на клиентите,
  • Адаптибилност во динамична работна средина,
  • Комуникациски вештини за работа во тим.

Придобивки за Вас:

  • Пријатна и тимска работна атмосфера во современи работни услови,
  • Обуки од ментори со висок степен на стручност и искуство,
  • Можност за личен и професионален развој, стекнување нови вештини и компетенции,
  • Доброволно приватно здравствено осигурување,
  • Програма за спорт и рекреација,
  • Учество во општествено одговорни и спортски активности, корпоративни настани, користење библиотека и сл.

Вие би биле одличен дел од тимот ако ги поседувате потребните вештини, се препознавате во овие вредности и имате силна мотивација за успех.

Аплицирајте преку веб страницата на банката, на следниот линк https://kb.mk/vrabotuvanje.nspx#!#jobs , преку e-mail адресата: [email protected] или по пошта на адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул.Васил Иљоски бр. 3, 1000 Скопје, со назнака: „Oглас за вработување Помлад соработник – Cashier”.

Телефон за контакт: (02) 3168-412

На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.

Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Напомена: Апликацијата за вработување ќе биде третирана како доверлива. Според Законот за заштита на личните податоци со самото доставување на вашата апликација за работа согласни сте вашите лични податоци да се обработуваат во процесот на селекција на кадри во период од 1 година. Освен за наведениот случај, вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту, пак, достапни на трети лица.

Продолжи со читање

Популарно