Connect with us

Банки

Комерцијална банка со донација вредна 5 милиони денари комплетно го реновираше Одделот за ревматологија и кардиологија на Детската клиника

Објавено

на

Со оваа вредна финансиска поддршка од речиси 5 милиони денари, Комерцијална банка во духот на својата мисија и посветеност за помагање на општеството, даде исклучителен придонес за подобра медицинска грижа и побрзо оздравување на пациентите на овој оддел од Детската клиника.

Реновираниот Оддел за ревматологија и кардиологија денеска беше официјално пуштен во употреба од страна на претставниците на Комерцијална банка, Универзитетската клиника за детски болести и на Министерството за здравство. 

Одделот за рекордно брзо време е комплетно реновиран, опремен е со нови болнички кревети, санитарија, елементи за остава и плакари, а сѐ со цел да обезбеди квалитетни услови за престој на пациентите и максимална нега и грижа од медицинскиот персонал. Реновирањето е изведено преку ангажман на компанијата Сити билд од Скопје. 

Комерцијална банка е особено горда на оваа своја донација затоа што значи грижа за децата и помагање во услови кога минуваат низ сериозни и непријатни моменти од својот живот.

Денеска ги отвораме вратите на комплетно реновираниот Оддел за ревматологија и кардиологија на Детската клиника. Нашата мисија со оваа донација беше да помогнеме застарениот Оддел да добие нов лик и нови услови кои на пациентите ќе им помогнат полесно да го прифатат медицинскиот третман и ќе им ја дадат потребната енергија и оптимизам за побрзо надминување на сите предизвици. Сепак, искрено посакувам ниедно дете да не мора да влезе низ оваа врата во иднина“, изјави д-р Маја Стевкова Штериева, Главен финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка, по повод пуштањето во употреба на реновираниот Оддел.  

Министерот за здравство Фатмир Меџити истакна дека ова е добар пример на општествено одговорна компанија која придонесува за унапредување на условите за лекување на Клиниката за детски болести. 

Ова е значаен придонес со кој обезбедуваме поудобно опкружување за нашите најмили со цел што побрзо опоравување и заздравување. Здравството е навистина сензитивен сегмент и помошта е секогаш добредојдена, посебно кога се во прашање децата и нивното здравје“, порача Меџити.

Проф. д-р. Стојка Нацева Фуштиќ, в.д. Медицински директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести-Скопје, се заблагодари за донацијата во име на вработените и на менаџментот на Клиниката.

Сакам да ја изразам мојата благодарност до Комерцијална банка и до Управниот одбор на Банката, кој на нашето обраќање за донација за реновирање на Одделот за ревмо-кардиологија на Клиниката изрази безрезервна подготвеност да помогне со цел подобрување на условите за хоспитализација и лекување на нашите мали пациенти. Одделот доби сосема нов лик и ќе овозможи безбеден и удобен престој на хоспитализираните деца, функционално работење, како и обезбедување на стандардите за хумано функционирање на сите внатрешни единици“, истакна проф. д-р. Нацева Фуштиќ.

Г-дин Аркин Јахији, в.д. Организациски директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести-Скопје, исто така, се заблагодари за донацијата од Комерцијалната банка.

Комерцијална банка со ова донација покажа дека е општествено одговорна компанија која сака да помогне на јавното здравство, односно да им се овозможат подобри услови на децата кои престојуваат во овој оддел од Клиниката за педијатрија. Нашата Клиника и понатаму ќе остане отворена за донации, па би ги повикал сите компании кои имаат можност да го следаат примерот на Комерцијална банка“, порача г-дин Јахији.

Комерцијална банка во последните четири години даде огромна поддршка за подобрување на условите и за обезбедување квалитетно јавно здравство за сите граѓани во земјава. За време на Covid-пандемијата, Банката донираше над 620.000 евра за потребите на македонското јавно здравство. Со овие донации Комерцијална банка обезбеди три амбулантни возила за итна медицинска помош, кислородни протокомери за кислородна поддршка, медицински заштитни маски за лице, кислородни концентратори за контиунирана кислородна терапија на пациенти со хронични белодробни заболувања, брзи тестови за утврдување присуство на вирусот Covid-19, реагенси за тестови, маски за неинвазивна вентилација за еднократна и повеќекратна употреба.

Грижата за поквалитетно здравје на граѓаните е врвен приоритет, од кој не смее да отстапи ниедна институција во општеството, а Комерцијална банка како општествено одговорна компанија останува доследна на својата посветеност да го помага јавното здравство за заедно и полесно да стигнеме до подобро општество за сите. 

Галерија:

 

Business Woman

Потврден континуитетот во Стопанска банка АД – Скопје: нов мандат за Мирјана Трајановска како Генерален директор за финансии и член на Управниот одбор

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје соопшти дека г-ѓа Мирјана Трајановска е повторно назначена за Генерален директор за финансии и член на Управниот одбор на Банката.

Од Банката истакнуваат дека г-ѓа Трајановска својата професионална кариера ја градеше во рамките на Стопанска банка АД – Скопје, стекнувајќи долгогодишно искуство и експертиза во клучните области на банкарското и финансиското работење. Преку нејзиното досегашно раководење, таа даде значаен придонес во развојот, трансформацијата и стабилното работење на Стопанска банка АД – Скопје.

„Повторното назначување претставува потврда за довербата во нејзиното професионално и институционално знаење, лидерство, посветеност и искуство“, наведуваат од Стопанска банка АД – Скопје.

Банката ѝ упати честитки на г-ѓа Мирјана Трајановска за новиот мандат и изрази уверување дека таа и во наредниот период ќе продолжи да придонесува кон остварувањето на стратешките цели на Стопанска банка АД – Скопје и создавањето долгорочна вредност за клиентите, вработените, акционерите и пошироката заедница.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ прави клучен потег во трката за Адико Банка: ги менува условите за да ја добие битката со Рајфајзен Банк

Објавено

на

Словенечката Нова Љубљанска Банка (НЛБ) најави дека ќе го намали минималниот праг на прифаќање во својата понуда за преземање на Адико Банка од над 75% на над 50%, по добивањето одобрение од Австриската комисија за преземање. Воедно, банката ќе го продолжи и рокот за прифаќање на понудата.

Одлуката доаѓа само неколку дена откако конкурентот Рајфајзен Банк Интернешнл (РБИ) го намали сопствениот праг на прифаќање на над 55%, со што дополнително се интензивира битката за преземање на австриската банка фокусирана на пазарите во Југоисточна Европа.

НЛБ моментално нуди 37 евра по акција, што е значително повеќе од понудата на Рајфајзен Банк Интернешнл (РБИ) од 26,5 евра по акција. Главниот извршен директор на НЛБ, Блаж Бродњак, изјави дека намалувањето на прагот треба да им даде поголема сигурност на акционерите дека понудата успешно ќе биде реализирана, нагласувајќи дека таа и понатаму останува највисока на пазарот.

Двете понуди остануваат отворени до 22 јули, а НЛБ потсети дека акционерите кои веќе ја прифатиле понудата на Рајфајзен Банк Интернешнл (РБИ) имаат можност да ја повлечат својата согласност и да се определат за понудата на словенечката банка.

Адико Банка работи во Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, каде што опслужува околу 900.000 клиенти преку мрежа од 155 филијали и други дигитални канали.

За НЛБ, преземањето би значело дополнително зајакнување на регионалното присуство и индиректен влез на хрватскиот банкарски пазар, додека за Рајфајзен Банк Интернешнл (РБИ) аквизицијата претставува можност за зголемување на пазарниот удел во Хрватска и повторен влез на словенечкиот пазар. НЛБ веќе ги обезбеди потребните одобренија за концентрација во Австрија, Србија и Македонија, а постапките пред останатите регулаторни тела сè уште се во тек.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка со промотивна камата од 4,9 отсто за Mastercard Platinum картичката

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје нуди промотивна каматна стапка од 4,9 отсто за сите купувања направени со Mastercard Platinum кредитната картичка до крајот на годината.

Картичката е наменета за корисници кои, покрај можноста за плаќање на кредит, бараат и дополнителни поволности при патување.

Меѓу придобивките се бесплатен пристап до повеќе од 1.800 аеродромски деловни салони преку програмата LoungeKey, како и можност за користење дополнителни поволности преку Mastercard Travel Rewards.

Барање за картичката може да се поднесе онлајн преку интернет-страницата на банката, преку услугата 24/7 АлоКредит на телефонскиот број (02) 15 110 или во најблиската филијала на Стопанска банка.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange