Connect with us
no baners

Осигурување

Совршена можност за оние кои најмногу Ви значат, КАСИЧКА-детско осигурување со штедење на Триглав Осигурување Живот

Објавено

на

Секој од нас барем еднаш се запрашал, кој е подарокот кој би се помнел и како можеме да бидеме сигурни дека сме го одбрале она вистинското за оние кои најмногу ни значат. Обезбедувањето среќно детство за нашите најмали е мотивот кој не води кон размисли како да обезбедиме стабилност на нашите идни генерации и колку е сигурно она кое го создаваме денес, но секогаш во нас постои мала неизвесност и прашања дали иднината ќе им донесе потешкотии или некакви непријатности.

Финансиската стабилност на нашите деца е меѓу најважните работи, па затоа ние со нашиот производ Касичка успеавме да обезбедиме безгрижност кај многу наши семејства и се доближивме до многу осигуреници кои во Триглав Осигурување Живот препознаа пријател и ни ја дадоа својата доверба.

Касичка е веќе синоним за обезбедување на сигурна иднина, а посебноста на овој производ е што е модифициран според сечија потреба па така можноста за инвестирање, штедење и осигурување со различни опции e согласно можностите и планираниот буџет за инвестирање. Детското осигурување со штедење е совршен подарок за оние кои најмногу ни значат, а најголема е придобивката што договорувачот има можност осигурувањето да го подмирува на месечни рати.

Производот нуди огромен број на предности и погодности кои овозможуваат финансиска безбедност за најблиските во случај на несакани животни ситуации, а производот е комбинација на штедење и осигурување кој покрај полисата за животно осигурување загарантирана е сигурноста на вложените средства, што значи дека по истек на договорениот осигурителниот период, нашите деца ги добиваат средствата во висина која е договорена при склучување на полисата, а низ целиот период на договорот ја користат можноста да користат осигурување. Со овој тип на осигурување може да се осигурат сите лица од 0 ден старост до 15 години, додека периодот за истек на договорот за осигурување не може да биде подолг од календарската година во која осигуреникот ќе наврши 26 години, а при несакан штетен настан на оној кој ја склучил полисата за осигурување, а по изминати само две години од склучување на договорот, обврската за уплата на идните премии до истекот на договорот за осигурување ја презема Триглав осигурување Живот.

Осигурување

Македонија Осигурување и Винер меѓу најголемите корисници на брокерскиот канал во првиот квартал

Објавено

на

Брокерските и застапничките друштва во првиот квартал од годинава пласирале милионски износи премија кон осигурителните компании, а најголем дел од средствата завршиле кај водечките компании во сегментот на неживотно осигурување.

Според податоците на Агенцијата за супервизија на осигурување, преку посредниците најмногу премија е реализирана кон Македонија Осигурување, која во повеќе случаи е доминантен примател на договореното осигурување.

Значителен удел имаат и Триглав Осигурување, Сава Осигурување, Винер Виена Иншуренс Груп, Еуролинк Осигурување и Халк Осигурување.

Меѓу најактивните посредници се издвојуваат Актива Осигурување и Тренд МР, кои во првиот квартал реализирале значителен број договори во повеќе класи на осигурување.

Податоците покажуваат дека најголем интерес кај клиентите и натаму има за автомобилската одговорност, осигурувањето од незгода и имотното осигурување. Само кај Актива Осигурување биле склучени 4.887 договори за автомобилска одговорност, додека Тренд МР реализирал повеќе од 4.000 договори во оваа категорија.

Во сегментот на имотно осигурување од пожар и други опасности, како и туристичка помош, исто така се бележи значителна активност, што упатува на постепено проширување на интересот на граѓаните и компаниите кон различни видови осигурителна заштита надвор од задолжителното автомобилско осигурување.

Овие показатели потврдуваат дека неживотното осигурување останува најголемиот сегмент на домашниот осигурителен пазар, а водечките компании продолжуваат да се натпреваруваат за поголем удел преку брокерите и застапничките мрежи.

Продолжи со читање

Осигурување

Триглав живот и Кроација живот предводат на пазарот: Над 93 милиони денари премија во мај

Објавено

на

Осигурителните компании кои работат во сегментот на животното осигурување во мај годинава оствариле вкупна бруто полисирана премија од 93,5 милиони денари, покажуваат податоците на Агенцијата за супервизија на осигурување.

Најголем дел од премијата е остварен од Триглав Живот со над 31,5 милиони денари, со што компанијата е лидер на пазарот во анализираниот месец. Веднаш зад неа е Кроација Осигурување Живот со повеќе од 35 милиони денари премија.

Значителен придонес има и Сигал Лајф со околу 18,8 милиони денари, додека Граве реализирал 3,7 милиони денари. Винер Лајф евидентирал речиси два милиони денари премија, а Прва Живот над 2,1 милиони денари.

Податоците покажуваат дека најголем дел од средствата и натаму доаѓаат од основното животно осигурување, кое учествува со повеќе од 28,5 милиони денари. Во рамките на оваа категорија доминира мешаното осигурување со речиси 24,7 милиони денари, што укажува дека граѓаните најчесто избираат производи кои комбинираат осигурителна заштита и штедна компонента.

Кај полисите со учество во добивката се реализирани дополнителни 29,1 милиони денари, што дополнително ја потврдува побарувачката за долгорочни штедни и инвестициски осигурителни производи.

И покрај предизвиците на пазарот, осигурителните компании очекуваат стабилна побарувачка во текот на годината, особено за производите кои нудат комбинација од осигурителна заштита и штедна компонента.

Продолжи со читање

Осигурување

Кроација Осигурување: Животните промени се причина за ревизија на полисата за животно осигурување

Објавено

на

Животните околности и приоритетите на луѓето постојано се менуваат, а со нив се менуваат и потребите за финансиска заштита. Од Кроација Осигурување потсетуваат дека клучните животни настани се вистински момент за ревизија на полисата за животно осигурување.

Како најчести причини за преиспитување на постојната полиса се наведуваат стапувањето во брак, проширувањето на семејството, започнувањето ново работно место, унапредувањето во кариерата, дополнителните приходи или преземањето нови финансиски обврски.

Од компанијата велат дека навременото усогласување на полисата со актуелната животна состојба може да обезбеди поголема финансиска сигурност и спокојство за иднината.

„Животот постојано се менува, а со него и вашите приоритети. Клучни животни настани како стапување во брак, проширување на семејството, ново работно место или финансиски обврски се сигнал дека е време за ревизија на полисата за животно осигурување“, велат од Кроација Осигурување.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange