Uncategorized
Акционерите на Заваровалница Триглав ќе добијат дивиденда од 2,50 евра бруто по акција
На 48-то Генерално собрание на акционери на Заваровалница Триглав акционерите го поддржаа предлогот на Управниот одбор и на Надзорниот одбор за исплата на дивиденда од 2,50 ЕУР бруто по акција. Го разгледаа Годишниот извештај за 2022-ра
година, го потврдија и одобрија работењето на Надзорниот одбор и Управниот одбор за 2022-ра година и назначија двајца нови членови на Надзорниот одбор, претставници на акционерите.
На 48-мото Генерално собрание на акционери на Заваровалница Триглав, акционерите го усвоија предлогот на Управниот одбор и на Надзорниот одбор, за исплата на дивиденди да одвојат 56,8 милиони евра или 2,50 евра бруто по акција, што изнесува нешто повеќе од 50% од нето добивката на Групацијата Триглав за 2022-ра година и претставува дивиденден принос од 7%. Дивидендата ќе им биде исплатена на акционерите, кои ќе бидат регистрирани во книгата на акционери на друштвото во вторник, 20-ти јуни, 2023-та година (првиот ден на тргувањето без право на исплата на дивиденди е понеделник, 19-ти јуни, 2023-та година).
Андреј Слапар, Претседател на Управниот одбор на Заваровалница Триглав, изјави: „Им благодарам на акционерите за нивната доверба. Што се однесува до исплатата на дивиденди, задоволни сме што по годините обележани со последиците од пандемијата, повторно можеме да ја спроведеме дивидендната политика на начинот на кој што ја зацртавме. Ова значи дека нејзиното спроведување е одржливо во поглед на растот, развојот и финансиската стабилност на Групацијата Триглав, и воедно е атрактивна за нашите акционери.“
Акционерите го разгледаа Годишниот извештај на Групацијата Триглав и на Заваровалница Триглав за 2022-ра година и го потврдија и одобрија работењето на Управниот одбор и на Надзорниот одбор за 2022-ра година. Тим Умбергер и Моника Крамер Манхем беа назначени за нови членови на Надзорниот одбор, претставници на акционерите.
На Годишното собрание на акционери беше одобрен извештајот за надоместоци на Заваровалница Триглав за 2022-ра година, додека, пак, предлог одлуката за политиката за надоместоци на Заваровалница Триглав не беше усвоена. Политиката за надоместоци се применува во Заваровалница Триглав и е во согласност со законските регулативи, но не е целосно усогласена со овогодинешната верзија на препораките на акционерите на SDH, објавени по свикувањето на Годишното собрание на акционери на Заваровалница Триглав. Препораките ќе бидат разгледани до следното редовно Собрание на акционери на Заваровалница Триглав.
Uncategorized
НЛБ Фондови со нов инвестициски прашалник за полесен избор на фондови
НЛБ Фондови АД Скопје ги повикува граѓаните да го откријат својот инвестициски профил преку нов онлајн инвестициски прашалник, наменет да им помогне полесно да ги разберат сопствените финансиски цели и односот кон ризикот.
Од компанијата информираат дека прашалникот се состои од пет едноставни прашања, преку кои корисниците можат да добијат подобра слика за тоа колкав ризик се подготвени да преземат при инвестирање и кои видови фондови најмногу одговараат на нивните потреби.
Според НЛБ Фондови, алатката помага да се утврди дали инвеститорот е повеќе насочен кон сигурност или е подготвен да прифати повисок ризик со цел да оствари потенцијално поголем принос. Дополнително, корисниците добиваат насоки за тоа дали за нив се посоодветни акциски, комбинирани, обврзнички или парични фондови.
По завршувањето на прашалникот, достапен е и персонализиран PDF извештај со препорачан инвестициски сооднос.
Од НЛБ Фондови нагласуваат дека прашалникот има исклучиво информативна намена и не претставува инвестициски совет. Како што посочуваат, одлуките за вложување треба да се носат по внимателно разгледување на ризиците и карактеристиките на фондовите.
Uncategorized
ЦКБ со умерен раст и зголемена претпазливост оствари добивка од 13,6 милиони денари во 2025 година
Централна кооперативна банка АД Скопје ја заврши 2025 година со добивка од 13,64 милиони денари, остварена во четвртото тримесечје, во услови на сложено макроекономско опкружување, растечка инфлација и зголемени каматни стапки. Банката работеше во средина на стабилен раст на потрошувачката и инфраструктурни инвестиции, но и под влијание на геополитички ризици и рестриктивна монетарна политика.
Силен раст на билансот и солидна кредитна активност
Во текот на 2025 година, вкупната актива и пасива пораснаа за 17%, со што е остварување од 108% од деловниот план. Кредитите и побарувањата од комитенти бележат раст од 5%, при што планот е исполнет со 97%, а најголем дел од растот произлегува од кредитирање на физички лица.
Паричните средства и паричните еквиваленти се зголемени за 17%, додека вложувањата во хартии од вредност бележат значително повисоко ниво и се 46% над планираното, што укажува на повисока ликвидносна заштита и конзервативен пристап во управувањето со средствата.
Раст на депозитите, но и на каматните расходи
Депозитната база на Банката е зголемена за 20% во однос на крајот на 2024 година и за 10% над планот, како резултат на зголемените каматни стапки на депозитите. Овој тренд директно се одрази и врз трошоците, оттука расходите за камати се повисоки за 15% на годишно ниво и за 9% над планираното.
И покрај тоа, Банката оствари раст на вкупните приходи од камати од 9%, а нето-каматниот приход е зголемен за 6%, што укажува на релативно успешно менаџирање на каматниот маргин во услови на силна конкуренција.
Провизии, трошоци и влијание на МСФИ 16
Приходите од провизии бележат годишен раст од 7%, но остануваат 6% под планот, додека нето-приходите од провизии се зголемени симболично за 1%. Трошоците за вработени се повисоки за 12%, во линија со планираното, а останатите оперативни расходи се зголемени за 8%.
Значителен раст е забележан кај расходите за амортизација (+69%), како резултат на примената на МСФИ 16, што влијаеше и врз растот на недвижностите и опремата од 25% на годишно ниво.
Зголемени резервации и судски ефект
Во текот на 2025 година, Банката издвои 10,67 милиони денари нето резервации за кредитен ризик, што претставува зголемување од 5,21 милиони денари во однос на претходната година. Дополнително, еден судски спор имал материјално значајно негативно влијание врз финансискиот резултат.
Без дивиденда и фокус на стабилност
ЦКБ во 2025 година не исплати дивиденда, задржувајќи конзервативна политика на капитал и ликвидност. Во делот на задолжувањата, Банката користела кредитна линија од Развојната банка на СМ во износ од 27,5 милиони денари.
Очекувања: претпазлив оптимизам и фокус на квалитет
За наредниот период, ЦКБ очекува постепена стабилизација на макроекономските услови и внимателно олеснување на монетарната политика. Банката најавува задржување на високата претпазливост при кредитирањето, фокус на квалитетот на портфолиото, модернизација на технолошката платформа и зајакнување на клиентското искуство.
Uncategorized
Стопанска банка овозможи дигитално ажурирање на лични податоци преку OneID
Стопанска банка АД – Скопје им овозможува на своите клиенти кои поседуваат дигитална електронска идентификација OneID да ги ажурираат своите лични податоци во Банката лесно, брзо и безбедно, во секое време и без посета на филијала.
Постапката е едноставна: започнува со посета на веб-страницата https://id.stb.com.mk/ и паралелно користење на мобилната апликација OneID. Со оваа нова дигитална услуга, Банката им овозможува едноставен и удобен начин на клиентите да ја исполнат нивната законска обврска за ажурирање на личните податоци.
„Флексибилноста и зголемената достапност на нашите производи и услуги се императив за новите функционалности кои ги развиваме и планираме за претстојниот период“ – истакнуваат од Стопанска банка АД – Скопје.
Повеќе информации за сервисот можете да најдете на следниот линк. Банката подготви и видео упатство за користење на оваа нова услуга.
-
Бизниспред 2 месециОд полноќ нови цени на горивата
-
Останатопред 2 месеци
Почна исплатата на средствата од МојДДВ за првиот квартал од 2026 година
-
Советипред 2 месеци
УЈП објави видео упатство за е-даночни услуги и потврда на ДЛД-ГДП пријавата
-
Продуктипред 2 месециКБ Прво пензиско друштво: Редовното инвестирање е пат до посигурна финансиска иднина
-
Бизниспред 2 месециДизелот од полноќ поевтинува за 4 денари
-
Бизниспред 2 месеци„МЕПСО“ ја обжали одлуката во спорот со „Енергоинвест“, уверени се во победа на арбитражa
-
Банкипред 2 месециХалкбанк со кредитна линија за поддршка и развој на одржлива земјоделска активност во соработка со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ)
-
Останатопред 2 месеци
УЈП испрати над 860.000 даночни пријави, граѓаните имаат рок до 31 мај за потврда
