Кариера
Оглас за вработување во Шпаркасе Лизинг
Доколку имаш желба да бидеш дел од динамичен банкарски тим кој со отворен ум ги прифаќа секојдневните предизвици имаш позитивен пристап во работата, покажуваш ентузијазам секогаш да бидеш најдобар во тоа што го работиш, имаш желба да учиш и да се развиваш преку организацијата и се трудиш да изнајдеш иновативни и креативни начини за реализација на задачите, а воедно ти е важно да работиш во средина во која се вреднува тимскиот дух и фер однесување, Шпаркасе Лизинг ве охрабрува да се придружите на нивниот тим и заедно, секојдневно да ги живеете корпоративните вредности!
Шпаркасе Лизинг вработува Член на Управен одбор задолжен за управување со ризици и финансии.
Што ќе биде твојата улога:
- Учество во донесување одлуки и грижа за спроведување на деловната политика и плановите на ШПАРКАСЕ ЛИЗИНГ ДОО Скопје, со цел остварување на стратешките, оперативните и финансиските цели, дефинирани од страна на Надзорниот одбор и другите релевантни управни и надзорни органи и тела
- Одлично да ја познавате работата на Секторот за Финансии и Секторот за управување со ризиците
- Јасна визија за правецот на движење на ШПАРКАСЕ ЛИЗИНГ ДОО Скопје во делот на дигитализацијата и унапредување на ефикасноста
- Учество во изработка на програмски решенија и планови на активности за потребите на ШПАРКАСЕ ЛИЗИНГ ДОО Скопје
- Координира и учествува во изработка на стратешкиот план и го координира процесот на оперативно планирање и предвидување
- Управување и надзор на процесите поврзани со годишно буџетирање и учество во дефинирање и следење на стратешките цели (KPI’s)
- Се грижи за изработка, имплементација и примена на Риск политиките и процедурите во согласност со Групациските стандарди и законската регулатива
- Организира изработка на периодични и годишни сметки и се грижи за нивно навремено доставување
- Организира навремено доставување на интерните извештаи и екстерните извештаи до надлежните институции
- Активно учество во заедничките/групациските лизинг проекти, координација и известување
- Го координира процесот на обезбедување на податоци за екстерна и интерна ревизија на финансиските извештаи
- Врши контрола и мониторинг на планските остварувања на деловните линии и ги контролира изготвените анализи за работењето
- Дава предлози за поефикасно управување со активата и пасивата на Лизингот
- Воведување на АЛМ групациски стандарди и развој на Funds Transfer Pricing систем
- Го следи работењето на вработените и изготвува цели за систем за наградување
- Учество во процесот на утврдување на резервациите на месечна основа
- Планирање, буџетирање и форкаст на салдото на NPL, default rates, резервациите и исправката на вредност покриеноста на портфолиото со резервации, дистрибуцијата на кредитното портфолио, SRC, адекватноста на капиталот
- Пресметка на ризично пондерираната актива (RWA) дефинирање на методологија за пресметка на ризично пондерираната актива, мониторинг, известување и стрес-тестирање
- Го поттикнува тимскиот дух, соработката и развивање на лидерски вештини помеѓу клучните вработени
- Ги запознава вработените за насоките на деловната политика и се грижи за овозможување нивен развојот
Квалификации кои се потребни:
- Најмалку 5 години релевантно работно искуство во областа на управување со ризици и финансии и 3 години менаџерско искуство, ќе се смета за предност
- ВСС – Економски факултет
- Активно познавање на англиски јазик и MS Office
- Лидерски и менаџерски способности и изразени комуникациски вештини
- Енергичност, креативност, ентузијазам, способност за тимска работа, прифаќање на предизвиците и превземање на одговорност, иницијативност, доверливост, флексибилност и посветеност кон работата
Шпаркасе Лизинг Ве охрабрува да ја искористите оваа можност и да аплицирате на отворената позиција со испраќање на CV и мотивационо писмо на: [email protected], заклучно со 07.07.2023 со назнака „Член на Управен одбор во Шпаркасе Лизинг Доо Скопје“.
* Вашите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на селекција ќе бидат повикани на интервју.
* Ве молиме за доставување на Ваша согласност Вашите податоци и поднесени документи да се чуваат во базата на податоци на Банката во период од 1 година, доколку сте согласни со тоа. Оваа согласност кандидатот може да ја повлече во секое време со писмено барање.
За дополнителни информации, посетете ја страницата www.s-leasing.mk.
Кариера
АЛТА Банка објави оглас за вработување во секторот за организација и ИТ
АЛТА Банка објави оглас за вработување во Секторот за организација и ИТ, за позицијата Самостоен стручен соработник за организација, односно Team Leader.
Од банката информираат дека позицијата е наменета за кандидати со искуство во банкарско работење, познавање на T-SQL и Microsoft SQL Database, како и аналитички пристап и интерес за работа со апликативни процеси.
Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија, односно CV на македонски јазик, на електронската адреса [email protected]. Во насловот на пораката треба да биде наведено: „Самостоен стручен соработник за организација (Team Leader)“.
Огласот е отворен до пополнување на работната позиција, соопштија од АЛТА Банка.
Кариера
Стопанска банка бара агент за грижа на корисници
Стопанска банка АД – Скопје објави оглас за вработување на позицијата агент за грижа на корисници во рамки на контакт-центарот на банката.
Од банката посочуваат дека контакт-центарот има значајна улога во континуираната грижа за корисниците на нивните производи и услуги. Вработените во овој тим, како што наведуваат, добиваат можност темелно да ги запознаат производите и услугите на банката, но и да учествуваат во продажба, поддршка и унапредување на понудата.
Според објавата, позицијата нуди можност за градење просперитетна банкарска кариера во рамки на тимот на Стопанска банка.
Заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку официјалната веб-страница на банката, во делот за кариера.
Кариера
НЛБ Банка вработува банкарски советник во Струмица
НЛБ Банка објави оглас за вработување на банкарски советник во експозитурата во Струмица, а рокот за пријавување е до 3 јули 2026 година.
Избраниот кандидат ќе биде задолжен за спроведување благајнички и менувачки работи, платен промет и банкоматско работење, како и за промоција, понуда и продажба на банкарски производи и услуги. Работната позиција вклучува и континуирана грижа за клиентите, унапредување на продажните процеси и активно привлекување нови клиенти.
Од кандидатите се очекува да имаат универзитетско образование или да бидат студенти на додипломски или постдипломски студии, при што предност ќе имаат кандидатите од економска насока. Претходно искуство во работа со готовина ќе се смета за дополнителна предност.
Банката нуди современо работно опкружување, можности за професионален развој и менторство, конкурентна плата и пакет бенефиции, меѓу кои приватно здравствено осигурување, трет пензиски фонд, дополнителни слободни денови и програми за наградување на успешноста.
Од НЛБ Банка информираат дека само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.
-
Бизниспред 2 месециОд полноќ нови цени на горивата
-
Останатопред 2 месеци
Почна исплатата на средствата од МојДДВ за првиот квартал од 2026 година
-
Советипред 2 месеци
УЈП објави видео упатство за е-даночни услуги и потврда на ДЛД-ГДП пријавата
-
Продуктипред 2 месециКБ Прво пензиско друштво: Редовното инвестирање е пат до посигурна финансиска иднина
-
Бизниспред 2 месециДизелот од полноќ поевтинува за 4 денари
-
Бизниспред 2 месеци„МЕПСО“ ја обжали одлуката во спорот со „Енергоинвест“, уверени се во победа на арбитражa
-
Банкипред 2 месециХалкбанк со кредитна линија за поддршка и развој на одржлива земјоделска активност во соработка со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ)
-
Останатопред 2 месеци
УЈП испрати над 860.000 даночни пријави, граѓаните имаат рок до 31 мај за потврда
