Connect with us

Банки

Шпаркасе Банка организира Академија – „Млад банкар”

Објавено

на

Во рамките на платформата #кариерабезбариера, Шпаркасе Банка организира Шпаркасе Академија – „Млад банкар” во периодот – ноември и декември 2023. Пријави се за учество и стекни се со нови знаења и вештини, искористи ја оваа шанса да ја лансираш својата кариера.
Програмата се состои од едукативен и компетитивен дел во кои учесниците ќе имаат можност да следат предавања и обука од стручни лица од областа, но и тимски да се натпреваруваат меѓусебно со сопствени проекти, развиени за времетраење на школата. За најдобриот тим следува награда!


Повикот е отворен за сите заинтересирани студенти (Економски, Организациски и сродни студии) кои можат да се пријават онлајн со испраќање на CV на [email protected], во периодот од 14.08.2023 до 31.08.2023 година.

Бројот на учесници е ограничен на 20 студенти кои по завршувањето на академијата ќе се стекнат со сертификат за учество.

Банки

Халкбанк Back to school шопинг со топ брендови и 3% поврат при плаќање со картичка 

Објавено

на

Подготовките за новата учебна година секогаш носат динамика и потреба за внимателно планирање на шопингот. Халкбанк им овозможува на своите клиенти да уживаат во безгрижно и паметно пазарување со специјалната Back to school кампања, во рамки на која сите корисници на кредитни картички на Халкбанк добиваат 3% поврат од секоја трансакција направена при онлајн купување во избраните е-commerce продавници.

За сите ученици и родители, но и за оние кои сакаат да ја обноват својата гардероба или да набават книги и канцелариски материјали, Халкбанк обезбедува 3% поврат во вид на бонус поени за секоја трансакција направена онлајн преку интернет страниците на Office PlusZafir KomercMaticaReservedSinsayCroppHousebrand и Mohito. Со само неколку клика, клиентите можат да направат избор, да ја завршат нарачката и да платат со кредитна картичка на Халкбанк и да добијат 3% поврат во вид на бонус поени.

Бонус програмата на Халкбанк е создадена за да ги наградува лојалните клиенти. Со секое купување со кредитна картичка на одредени продажни места, бензински пумпи, аптеки, продавници и веб продавници, клиентите добиваат одреден процент од вредноста на трансакцијата во форма на бонус поени на својата картичка. Еден бонус поенвреди еден денар, а акумулираните поени потоа можат да се искористат при следни пазарувања на било кое продажно место на ПОС терминал на Халкбанк.

Со оваа кампања, подготовките за новата учебна година стануваат поедноставни, поисплатливи и поудобни. Клиентите имаат можност да купуваат кај најдобрите брендови, да ја почувствуваат удобноста на онлајн шопингот и да уживаат во дополнителниот поврат што ја прави секоја трансакција повредна. Со Халкбанк, секое плаќање вреди повеќе.

Продолжи со читање

Банки

Орлин Ваташки e нов член на Управниот одбор на УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

Орлин Ваташки е именуван за нов член на Управниот одбор на УНИБанка АД Скопје и официјално веќе од 21.08.2025г. е дел од највисокиот раководен тим на Банката.

Станува збор за врвен банкарски професионалец со повеќе од 20 години работно искуство во финансискиот сектор, период кога бил на повеќе одговорни раководни позиции и успешно се справувал со сите предизвици.

Почестен сум од довербата да бидам именуван за член на Управниот одбор на УНИБанка АД Скопје. Со благодарност ја прифаќам одговорноста, верувајќи дека сите заедно како колектив имаме голем потенцијал и можеме да ја исполниме нашата мисија. Подобрувањето на услугите за клиентите, креирање иновативни продукти, активно унапредување на дигитализација на Банката,како и севкупното подобрување на перформансите на банката се сегменти од работењето кои ќе бидат во мојот фокус”,  истакна г. Ваташки.

Во неговата досегашна банкарска кариера бил дел од Банка Пиреос Бугарија, Софија,  како Раководител на одделение во Дирекција Проблематични кредити, потоа од МКБ Унионбанк, Софија,  која е дел од Bayern LB Германија, како Раководител на Одделение Проблематични побарувања, а за истакнување е и неговото искуство во Прва Инвестиционна Банка, Софија, како Директор на Дирекција Проблематични активи.

Г-динот Ваташки во УНИБанка АД Скопје ќе биде одговорен за дирекциите: Управување со ризик, Финансии и сметководство, Информатички технологии, Платни системи, Управување со проблематични пласмани, Картично работење и Кредитна администрација.

УНИБанка АД Скопје неколку години по ред остварува исклучителни резултати. И најновиот финансиски извештај за првиот семестар од 2025г. покажува раст на кредитирањето и нивото на депозити, раст на добивката и висока позиционираност во сегментот средни банки. Акциите на банката неколку години по ред се меѓу најпосакуваните на Македонската берза, што е потврда за добрата стратегија, одличната кадровска структура и воопшто за успешното работење на оваа институција.

Продолжи со читање

Банки

Билал Суџубаши по осум години на чело на Халкбанк АД Скопје заминува на нова функција

Објавено

на

По осум успешни години на чело на Халкбанк АД Скопје, главниот извршен директор Билал Суџубаши ја продолжува својата професионална кариера како прв човек на Halkbank Katilim во Турција. Одборот на директори на Халкбанк Туркије во мај оваа година донесе одлука за формирање партиципативна банка со филијали, назначувајќи го Суџубаши со неа да раководи во наредниот период.

Суџубаши е на чело на Управниот одбор на Халкбанк АД Скопје од 2017 година, а неговиот мандат лани беше продолжен за нови две години. Во текот на неговото раководење, Халкбанк ја зацврсти својата позиција на македонскиот банкарски пазар и се етаблираше како растечки и стабилен бренд што ја реализира својата глобална визија преку понуда на иновативни производи и услуги, паралелно со континуирано зголемување на довербата од страна на клиентите, што е најголемиот показател за успешноста.

Кога Суџубаши застана на чело на банката, на крајот на 2016 година активата на Халкбанк изнесуваше 582 милиони евра, а 2024 година банката ја заврши со актива од 1.852 милиони евра како резултат на органски раст, зголемена деловна активност и силна доверба на пазарот. Халкбанкденес е една од системски значајните банки во земјата која чекор по чекор се приближува до трите најголеми банки.

Банката изминатите години бележеше постојан раст на депозитната база и на кредитирањето, остварувајќи значајни профити. 2024 година банката ја заврши со кредитно портфолио од 1,17 милијарди евра што е за речиси 170 милиони евра повеќе од 2023, депозитна база од 1,325 милијарди евра, што е раст од 241 милиони евра и остваренането добивката од над 30 милиони евра. 

Халкбанк како предводник во дигитализацијата на банкарскиот сектор во земјава, во изминативе години посвети големо внимание и на воведување услуги базирани на новите технологии и меѓу првите воведе низа дигитални производи и иновации. 

Халкбанк е и прв избор за новоформирани компании, препознатлива по својата иновативност и лидерска позиција во воведување нови услуги.

Под водство на Суџубаши, банката посвети и сериозно големо внимание на општествената одговорност и поддршка на заедницата, станувајќи препознаена како еко ориентирана институција и како банка која придонесува за отворање и решавање на низа општествени и социјални теми. Но, најважно од се, Халкбанк под неговото раководство стана препознаена како бренд и компанија која се води и функционира во согласност со својот слоган –  ВАЖНИ СЕ ЛУЃЕТО.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange