Банки
Комитет на експерти на Советот на Европа за СППФТ: Народната банка работи по меѓународни стандарди и дава значаен придонес во борбата за спречување перење пари и финансирање тероризам
Комитетот на експерти на Советот на Европа за спречување перење пари и финансирање на тероризам („Манивал“) оцени дека системот за лиценцирање и супервизија на Народната банка ги исполнува меѓународните стандарди за борба против перењето пари и финансирањето на тероризмот. Во Извештајот, заснован врз евалуацијата извршена од октомври 2021 година до мај 2023 година, е истакнато значењето на супервизијата заснована на ризици, како и соработката со надлежните државни органи. Значаен придонес кон позитивната оценка имаат и бројните подзаконски акти донесени од страна на Народната банка и спроведените обуки за зголемување на ефикасноста во работењето на финансиските институции, а истовремено позитивно се оценети и корективните мерки на Народната банка за унапредување на квалитетот на дејствувањето на финансиските институции во борбата против перењето пари и финансирањето тероризам.
Во Извештајот на „Манивал“ позитивно се оценети и високата свесност и ефикасноста на деловните банки во борбата против перењето пари и финансирањето на тероризмот. Имајќи го предвид значајното учество на банките во финансискиот сектор на Република Северна Македонија, позитивната оценка за нивното работење влијае врз оценката за системот на земјата во целина.
Ваквата оценка е резултат на долгорочни, постојани и сеопфатни напори за унапредување на регулативата рамка и спроведување на мерките за спречување перење пари и финансирање тероризам.
Извештајот за нашата земја беше усвоен на 65-тата пленарна седница на „Манивал“ одржана на крајот на мај. Во Извештајот дадена е позитивна оценка и за целокупната поставеност на системот за спречување перење пари и финансирањето на тероризмот, што може позитивно да влијае врз рејтингот на финансиските институции, добивањето поволни услови за меѓународни кредити и е предуслов за побрза евроинтеграција.
Банки
Благоја Устијаноски именуван за нов член на Управниот одбор на Шпаркасе Банка
Шпаркасе Банка АД Скопје соопшти дека Благоја Устијаноски официјално ја презел функцијата член на Управниот одбор на Банката.
Со неговото назначување, Управниот одбор ќе работи во проширен состав од пет члена, со цел дополнително зајакнување на капацитетите за спроведување на стратешките приоритети и понатамошен развој на институцијата.
Во рамки на новата функција, Устијаноски ќе биде одговорен за работењето на Дирекцијата за корпоративни клиенти и Дирекцијата за тргување и финансиски пазари.
Тој има повеќе од 15 години искуство во банкарскиот сектор. Кариерата ја градел во Охридска Банка АД Скопје, членка на групацијата Société Générale, а по интеграцијата со Шпаркасе Банка во 2021 година ја извршува функцијата директор на Секторот за корпоративни клиенти.
Од Банката посочуваат дека во изминатите години дал значаен придонес во растот на корпоративното портфолио, развојот на односите со клиентите и зајакнувањето на пазарната позиција на Шпаркасе Банка.
„Ова назначување е уште една потврда на нашата посветеност кон препознавање, развој и унапредување на талентите од сопствените редови. Веруваме дека неговото искуство, лидерство и визија ќе придонесат за понатамошен раст, иновации и успешно остварување на стратешките цели на Банката“, соопштија од Шпаркасе Банка.
Од институцијата му посакаа успех на Устијаноски во новата улога.
Банки
Стопанска банка и Mastercard со наградна игра: Главна награда еден милион денари
Корисниците на Mastercard картичките издадени од Стопанска банка добиваат можност да освојат парични награди преку новата наградна игра „Мастерплан“, чија главна награда изнесува еден милион денари.
Од банката информираат дека секоја трансакција направена со Mastercard картичка автоматски претставува учество во извлекувањето за главната награда, како и за повеќе месечни парични награди во износ од 30.000, 50.000, 100.000, 300.000 и 500.000 денари.
Дополнителна можност за добивка имаат корисниците кои плаќаат преку дигиталните сервиси Google Pay и Apple Pay, бидејќи на тој начин добиваат двојна шанса за учество во наградната игра.
Кампањата се реализира во соработка со Mastercard, а од Стопанска банка ги повикуваат клиентите да ги користат своите картички при секојдневните плаќања и да ја искористат можноста за освојување вредни парични награди.
Банки
Комерцијална банка ги награди младите љубители на книгата со штедни книшки „Верверичка“
Комерцијална банка и оваа година со задоволство ги награди најуспешните млади читатели – учениците победници на натпреварот во раскажување книги, организиран од Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“.
Шест ученици кои се издвоија со својата љубов кон книгата, посветеност и исклучителна вештина да го пренесат прочитаното, добија вредни награди што ги поттикнуваат да продолжат по истиот пат.
Првонаградените ученици добија штедни книшки „Верверичка“ со подарок депозит од по 10.000 денари, второ наградените по 6.000 денари, а третонаградените по 4.000 денари. Наградата штедна книшка „Верверичка“ има посебна симболика бидејќи е прв чекор и кон развивање здрави финансиски навики.
Со оваа поддршка, Комерцијална банка го наградува нивниот труд и успех, но и активно придонесува за развој на квалитетно образование, критичко размислување и љубов кон пишаниот збор.
„Веруваме дека книгата има моќ да ги насочи децата кон знаење, љубопитност и размислување, наместо кон прекумерна изложеност на социјалните мрежи. Остануваме посветен партнер на иницијативите што ги инспирираат младите да учат и да создаваат и продолжуваме да инвестираме во нивната иднина“, истакнуваат од Комерцијална банка.
-
Продуктипред 2 месециУНИПлус флексибилна програма за лојалност на УНИБанка. Kористиш бројни бенефити, а не мора да ја префрлаш платата!
-
Банкипред 2 месеци
Стопанска банка АД – Скопје со план за исплата на дивиденда од над 16 милиони евра
-
Бизниспред 2 месеци
Македонски Телеком предлага повисока дивиденда за 2025 година
-
Бизниспред 1 месецОд полноќ нови цени на горивата
-
Останатопред 1 месец
Почна исплатата на средствата од МојДДВ за првиот квартал од 2026 година
-
Банкипред 2 месециСилк Роуд Банка: Пензиите за април исплатени, достапни преку експозитурите, банкоматите како и електронското банкарство
-
Кариерапред 2 месециАЛТА банка објави оглас за вработување на позицијата бизнис аналитичар (економист)
-
Советипред 1 месец
УЈП објави видео упатство за е-даночни услуги и потврда на ДЛД-ГДП пријавата


