Connect with us

Банки

Промотивни поволности за фирмите – Стопанска банка а.д. Битола со понуда по повод 75 години јубилеј

Објавено

на

Една од банките која е со најдолга традиција на македонскиот пазар, Стопанска банка а.д. Битола оваа година го прославува јубилејот 75 години постоење.

Преку континуирано следење на потребите и креирање на соодветни производи и услуги, Стопанска банка а.д. Битола повеќе од 7 децении е силна поддршка на населението и бизнисите во земјата.

Овој голем и значаен јубилеј Стопанска банка а.д. Битола го одбележува со низа активности кои вклучуваат различни типови на поволности за различни групи на клиенти. Дел од тоа е и пакетот на поволности за правни лица – постоечки и нови клиенти на банката:

  • Сите правни лица кои ќе орочат депозит над две години во износ поголем од 2.000.000,00 денари ќе добијат каматна стапка за 1,5 процентни поени повисоки од постоечките за соодветните рочности според Политиката за каматни стапки;
  • Месечен пакет за сите постоечки корисници на платежни услуги – правни лица за реализирани 5 девизни плаќања во месецот, за петтото плаќање банката не пресметува провизија. Оваа поволност за плаќање се однесува на дознака со најмал износ.
  • Месечен пакет за сите новоотворени платежни сметки на правни лица во валута каде за реализирани 3 девизни плаќања во месецот, за третото плаќање банката не пресметува провизија. Оваа поволност за плаќање се однесува на дознака со најмал износ.
    *Условите важат до 31.12.2023 година.

Со овој чекор, Стопанска банка а.д. Битола покажува дека главниот фокус на работењето е препознавање и задоволување на потребите на клиентите со единствена цел, како и изминатите 75 години – градење на традиција на лојалност.

Банки

Халкбанк им овозможува на граѓаните онлајн отворање платежна сметка

Објавено

на

Граѓаните сега можат брзо и едноставно да отворат платежна сметка онлајн, без посета на филијала. Процесот се одвива дигитално и вклучува електронска идентификација, пополнување на потребните податоци и електронско потпишување на документите.

За користење на услугата, корисникот најпрво треба да креира електронска идентификација преку апликацијата OneID, по што може да продолжи со чекорите за отворање платежна сметка.

Услугата е достапна за полнолетни физички лица кои се резиденти на Република Северна Македонија.

Дигитално отворање платежна сметка не е овозможено за малолетни лица, лица без електронска идентификација преку OneID, лица со одземена деловна способност, неписмени лица и лица кои во документот за лична идентификација имаат ознака „ХХХ“ наместо потпис.

Услугата не е достапна ниту за лица со индиција поврзана со САД, политички изложени лица и странски државјани.

По успешно отворање на платежната сметка, клиентот може да продолжи и со процесот за активирање онлајн електронско банкарство.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка со промотивна понуда за потрошувачки кредити до 2,5 милиони денари

Објавено

на

НЛБ Банка објави промотивна понуда за потрошувачки кредити во износ до 2.500.000 денари, со фиксни каматни стапки и брзо одобрување.

Според понудата, клиентите кои ќе аплицираат преку мобилната апликација мКлик можат да добијат кредит со фиксна каматна стапка од 5,6 проценти, додека за апликациите поднесени во експозитурите на банката е предвидена фиксна каматна стапка од 5,7 проценти.

Од НЛБ Банка информираат дека процесот на одобрување трае само неколку минути, а промотивната понуда ќе биде достапна до 31 август.

Продолжи со читање

Банки

Славески им посака успешна пракса на студентите во Народната банка

Објавено

на

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, ги пречека студентите кои ова лето ќе ја извршуваат својата практична работа во институцијата, охрабрувајќи ги максимално да ја искористат можноста за професионален развој и стекнување практични знаења.

На средбата, одржана во Музејот на Народната банка, Славески истакна дека младите се важен дел од иднината на централното банкарство и ги повика активно да учат, да поставуваат прашања и да бидат отворени за нови идеи.

Настанот се организира во годината кога Народната банка одбележува 80 години од развојот на централното банкарство, јубилеј што ја нагласува улогата на институцијата во зачувувањето на довербата во националната валута и одржувањето на макроекономската стабилност.

Во текот на практичната работа, студентите ќе имаат можност да се запознаат со функционирањето на повеќе организациски единици во Народната банка, меѓу кои секторите за монетарна политика и истражување, финансиски пазари, статистика, информатичка технологија, правни работи и трезорско работење, со цел да добијат поширок увид во работата на современа централна банка.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange