Банки
Шпаркасе Банка започна со предвремена исплата на мартовските пензии
Шпаркасе Банка АД Скопје ги известува своите драги клиенти – пензионери дека пензиите за месец март 2023 година ќе се исплаќаат од 28.03.2023 година (вторник) за сите корисници на пензии кои имаат картички.
Со пензиите можете да располагате веднаш, доколку користите дебитни картички за подигнување на готовина од банкомат. Од Шпаркасе Банка препорачуваат да ја користите широката мрежа од 120 банкомати на Шпаркасе Групацијата кои се достапни во Република Северна Македонија или да плаќате безготовински при пазарење кај трговците.
Клиентите кои не користат платежни картички, ќе можат да ја подигнат пензијата преку шалтер во експозитурите на Банката согласно следниот распоред на исплата, кој е составен во 4 групи според висината на пензијата:
- Во вторник, 28.03.2023 год, ќе се ислатат пензиите со износ до 11.000 денари;
- Во среда, 29.03.2023 год, ќе се исплатат пензиите од 11.001 до 14.000 денари;
- Во четврток, 30.03.2023 год, ќе се исплатат пензиите од 14.001 до 18.000 денари;
- Во петок, 31.03.2023 год, ќе се исплатат пензиите над 18.001 денари.
Подигнувањето на готовина од банка ќе се врши исклучиво според наведениот редослед и корисник со висина на пензија која не е на распоредот нема да биде опслужен!
За поголема заштита на Вашето здравје, од Шпаркасе Банка упатуваат за намалена посета на експозитурите и избегнување на чекање редови на шалтерите. Клиентите кои имаат платежни картички може да си ги користат директно на продажните места, како и да ги користат услугите за електронски плаќања преку електронското банкарство NetBanking и мобилното банкарство S-Banking.
Доколку сепак клиентите се одлучат да ги подигнат средствата преку шалтерите во експозитурите на Банката, од Шпаркасе Банка АД Скопје замолуваат за придржување кон препораките за дезинфекција на рацете, посебниот режим за влез на најмногу 2 лица во експозитурата, како и одржување на минимално растојание од 2 метри од останатите клиенти.
Банки
АЛТА Банка нуди потрошувачки кредит до 1.000.000 денари со одобрување за 24 часа
АЛТА Банка воведе нов потрошувачки кредит со одобрување до 24 часа и износ до 1.000.000 денари, наменет за вработени во јавниот и приватниот сектор.
Кредитот е креиран за клиенти на кои им е потребен брз пристап до финансиски средства, но и стабилност при планирањето на месечните обврски. Понудата вклучува фиксна каматна стапка и поедноставена процедура, со јасни услови за отплата.
Фиксната каматна стапка изнесува 5,60 проценти за рок на отплата до 95 месеци, односно 5,70 проценти за рок на отплата до 120 месеци. Од банката посочуваат дека ваквиот модел им овозможува на клиентите поголема предвидливост при планирањето на личниот или семејниот буџет.
Постапката за одобрување не бара нотар, ниту пак има трошоци за солемнизација. За рефинансирање кредити од која било банка, АЛТА Банка нуди 0 проценти провизија, а кредитот е достапен и без задолжителни пакети.
За нов ненаменски потрошувачки кредит се применува фиксна еднократна провизија од 5.000 денари, додека трошокот за апликација изнесува 800 денари.
Со новата понуда, банката настојува да обезбеди поедноставен пристап до потрошувачко кредитирање, со акцент на брзина, транспарентност и предвидливост при отплатата.
Банки
НЛБ Банка ја продолжи понудата за промотивен депозит на 25 месеци
НЛБ Банка Скопје ја продолжи понудата за промотивен депозит на 25 месеци, со фиксна каматна стапка за депозити во денари и во евра.
Понудата важи до 31 август, а клиентите можат да ги орочат своите средства преку мобилен телефон, преку мКлик мобилната апликација, или преку експозитура на банката.
За депозити во денари, фиксната каматна стапка изнесува 3,5 проценти за онлајн депозит преку мКлик, додека за депозит преку експозитура каматната стапка е 2,8 проценти. Минималниот влог изнесува 2.500 денари.
За депозити во евра, фиксната каматна стапка изнесува 2,6 проценти за онлајн депозит преку мКлик, односно 2,2 проценти за депозит преку експозитура. Минималниот влог изнесува 50 евра.
Рокот на орочување е 25 месеци, а од банката посочуваат дека понудата е достапна до 31 август.
Банки
Комерцијална банка ги зголеми потрошувачките кредити до 2,6 милиони денари
Комерцијална банка АД Скопје го зголеми максималниот износ на потрошувачките кредити, со што клиентите сега можат да аплицираат за средства до 2.600.000 денари.
Од банката информираат дека повисокиот максимален износ е достапен за Онлајн потрошувачкиот кредит и за Ненаменскиот потрошувачки кредит, како финансиска поддршка за различни лични планови и потреби на граѓаните.
Онлајн потрошувачкиот кредит преку OneID овозможува целосно онлајн аплицирање, инстант одговор и исплата на средствата, без трошоци за аплицирање, одобрување и меница.
Ненаменскиот потрошувачки кредит, пак, нуди можност за вклучување осигурување преку Триглав Осигурување АД Скопје или Триглав Осигурување Живот АД Скопје.
Од Комерцијална банка посочуваат дека клиентите можат да се информираат за условите, калкулаторот за рата и потребните документи преку официјалните канали на банката.
-
Бизниспред 2 месециОд полноќ нови цени на горивата
-
Останатопред 2 месеци
Почна исплатата на средствата од МојДДВ за првиот квартал од 2026 година
-
Советипред 2 месеци
УЈП објави видео упатство за е-даночни услуги и потврда на ДЛД-ГДП пријавата
-
Продуктипред 2 месециКБ Прво пензиско друштво: Редовното инвестирање е пат до посигурна финансиска иднина
-
Бизниспред 2 месециДизелот од полноќ поевтинува за 4 денари
-
Бизниспред 2 месеци„МЕПСО“ ја обжали одлуката во спорот со „Енергоинвест“, уверени се во победа на арбитражa
-
Банкипред 2 месециХалкбанк со кредитна линија за поддршка и развој на одржлива земјоделска активност во соработка со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ)
-
Останатопред 2 месеци
УЈП испрати над 860.000 даночни пријави, граѓаните имаат рок до 31 мај за потврда
