Connect with us

Банки

АЛТА банка со предвремена исплата на августовските пензии

Објавено

на

Сите пензионери кои се клиенти на АЛТА банка АД Битола денеска, 27 август 2026 година, предвреме ќе ја добијат пензијата за месец август, информираат од Банката.

Средствата ќе бидат исплатени на трансакциските сметки на пензионерите и веднаш ќе бидат достапни за користење.

Корисниците ќе можат да располагаат со средствата преку банкоматите, како и во експозитурите на АЛТА банка.

Банки

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 28 август

Објавено

на

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат во петок, 28 август 2026 година, по повод празникот Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица.

Од Банката информираат дека клиентите и за време на празникот ќе можат да користат дел од банкарските услуги.

За уплата и подигнување готовина достапни се банкоматите на Банката, додека за останатите финансиски трансакции клиентите можат да ги користат Интернет банка и мБанка.

За корисниците на платежни картички, 24/7 ќе бидат достапни дигитализираната експозитура на улица „Македонија“ во Скопје, како и дигиталните делови на повеќе експозитури низ Скопје и земјата.

Дигитални услуги ќе бидат достапни на локациите во ГТЦ, Бисер, Буњаковец, Ист Гејт Мол, Ѓорче Петров, 11 Октомври, Автокоманда, Драчево и Лептокарија, како и во Дебар, Неготино, Прилеп, Куманово, Струмица, Охрид, Кавадарци, Струга, Гевгелија и Тетово – Илинденска.

За клиентите кои имаат потреба од банкарски услуги на 28 август, Банката препорачува користење на дигиталните канали и широко распространетата мрежа на банкомати.

Продолжи со читање

Банки

ТТК Банка го објави празничното работно време: Три експозитури ќе работат на 28 август

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје информира дека по повод празникот Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, во петок, 28 август 2026 година, ќе работат три експозитури со редовно работно време од 8:00 до 16:00 часот.

Филијала/ЕкспозитураАдресаРаботно време
Филијала Тетовобул. „Илинденска“ бр.2б, Тетово 8:00 до 16:00 часот
Експозитура Куманово 1ул. „ЈНА“ бр.102, Куманово 8:00 до 16:00 часот
Експозитура Дебарул. „8-ми Септември“ бр. 16, Дебар 8:00 до 16:00 часот

За клиентите кои нема да ги користат услугите во филијалите, Банката потсетува дека во текот на празничниот ден се достапни услугите преку TTK M-bank, TTK E-bank, како и мрежата на банкомати.

Продолжи со читање

Банки

Подготовки за училиште со бонус: Халкбанк враќа 3% при онлајн купување

Објавено

на

Во пресрет на новата учебна година, Халкбанк АД Скопје нуди 3% бонус поени за корисниците кои онлајн ќе плаќаат со кредитните картички на Банката при купување производи за училиште.

Како што информираат од Халкбанк, понудата се однесува на купување ранци, лектири, книги и училишен прибор кај избрани е-трговци.

Корисниците можат да ги искористат поволностите при онлајн купување на веб-страниците Loco Croco, Bata Press, Office Plus, Матица, Икона и Страница.

Со оваа понуда, клиентите кои ги користат кредитните картички на Халкбанк за подготовките за новата учебна година добиваат 3% бонус поени при реализираното онлајн плаќање.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange