Банки
Силк Роуд Банка прослави 7 години континуиран развој и напредок
Силк Роуд Банка влече корени од 30 годишна делотворна приказна и непрекинливо продолжува да се развива во банка која успешно ги следи трендовите во современото банкарство веќе 7 години по ред.
Во круг на соработници, клиенти, пријатели, поддржувачи, претставници од банкарскиот сектор и финансиските институции, секако менаџментот и вработените на компанијата, вчера се одбележа седумгодишното успешно работење на Силк Роуд Банка во хотелот „Дабл Три Хилтон“.
Предводен од искусната ТВ-водителка Елена Најдоски, настанот започна со неколку говори од високо истакнати лица на Банката.

На присутните им се обрати акционерот на банката, г-динот Анис Кан, кој посака топло добредојде на сите присутни, се заблагодари за неизмерната поддршка и посочи дека Силк Роуд Банка продолжува со напорна работа за да обезбеди секогаш квалитетни производи и услуги, но и да изгради бренд со лојален, искусен и професионален тим на вработени подготвени да го совладаат секој нов предизвик.
Публиката имаше можност да погледне и видео на кое беше сублимиран развојниот пат на банката од нејзините скромни почетоци во 1993 година, кога беше основана како една од првите приватни банки во земјата под името Кредитна Банка АД Скопје, па сѐ до преземањето на сегашната структура и актуелното име Силк Роуд Банка од страна на Silk Road Capital AG од Швајцарија. Во видеото свое обраќање имаа дел од вработените на Банката, Управниот одбор и долгогодишни задоволни клиенти кои ги споделија нивните најубави искуства за сите овие години.

На присутните гости им се обрати и Благоја Николовски, прв основач и главен акционер на Кредитна банка основана во 1993 година, кој ја објасни идејата за основањето на банката во тоа време. Следуваше обраќање на Игор Димитров, претседател на Управниот одбор и Емил Бухов, член на Управниот одбор, кои се присетија на нивните почетоците во Банката, ги поздравија гостите и воедно им врачија признанија на најдолго вработените лица кои се дел од Банката уште од нејзино основање пред 30 години.

„Се сеќавам на 2019 година, кога почнав да работам во Силк Роуд Банка, веќе беше завршено успешното реструктурирање од 2016, а банката беше консолидирана, стабилизирана и фокусирана кон раст и развој. Принципите кои ги затекнав, а кои и денес остануваат наша трајна вредност се посветената и одговорна работа од сите нас, беспрекорниот однос кон нашите клиенти и постојаното приспособување и подобрување на нашите производи и услуги. Денес, Силк Роуд е стабилна, сигурна и просперитетна банка, со силна репутација и препознатливост на пазарот”– резимираше Игор Димитров.
„Навраќајќи се неколку години наназад, кога се приклучив на тимот на Силк Роуд Банка, она што беше веднаш забележливо, e дека дојдов во клиентски ориентирана динамична банка која нуди целосни решенија преку непосреден ВИП пристап до клиентите. Во годините што доаѓаат, нашиот фокус како тим (вработени и менаџмент) ќе биде кон продолжување на нашата мисија, да бидеме префериран финансиски и советодавен партнер за нашите клиенти, кои практикува највисоки стандарди за корпоративно управување и општествена одговорност” – истакна Емил Бухов.

Прославата беше збогатена со пријатна и весела атмосфера, расположено друштво, вкусна храна, прекрасниот звук на оркестарот „Гудачко трио од организацијата Пламенка Трајковска мали камерни состави“ и ведрата ритмична мелодија со латино ритам на „Петар Ренџов со формација за дегустација“.
Од Силк Роуд Банка најавија и нови активности во Македонија со примена на современи банкарски принципи со кои создаваат понуди во кои клиентите се центарот на вниманието.
Банки
НЛБ Банка ја исплати септемвриската пензија
НЛБ Банка информира дека е извршена исплатата на пензиите за месец септември, а средствата веќе им се достапни на пензионерите.
Од Банката посочуваат дека корисниците можат веднаш да располагаат со средствата и ги охрабруваат пензионерите да ги користат достапните дигитални и безготовински канали за плаќање.
„Ве советуваме вашето ценето време да го заштедите преку користење на мрежата на банкомати, поголемо користење на безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство“, наведуваат од НЛБ Банка.

Со ова, пензионерите кои својата пензија ја примаат преку НЛБ Банка можат да ги користат средствата уште веднаш, без потреба од чекање на шалтер.
Банки
НЛБ Банка ја отвора новата NLB Next зона со „AFTER CLASS“ за студентите
НЛБ Банка Скопје на 1 октомври ќе ја отвори новата NLB Next зона со „AFTER CLASS“ настан во Паркчето Кино Карпош.
Настанот е најавен како неформален почеток на новата академска година и е наменет пред сè за студентите и младите.
Програмата ќе трае од 14:00 до 16:00 часот, а за атмосферата ќе се погрижи DJ THE AFT3R. Предвидени се и street food понуда и коктели.
Од НЛБ Банка ги повикуваат младите по првите предавања да се соберат во Паркчето Кино Карпош и заедно да го одбележат стартот на академската година.

Со отворањето на новата NLB Next зона, Банката продолжува со активности насочени кон помладата генерација и создавање простор за дружење, комуникација и современо банкарско искуство.
Банки
Фич: Кредибилната монетарна политика и стабилниот банкарски систем се клучни фактори за економската стабилност
Во својот најнов извештај за нашата земја, меѓународната рејтинг-агенција „Фич“ ги нагласува кредибилноста и континуитетот на монетарната политика на Народната банка, како и стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор. Агенцијата оценува дека долгорочната посветеност за одржување стабилна монетарна политика, поддржана од фиксниот курс на денарот кон еврото, претставува важен фактор за макроекономската стабилност. Фич воедно оценува дека девизните резерви остануваат стабилни и обезбедуваат соодветна покриеност на идните надворешни плаќања.
Во извештајот, „Фич“ наведува дека кредибилната и конзистентна монетарна политика придонесува за стабилноста на економијата. Во услови на повисоки инфлациски притисоци, Народната банка, во јуни 2026 година, ја зголеми основната каматна стапка за 25 базични поени на 4,25%. Според „Фич“, просечната инфлација во периодот јануари – август 2026 година изнесува 3,7%, при што повисоките цени на енергијата и растот на трошоците за труд и кредитната активност се меѓу факторите што влијаат врз ценовните движења.
Во однос на банкарскиот сектор, извештајот потврдува дека тој останува стабилен и добро капитализиран, со солидна ликвидност и отпорност. Во вториот квартал од 2026 година банките имаат висока адекватност на капиталот од 19,5%. Квалитетот на активата останува солиден, со нефункционални кредити од околу 2%.
Народната банка и натаму е посветена на одржувањето на ценовната и финансиската стабилност. Во услови на променливи глобални економски услови и присутни инфлациски и надворешни ризици, централната банка внимателно ги следи инфлациските движења, кредитната активност и состојбата на финансискиот систем и соодветно ја приспособува монетарната политика.
Наодите на „Фич“ се потврда за важноста на кредибилната и соодветно водена монетарна политика, како и на стабилниот и добро капитализиран банкарски сектор, за одржување на макроекономската и финансиската стабилност.
-
Банкипред 2 месециПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Кариерапред 2 месециНародната банка вработува седум лица: Плати до 91.385 денари
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Групацијата вработува специјалист за Управување со ризици/финансии
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја исплати паричната помош за корисниците на социјална, детска и цивилна заштита
-
Банкипред 1 месецНОВО: Комерцијална банка воведе штедење на 25 и на 40 месеци со фиксни каматни стапки
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
-
Банкипред 1 месец10% поврат на средства со Mastercard картичките на Стопанска банка секој први во месецот





