Connect with us
no baners

Банки

Народната банка им ги пренесува искуствата за изготвување статистика на финансиските сметки на другите централни банки

Објавено

на

Народната банка, покрај тоа што е посветена на развојот на институционалниот капацитет на своите вработени, ги пренесува и своите знаења, професионално искуство и најдобри практики во областите коишто се предизвик за другите институции во земјите од Југоисточна Европа и пошироко. Директорката на Дирекцијата за статистика при Народната банка, Снежана Јанеска-Поповска, учествуваше како предавач на Работилницата за финансиската статистика, во организација на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ), меѓународна организација којашто функционира како центар за размена на знаења и соработка во нашата конституенца. Темите што се обработуваа на Работилницата се однесуваа на различните практични и концептуални аспекти на составувањето на статистиката на финансиските сметки, со осврт на секторите и финансиските инструменти, конзистентноста на националните секторски сметки, изворите на статистички податоци, изготвувањето податоци за состојбите и тековите, преку искуствата на неколку европски централни банки, ЕЦБ и ММФ.

Во своите презентации под наслов „Од кого на кого – практично решение за составување статистика на финансиските сметки“ и „Хартии од вредност по хартии од вредност ‒ за  пресметување на должничките хартии од вредност и капиталот“, Јанеска-Поповска се осврна на клучните аспекти поврзани со статистиката на финансиските сметки којашто ја изготвува Народната банка. Се говореше за развојот на оваа статистика преку воспоставување модерен пристап „од кого на кого“ којшто овозможува детален преглед на финансиските врски врз основа на финансиските инструменти помеѓу секторите во националната економија, како и со секторот странство. Потоа, во рамките на презентациите се осврна на предизвиците и практичните решенија во процесот на составување на финансиските сметки, зајакнувањето на меѓуинституционалната соработка, методолошките аспекти, изворите на податоци и техничкиот систем. Во втората презентација беше истакнато значењето за интегрираниот и грануларниот пристап во прибирањето и составувањето на податоците за хартиите од вредност, со осврт на чекорите коишто ги презема Народната банка за обезбедување на овие податоци, како и практичните решенија за пресметка на два финансиски инструмента: должничките хартии од вредности и акциите.

На Работилницата имаше огромен интерес од страна на учесниците за практичните чекори за составување на финансиските сметки во Народната банка, при што во рамките на презентациите беа разменети мислења и искуства. Тоа овозможи продлабочување на знаењето на учесниците и даде поширока слика за понатамошните чекори за развој на финансиските сметки во повеќе централни банки во регионот.

Работилницата за финансиската статистика е еден од низата едукативни настани од областа на централнобанкарското работење во организација на ЦЕФ, а учеството на Народната банка претставува уште еден позитивен пример за долгогодишната успешна соработка помеѓу двете институции.

Банки

Комерцијална банка генерален спонзор на боречкиот турнир „Македонски бисер“ – поддршка за вредности што траат 50 години

Објавено

на

Педесет години традиција што гради успешна спортска приказна се јубилеј што заслужува поддршка и посветеност. Токму затоа, Комерцијална банка со особена чест беше генерален спонзор на јубилејното издание на меѓународниот боречки турнир „Македонски бисер“.

Како еден од најпрепознатливите и традиционални спортски настани во државата, турнирот „Македонски бисер“, во организација на Боречкиот клуб Бучим, го афирмира борењето, кое е најтрофејниот спорт во Македонија, и претставува платформа за врвни спортски достигнувања и меѓународна промоција на земјата.

Оваа година, турнирот обедини врвни натпреварувачи од над 15 земји, со што уште повеќе се наметна како значаен спортски настан на регионално и светско ниво.

„Комерцијална банка со задоволство го поддржа јубилејното 50-то издание на турнирот ‘Македонски бисер’, кој со децении ја носи Македонија на меѓународната спортска мапа. Со поддршката на вакви врвни настани, вложуваме во спортот како двигател на позитивни вредности, во младите генерации и во континуитетот на традицијата што нѐ поврзува и нè претставува достојно пред светот“, изјави Андреј Јовковски, директор на Самостојната дирекција за маркетинг.

Банката останува посветен партнер на иницијативи што создаваат долгорочна вредност за заедницата и организираат врвни и меѓународно препознати спортски настани.

Продолжи со читање

Банки

УНИБанка донираше современ медицински апарат за Клиниката „Козле“: Поддршка за деца со цистична фиброза и белодробни заболувања

Објавено

на

УНИБанка изврши донација на ЈЗУ Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“ – Скопје, преку која се набави најсовремен медицински апарат наменет за третман на пациенти со цистична фиброза и други белодробни заболувања.

Со оваа донација се унапредува физикалната респираторна терапија кај деца и возрасни пациенти кои секојдневно се соочуваат со предизвиците на цистична фиброза, бронхиектазии, ХОББ и други заболувања кои предизвикуваат задржување на густ секрет во дишните патишта. Новата опрема ќе овозможи поефикасен и помалку заморен процес на терапија и рехабилитација.

„Веруваме дека вистинските вредности се градат преку грижа, хуманост и поддршка таму каде што се најпотребни. Особено сме горди кога можеме да помогнеме во унапредување на условите за лекување и рехабилитација на најмладите пациенти“, истакна Делчо Крастев, Претседател на Управниот одбор на УНИБанка.

Од Клиниката за респираторни заболувања кај децата „Козле“ – Скопје посочуваат дека апаратот претставува значајна поддршка во секојдневната терапија и рехабилитација на пациентите, овозможувајќи поефикасна и помалку заморна респираторна физикална терапија, со што ќе се придонесе за подобар квалитет на здравствената грижа за пациентите.

Како општествено одговорна компанија, УНИБанка останува посветена на поддршка на проекти кои придонесуваат за подобар квалитет на живот и поздрави идни генерации.

Продолжи со читање

Банки

Македонија ја надмина границата од 5 милијарди евра девизни резерви: Народната банка со највисоко ниво во последните години

Објавено

на

Официјалните девизни резерви на државата на крајот на април 2026 година достигнале 5,207 милијарди евра, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Во споредба со крајот на 2025 година, кога девизните резерви изнесуваа 4,925 милијарди евра, забележан е раст од околу 282 милиони евра или речиси 5,7 проценти.

Структурата на девизните резерви и натаму е доминантно насочена кон сигурни и ликвидни инструменти. Најголем дел од средствата, односно 70,8 проценти, се инвестирани во хартии од вредност, додека 16,8 проценти се чуваат во монетарно злато. Останатите 12,3 проценти се пласирани во валути и депозити.

Девизните резерви претставуваат еден од клучните показатели за макроекономската стабилност на земјата, бидејќи обезбедуваат поддршка за одржување на стабилноста на девизниот курс, навремено сервисирање на надворешните обврски и зачувување на довербата во финансискиот систем.

Растот на резервите во првите четири месеци од годината упатува на задржување на солидната надворешна позиција на економијата и дополнително ја зајакнува отпорноста на земјата кон евентуални надворешни економски и финансиски шокови. За Народната банка, одржувањето на соодветно ниво на девизни резерви останува еден од клучните предуслови за зачувување на монетарната и финансиската стабилност.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange