Connect with us

Банки

Халкбанк го зголеми капиталот за нови 30 милиони евра

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје изврши зголемување на капиталот за нови 30 милиони евра, што претставува нова значајна докапитализација и изразена поддршка од главниот акционер на банката – Халкбанк АШ Турција.

Комисијата за хартии од вредност донесе Решение со кое е одобрена XХ-та емисија на хартии од вредност по пат на приватна понуда. Односно, Халкбанка А.Д. Скопје изврши зголемување на основната главнина со издавање на 184.500 обични акции со номинална и продажна вредност од 10.000,00 денари по акција или со вкупен износ на емисијата од 1.845.000.000 денари, а единствен купувач е матичната банка Халкбанк АШ Турција.

Халкбанк АД Скопје е еден од најголемите и најсилни брендови на македонскиот финансиски пазар, со постојан раст во сите сегмени на деловното работење. Таа е стабилна банка од аспект на капиталот, што се обезбедува преку додавање на капиталот на сите добивки кои што ги остварува во Северна Македонија и многу повеќе од тоа, сé со цел да се обезбеди одржлив и здрав раст. Новата докапитализација е потврда за стабилноста и сигурноста на банката и посветеноста кон нејзиниот раст на македонскиот финансиски пазар.

Банки

Шпаркасе Банка нуди онлајн потрошувачки кредит: Пари на сметка за само 10 минути

Објавено

на

Шпаркасе Банка нуди онлајн потрошувачки кредит, со кој клиентите можат брзо и едноставно да обезбедат финансиски средства без посета на филијала и без сложена документација.

Од банката информираат дека аплицирањето се врши целосно дигитално преку апликацијата S-Banka или преку Net Banking, а процесот е достапен 24 часа на ден, седум дена во неделата. Според информациите, одобрените средства може да бидат префрлени на сметката на клиентот за само десет минути по поднесувањето на апликацијата.

Онлајн потрошувачкиот кредит е наменет за корисници кои сакаат брзо финансирање за различни потреби, од патувања и лични планови до други тековни трошоци, без дополнителни административни процедури.

Од Шпаркасе Банка нагласуваат дека услугата е дизајнирана да овозможи едноставно, брзо и целосно дигитално искуство за клиентите.

Повеќе информации за понудата се достапни на: https://bit.ly/40EM5Ee

Продолжи со читање

Банки

Халк банка нуди потрошувачки кредит до 2,5 милиони денари

Објавено

на

Халкбанк им нуди на клиентите можност за потрошувачки кредит до 2.500.000 денари, наменет за реализација на различни лични планови и потреби.

Кредитот е достапен со рок на отплата до 120 месеци и фиксна каматна стапка, што овозможува поголема предвидливост при отплатата. Понудата е наменета за приматели на плата и пензионери кои имаат сметка во Халкбанк.

Средствата може да се искористат за различни намени, како реновирање на домот, купување автомобил или други лични инвестиции, во зависност од потребите на клиентите.

Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање се достапни на веб-страницата на банката: https://www.halkbank.mk/promo-kredit-10-mk.nspx

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка нуди можност за плаќање преку Google Wallet

Објавено

на

Стопанска банка им нуди на своите клиенти можност за користење на Google Wallet, што овозможува брз и сигурен пристап до платежните картички преку мобилен уред.

Корисниците можат да ги додадат своите картички од Стопанска банка во Google Wallet и да плаќаат на сите продажни места каде што се прифаќа Google Pay и бесконтактни плаќања. На овој начин плаќањето може да се изврши едноставно преку мобилен телефон, без потреба од користење физичка картичка.

Со оваа услуга, клиентите добиваат практично решение за секојдневни плаќања, кое овозможува брза и безбедна трансакција насекаде каде што е достапно бесконтактното плаќање.

Од банката посочуваат дека користењето на Google Wallet претставува дополнителна погодност за клиентите, со што тие можат полесно да управуваат со своите платежни картички и да плаќаат на едноставен и сигурен начин.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange