Банки
Електронски идентитет и електронски потпис – нова услуга за клиентите на УНИБанка во соработка со Evrotrust и Мastercard
На задоволство на клиентите и на свое огромно задоволство, УНИБанка АД Скопје известува дека воведе нова услуга овоможувајќи на клиентите целосно дигитално искуство при вршење на банкарските услуги, преку користење сервисите електронски идентитет и електронски потпис за дигитално потпишување на документи.
Услугата е достапна преку мобилната апликација “ID“ која што е дел од платформата “ID operated by Evrotrust, овозможени од „Mastercard“ и „Евротраст“ (Evrotrust).
Отсега, клиентите на УНИБанка ќе имаат поголема флексибилност, како и лесен, безбеден и брз пристап во извршувањето на банкарските услуги со заштеда на време, ресурси и финансиски средства.
Клиентите ќе можат да користат банкарски услуги од далечина, без да треба физички да бидат присутни во експозитура и без користење на хартиени документи.
Мобилната апликација “ID“ овозможува на клиентите да се идентификуваат и да потпишуваат електронски документи со својот квалификуван дигитален потпис, од кое било место во светот.
Постапката на креирање на електронски идентитет е брза и едноставна и достапна преку мобилната апликација “ID Operated by Evrotrust“ на Google Play и App Store. Со апликацијата, освен електронска идентификација, корисникот добива и квалификуван дигитален сертификат, кој е замена за неговиот своерачен потпис.
Откако еднаш ќе го креира електронскиот идентитет, клиентот потоа ќе може да го користи за идентификување кон сите компании и институции што ја овозможуваат оваа услуга.
Новите услуги ќе бидат целосно бесплатни за клиентите на УНИБанка и за нив нема потреба посебно да аплицираат.
„Со интеграција на ова решение, како банка сме целосно подготвени да идентификуваме клиенти без физичко присуство во Банката, како и да проследиме електронска документација на наш клиент идентификуван на ваков начин и повратно да добиеме електронски потпишан документ, притоа овозможувајќи на клиентите попродуктивно користење на слободното време без посета на шалтер, во движење, од канцеларија или од дома, во кој било период од денот”, велат од УНИБанка АД Скопје.
Применувањето технологии и проверени дигитални алатки дава предност на пазарот, обезбедувајќи нови привилегии на клиентите физички лица, кои значат слобода, заштеда на време и пари.
Затоа, да ја користиме технологијата за добро!
Електронскиот Идентитет е овозможен во Р.С. Македонија согласно “Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги“.
Evrotrust како регистриран и лиценциран издавач на “Шема за Електронска Идентификација“ во нашата држава, имплементира највисоки безбедносни принципи за ракување и заштита на личните податоци.
Банки
НЛБ Банка ја отвора новата NLB Next зона со „AFTER CLASS“ за студентите
НЛБ Банка Скопје на 1 октомври ќе ја отвори новата NLB Next зона со „AFTER CLASS“ настан во Паркчето Кино Карпош.
Настанот е најавен како неформален почеток на новата академска година и е наменет пред сè за студентите и младите.
Програмата ќе трае од 14:00 до 16:00 часот, а за атмосферата ќе се погрижи DJ THE AFT3R. Предвидени се и street food понуда и коктели.
Од НЛБ Банка ги повикуваат младите по првите предавања да се соберат во Паркчето Кино Карпош и заедно да го одбележат стартот на академската година.

Со отворањето на новата NLB Next зона, Банката продолжува со активности насочени кон помладата генерација и создавање простор за дружење, комуникација и современо банкарско искуство.
Банки
Фич: Кредибилната монетарна политика и стабилниот банкарски систем се клучни фактори за економската стабилност
Во својот најнов извештај за нашата земја, меѓународната рејтинг-агенција „Фич“ ги нагласува кредибилноста и континуитетот на монетарната политика на Народната банка, како и стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор. Агенцијата оценува дека долгорочната посветеност за одржување стабилна монетарна политика, поддржана од фиксниот курс на денарот кон еврото, претставува важен фактор за макроекономската стабилност. Фич воедно оценува дека девизните резерви остануваат стабилни и обезбедуваат соодветна покриеност на идните надворешни плаќања.
Во извештајот, „Фич“ наведува дека кредибилната и конзистентна монетарна политика придонесува за стабилноста на економијата. Во услови на повисоки инфлациски притисоци, Народната банка, во јуни 2026 година, ја зголеми основната каматна стапка за 25 базични поени на 4,25%. Според „Фич“, просечната инфлација во периодот јануари – август 2026 година изнесува 3,7%, при што повисоките цени на енергијата и растот на трошоците за труд и кредитната активност се меѓу факторите што влијаат врз ценовните движења.
Во однос на банкарскиот сектор, извештајот потврдува дека тој останува стабилен и добро капитализиран, со солидна ликвидност и отпорност. Во вториот квартал од 2026 година банките имаат висока адекватност на капиталот од 19,5%. Квалитетот на активата останува солиден, со нефункционални кредити од околу 2%.
Народната банка и натаму е посветена на одржувањето на ценовната и финансиската стабилност. Во услови на променливи глобални економски услови и присутни инфлациски и надворешни ризици, централната банка внимателно ги следи инфлациските движења, кредитната активност и состојбата на финансискиот систем и соодветно ја приспособува монетарната политика.
Наодите на „Фич“ се потврда за важноста на кредибилната и соодветно водена монетарна политика, како и на стабилниот и добро капитализиран банкарски сектор, за одржување на макроекономската и финансиската стабилност.
Банки
Септемвриските пензии преку Халкбанк се достапни на сметките на пензионерите!
Халкбанк АД Скопје информира дека од 29 септември 2026 година, пензиите се достапни на сметките на пензионерите кои својата пензија ја примаат преку банката.
Средствата пензионерите можат да ги користат во сите филијали на Халкбанк, преку банкоматите, како и преку електронското и мобилното банкарство.
Пензионерите кои претходно дале согласност, пензијата можат да ја подигнат и во поштенските единици на Пошта на Северна Македонија.
Од Халкбанк посочуваат дека пензионерите имаат повеќе можности за пристап до своите средства, зависно од начинот на користење на банкарските услуги.
„Важни се луѓето!“, порачуваат од Халкбанк АД Скопје.
-
Банкипред 2 месециПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Кариерапред 2 месециНародната банка вработува седум лица: Плати до 91.385 денари
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Групацијата вработува специјалист за Управување со ризици/финансии
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја исплати паричната помош за корисниците на социјална, детска и цивилна заштита
-
Банкипред 1 месецНОВО: Комерцијална банка воведе штедење на 25 и на 40 месеци со фиксни каматни стапки
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
-
Банкипред 1 месец10% поврат на средства со Mastercard картичките на Стопанска банка секој први во месецот





