Кариера
Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје
СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.
Банката вработува РЕФЕРЕНТ во Служба за производи и поддршка на продажбата.
Дел од работните задачи на референт во Службата за производи и поддршка на продажбата се следните:
- Постапува со кредитните апликации што ги доставуваат клиентите – физички лица преку алтернативните канали на продажба (наменски потрошувачки кредит преку трговци);
- Ги оценува кредитните предлози и дава кредитни мислења / препораки, исто така учествува на седниците за соодветната кредитна комисија;
- Ги развива и проширува продажните канали за производите и услугите за население преку градење блиски и продуктивни соработки со експозитурите, клиентите и трети страни (трговци);
- Учествува активно во активностите кои вклучуваат работа со трговци, комуникација со корпорации и сл.
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Универзитетска диплома во областа на економија, финансии и банкарство
- Одлично познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point)
- Високо ниво на комуникациски вештини
- Добри аналитички вештини
- Флексибилност
- Иницијативност
Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на: [email protected] со задолжителна назнака за “Референт во Служба за производи и поддршка на продажбата” најдоцна до 04.04.2023 година.
Силк Роуд Банка замолува во Вашите апликации да не доставувате сензитивни податоци како националност, вероисповест како и детали за приватниот живот.
Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју или тестирање.
Сите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Со доставувањето на Вашата апликација ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги обработува Вашите лични податоци за потребите на процесот на вработување.
Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото до Офицерот за заштита на лични податоци на e-mail адресата: [email protected]
Кариера
АЛТА Банка објави оглас за вработување во секторот за организација и ИТ
АЛТА Банка објави оглас за вработување во Секторот за организација и ИТ, за позицијата Самостоен стручен соработник за организација, односно Team Leader.
Од банката информираат дека позицијата е наменета за кандидати со искуство во банкарско работење, познавање на T-SQL и Microsoft SQL Database, како и аналитички пристап и интерес за работа со апликативни процеси.
Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија, односно CV на македонски јазик, на електронската адреса [email protected]. Во насловот на пораката треба да биде наведено: „Самостоен стручен соработник за организација (Team Leader)“.
Огласот е отворен до пополнување на работната позиција, соопштија од АЛТА Банка.
Кариера
Стопанска банка бара агент за грижа на корисници
Стопанска банка АД – Скопје објави оглас за вработување на позицијата агент за грижа на корисници во рамки на контакт-центарот на банката.
Од банката посочуваат дека контакт-центарот има значајна улога во континуираната грижа за корисниците на нивните производи и услуги. Вработените во овој тим, како што наведуваат, добиваат можност темелно да ги запознаат производите и услугите на банката, но и да учествуваат во продажба, поддршка и унапредување на понудата.
Според објавата, позицијата нуди можност за градење просперитетна банкарска кариера во рамки на тимот на Стопанска банка.
Заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку официјалната веб-страница на банката, во делот за кариера.
Кариера
НЛБ Банка вработува банкарски советник во Струмица
НЛБ Банка објави оглас за вработување на банкарски советник во експозитурата во Струмица, а рокот за пријавување е до 3 јули 2026 година.
Избраниот кандидат ќе биде задолжен за спроведување благајнички и менувачки работи, платен промет и банкоматско работење, како и за промоција, понуда и продажба на банкарски производи и услуги. Работната позиција вклучува и континуирана грижа за клиентите, унапредување на продажните процеси и активно привлекување нови клиенти.
Од кандидатите се очекува да имаат универзитетско образование или да бидат студенти на додипломски или постдипломски студии, при што предност ќе имаат кандидатите од економска насока. Претходно искуство во работа со готовина ќе се смета за дополнителна предност.
Банката нуди современо работно опкружување, можности за професионален развој и менторство, конкурентна плата и пакет бенефиции, меѓу кои приватно здравствено осигурување, трет пензиски фонд, дополнителни слободни денови и програми за наградување на успешноста.
Од НЛБ Банка информираат дека само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.
-
Бизниспред 2 месециОд полноќ нови цени на горивата
-
Останатопред 2 месеци
Почна исплатата на средствата од МојДДВ за првиот квартал од 2026 година
-
Советипред 2 месеци
УЈП објави видео упатство за е-даночни услуги и потврда на ДЛД-ГДП пријавата
-
Продуктипред 2 месециКБ Прво пензиско друштво: Редовното инвестирање е пат до посигурна финансиска иднина
-
Бизниспред 2 месециДизелот од полноќ поевтинува за 4 денари
-
Бизниспред 2 месеци„МЕПСО“ ја обжали одлуката во спорот со „Енергоинвест“, уверени се во победа на арбитражa
-
Банкипред 2 месециХалкбанк со кредитна линија за поддршка и развој на одржлива земјоделска активност во соработка со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ)
-
Останатопред 2 месеци
УЈП испрати над 860.000 даночни пријави, граѓаните имаат рок до 31 мај за потврда
