Connect with us
no baners

Банки

За блескава иднина на сите сегашни и идни студенти, студентски пакет со низа поволности од Халкбанк

Објавено

на

no baners

Инвестирањето во високото образование е една од најважните одлуки што можете да ги донесете во животот. И покрај незаборавните доживувања во текот на студирањето и многуте среќни и возбудливи моменти, студентскиот живот знае да биде и стресен и исполнет со различни предизвици, најчесто врзани за финансиските трошоци за време на студиите.

За да го направи студентското искуство попријатно и попрактично и да им пружи блескава иднина на сите сегашни и идни студенти, Халкбанк креираше специјален студентски пакет на производи наречен „За чиста 10 ка“. Како банка која постојано води грижа за потребите и барањата на различните категории граѓани, Халкбанк го создаде ексклузивниот пакет услуги што им нуди на студентите низа поволности и бенефиции, со цел да им го олесни секојдневното функционирање за време на студирањето. Пакетот на производи е наменет за студенти на возраст од 18 до 24 години, а сите сегашни и идни студенти можат да аплицираат онлајн или во најблиската  филијала на банката. Сè што е потребно е да поседуваат важечки индекс и лична карта.

Со студентскиот пакет „За чиста 10-ка“, секој студент добива Visa PayWave дебитна картичка со која може да повлекува  готовина без надомест на сите банкомати на која било банка во земјата и во странство. Со овој пакет секој студент добива и бесплатно електронско банкарство, бесплатна мобилна апликација и бесплатно водење трансакциска сметка. Со станување корисник на електронското банкарство на Халкбанк достапни се и услугите  SmartSend – за лесно префрлување средства, со еден клик, на контакт од телефонскиот именик во мобилниот телефон, SmartCash – за повлекување готовина од АТМ на Халкбанк без употреба на картичка, како и HalkPay – за лесно и безбедно плаќање со мобилен телефон преку дигитализација на платежните картички.

Воедно, на сите љубители на динамичниот животен стил, на луѓето кои се постојано во движење, кои спортуваат, практикуваат прошетки во природа и истовремено поседуваат часовник Garmin, на располагање им е и совршеното модерно решение за бесконтактно плаќање GarminPay со кое се врши брзо, едноставно и лесно плаќање со паметен часовник преку дигитализација на платежните картички од брендовите Visa и Mastercard.

Политиката на банката – да одговара на потребите на клиентите, да биде предводник во дигитализацијата и воведувањето иновативни производи во духот на денешното модерно време, како и перманентната грижа за заедницата и животната средина ја прави Халкбанк вистински партнер на иднината.

Банки

Добивката на бугарските банки порасна за 8,9 отсто во првите седум месеци од 2026 година

Објавено

на

Вкупната нето-добивка на банките што работат во Бугарија во првите седум месеци од 2026 година се зголемила за 8,9 отсто на годишно ниво и достигнала 1,3 милијарди евра, покажуваат податоците на Бугарската народна банка.

Нето оперативниот приход на банкарскиот сектор на крајот на јули изнесувал околу 2,72 милијарди евра, во споредба со 2,39 милијарди евра во истиот период минатата година.

Бруто-приходите од камати се зголемиле на 2,43 милијарди евра, од 2,02 милијарди евра една година претходно. Приходите од провизии и надоместоци, пак, пораснале на 714 милиони евра, од 670 милиони евра.

На крајот на јули 2026 година, вкупната актива на банките изнесувала 120,5 милијарди евра, што е намалување од 0,5 отсто во однос на претходниот месец. За споредба, во јули 2025 година вкупната актива изнесувала 102,8 милијарди евра.

Бруто-кредитите и авансите во јули достигнале 81,4 милијарди евра, што претставува месечен пад од 2 отсто. Бруто-кредитното портфолио на банкарскиот систем, сепак, на годишно ниво се зголемило на 71,3 милијарди евра, од 60,9 милијарди евра во јули минатата година.

Кредитите за домаќинствата во јули се зголемиле за 625 милиони евра во однос на јуни, додека кредитите за нефинансиските компании пораснале за 375 милиони евра.

Депозитите во банкарскиот систем на крајот на јули изнесувале 100,7 милијарди евра, што е намалување од 0,6 отсто во однос на претходниот месец.

Најголем пад на депозитите е регистриран кај кредитните институции, од 14,3 отсто, по што следуваат другите финансиски компании со намалување од 12 отсто. Депозитите на државниот сектор се намалиле за 3,8 отсто, додека депозитите на нефинансиските компании и на домаќинствата пораснале за 2 отсто, односно за 0,7 отсто.

Извор: Seenews

Продолжи со читање

Банки

Голема промена во плаќањата: Од 1 ноември IBAN стандардот станува задолжителен и за трансакциите во Македонија

Објавено

на

Советот на Народната банка ги разгледа најновите макроекономски показатели, според кои домашната економија и натаму покажува отпорност во услови на неизвесно надворешно окружување, а најновите показатели за домашната економска активност засега се малку поповолни. 

Расположливите високофреквентни податоци на страната на понудата упатуваат на забрзување на економскиот раст во вториот квартал, при силен раст на градежништвото, раст на индустриското производство и реалниот промет во угостителството и при стабилни движења кај вкупната трговија. Инфлацијата забавува и е во рамките на очекувањата на Народната банка. Ризиците од надворешното окружување и натаму се оценуваат како неповолни.

На крајот на јуни 2026 година, нивото на девизните резерви изнесува 4.936,4 милиони евра и се одржува во сигурната зона. Монетарните податоци покажуваат натамошен солиден раст на депозитите и на кредитната активност, при што кредитната поддршка е посилна од очекувањата.

На седницата, Советот ја донесе Одлуката за водечкиот број на давателите на платежни услуги и стандардите за конструкција на платежните сметки, со која се унапредува постојната регулативна рамка во согласност со развојот на платните системи и примената на меѓународните стандарди и се врши нејзино хармонизирање со стандардите коишто се применуваат во областа на СЕПА.

Важна новина е задолжителната употреба на стандардот ИБАН како единствена идентификациска ознака на платежната сметка при извршувањето на националните платежни трансакции. Од 1 ноември 2026 година, националните платежни трансакции ќе се иницираат, ќе се обработуваат и ќе се извршуваат со користење ИБАН, со што се обезбедува усогласен и стандардизиран начин на идентификација на платежните сметки во националниот и во прекуграничниот платен промет.

Продолжи со читање

Банки

Гувернерот на Банката на Англија предупредува: Новите модели на вештачка интелигенција се ризик за глобалната финансиска стабилност

Објавено

на

Најнапредните модели на вештачка интелигенција би можеле значително да ги зголемат сајбер-ризиците и да предизвикаат нарушувања на глобалните финансиски пазари, предупреди гувернерот на Банката на Англија, Ендрју Бејли.

Во писмо до министрите за финансии и гувернерите на централните банки на земјите од Г20, Бејли наведува дека таканаречените „frontier AI“ модели покажуваат сè поголема автономија, способност за решавање сложени проблеми и потенцијал за создавање нови закани.

Бејли, кој воедно е претседател на Одборот за финансиска стабилност, оцени дека влијанието на најнапредната вештачка интелигенција врз сајбер-безбедноста е најнепосредниот ризик за финансискиот систем.

Според него, напредната вештачка интелигенција може значително да ги промени брзината, обемот и трошоците за спроведување сајбер-напади, што би можело да ја поткопа довербата во финансиските пазари, особено поради големата зависност од мал број надворешни технолошки провајдери.

Тој предупредува и дека голем број држави сè уште немаат воспоставено соодветни протоколи за развој, објавување и употреба на најмоќните модели на вештачка интелигенција, со што дополнително се зголемуваат ризиците за финансискиот сектор.

Бејли смета дека финансиските институции и технолошките компании ќе мора да ги зајакнат системите за откривање и отстранување на ранливости, како и капацитетите за одговор и закрепнување по евентуални напади.

Според него, компаниите треба да бидат подготвени и за потешки сценарија во кои истовремено би можело да дојде до прекин на работата на повеќе финансиски институции или заеднички технолошки системи.

Покрај ризиците поврзани со вештачката интелигенција, Бејли посочи и на слабостите на пазарите на државен долг, зголеменото задолжување на инвеститорите на берзите и високите вреднувања на финансиските средства, особено на инвестициите поврзани со вештачката интелигенција.

Предупредувањето доаѓа во пресрет на состанокот на Г20 во Северна Каролина, каде министри за финансии, гувернери на централни банки и други високи претставници ќе разговараат за клучните глобални економски предизвици.

Извор: CNBC

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange