Банки
Силк Роуд Банка: Во тек е исплатата на мартовските пензии
Силк Роуд Банка ги известува своите клиенти – пензионери дека во тек е исплатата на мартовските пензии.
Пензиите може да се подигнат со платежна картичка од кој било банкомат на банката, почнувајќи од 28.3.2023 година.
Пензионерите кои не користат American Express или Visa дебитна картичка и кои своите пензии ги подигнуваат на благајната во банката, почнувајќи од 28.3.2023 година, ќе може да ги подигнат согласно следниов распоред направен според висината на пензијата:
- Вторник, 28.3.2023 година – исплата на пензии со висина до 11.000 денари;
- Среда, 29.3.2023 година – исплата на пензии во висина од 11.001 до 14.000 денари;
- Четврток, 30.3.2023 година – исплата на пензии во висина од 14.001 до 18.000 денари;
- Петок, 31.3.2023 година – исплата на пензии во висина над 18.001 денари.
Со цел да се избегнат дополнителните гужви на благајните, од Силк Роуд Банка ги замолуваат сите приматели на пензија да се придржуваат до веќе утврдениот распоред за исплата.
Банки
„Chase“ официјално стартува во Германија – JPMorgan ја забрзува дигиталната експанзија во Европа
Американскиот банкарски гигант „JPMorgan Chase“ официјално ја лансираше својата дигитална малопродажна банка „Chase“ на германскиот пазар, означувајќи нов чекор во европската експанзија.
Германските корисници од денес можат да ја преземат мобилната апликација, додека веб-платформата на банката исто така е ставена во функција. Германија е втор европски пазар за „Chase“, по влезот во Велика Британија во 2021 година.

Со оваа иницијатива, „JPMorgan“ влегува на конкурентниот банкарски пазар во најголемата европска економија, со фокус на целосно дигитално банкарско искуство.
Во првата фаза, „Chase“ ќе понуди бесплатна штедна сметка, а банката најавува проширување на понудата со дополнителни сметки и финансиски производи во текот на следната година.

Банки
ММФ ја подобри прогнозата за раст на британската економија, но предупреди на инфлациски ризици
Меѓународниот монетарен фонд ја зголеми прогнозата за раст на британската економија за оваа година, но истовремено предупреди дека војната во Иран и растот на цените на енергенсите создаваат дополнителен притисок врз монетарната политика на Банката на Англија.
Според најновата проценка, ММФ очекува британската економија во 2026 година да порасне за еден процент, додека претходната прогноза изнесуваше 0,8 проценти. Од Фондот наведуваат дека економијата на Обединетото Кралство покажала отпорност во последните години, иако конфликтот на Блискиот Исток негативно влијае врз краткорочните изгледи.
Поради обновените инфлациски притисоци, финансиските пазари сѐ повеќе очекуваат Банката на Англија да ги задржи каматните стапки на сегашното ниво, а дел од инвеститорите не ја исклучуваат ниту можноста за ново зголемување на каматите.
ММФ смета дека монетарната политика треба да остане рестриктивна за да се спречи повисоките цени на енергијата да се прелеат врз основната инфлација и растот на платите.
Според проценките на Фондот, задржувањето на клучната каматна стапка на сегашните 3,75 проценти до крајот на годината би било доволно за ограничување на секундарните инфлациски ефекти и за стабилизирање на долгорочните инфлациски очекувања.
Сепак, ММФ предупредува дека централната банка мора да остане флексибилна и подготвена да реагира во двата правци, зависно од економските движења. Доколку економијата ослабне повеќе од очекуваното, можно е и намалување на каматните стапки.
Фондот проценува дека повисоките цени на енергенсите привремено ќе ја зголемат инфлацијата и ќе го одложат враќањето кон целта од два проценти за околу една година, односно до крајот на 2027 година.
Банки
Халкбанк АД Скопје со понуда за онлајн штедење и фиксни камати
Халкбанк АД Скопје промовира понуда за онлајн депозити, со можност за брзо и едноставно отворање преку електронско банкарство и фиксни каматни стапки за штедење во денари и евра.
Од банката информираат дека корисниците можат целосно онлајн да отворат депозит, без посета на филијала, преку услугите за електронско банкарство.
Понудата опфаќа неколку рокови на орочување и каматни стапки:
- 3,20 проценти во денари и 2,40 проценти во евра за депозит на 13 месеци
- 3,40 проценти во денари и 2,60 проценти во евра за депозит на 25 месеци
- 3,50 проценти во денари и 2,70 проценти во евра за депозит на 36 месеци
Од Халкбанк велат дека услугата е наменета за клиенти кои сакаат едноставно и дигитално управување со своите заштеди.
-
Кариерапред 2 месециАна Митреска и Игор Величковски предложени за нови вицегувернери на Народната банка
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка АД – Скопје од утре започнува со исплата на пензиите за месец март
-
Продуктипред 1 месецИуте Македонија носи европски здравствен стандард – за првпат во земјава се воведува второ медицинско мислење
-
Интервјуапред 2 месециИнтервју | Гоце Новачевски | Портфолио менаџер, КБ Инвест АД Скопје
-
Банкипред 2 месециАЛТА Банка го продолжи промотивниот период до 30 јуни 2026 година за најповолниот потрошувачки кредит на македонскиот пазар
-
Останатопред 1 месецУправата за јавни приходи донесе стратешки документ со цел подобрување на усогласеноста
-
Анализипред 2 месециРеалната нето плата во Северна Македонија порасна за 4,9% во јануари
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје: Отворена позиција за работа со мали и средни претпријатија


