Банки
Откријте ги сите придобивки од трансформацијата на вашиот паметен телефон во паричник
Во денешниот свет, паметните телефони станаа суштински дел од нашите животи. Ги користиме за да комуницираме, да фотографираме, да гледаме видеа, да купуваме онлајн. Но, дали сте знаеле дека вашиот смартфон можете да го користите и како паричник? Со развојот на технологијата за мобилно плаќање сега можеме да го користиме паметниот телефон за сигурни трансакции кај трговците кои користат ПОС-терминали што поддржуваат бесконтактно плаќање.
Користењето на мобилниот уред како паричник не само што е попрактично, туку е и побезбедно. Мобилните паричници користат напредни безбедносни мерки како биометриска автентикација, што значи дека само вие можете да пристапите до вашите информации за плаќање и со помош на отпечаток од прст.
Воведувањето на мобилната апликацијата HalkPay во Македонија е одговор на рапидното менување на трендовите во поглед на корисничкото искуство. Апликацијата HalkPay е достапна за секој клиент со активна платежна картичка од брендот Mastercard или Visa, издадена од Халкбанк АД Скопје. Апликацијата е потребно да се преземе од Google Play Store на паметен телефон со оперативен систем Android.
По инсталирање на HalkPay и потребната дигитализација на картичките, сѐ што треба да направи корисникот кога сака да изврши плаќање е да го доближи својот мобилен уред до ПОС-терминалот. Aпликацијата дополнително овозможува и плаќање со повеќе дигитализирани картички во банката, со тоа што како основна картичка се избира 1 картичка со опција за брзо плаќање (fast payment), а другите дигитализирани картички може да се користат за плаќање со мобилната апликација доколку пред плаќањето се избере конкретната картичка. Дополнително, преку апликацијата може да се врши и преглед на трансакциите кои се направени преку HalkPay, а клиентот добива и корисничка поддршка 24 часа, 7 дена во неделата.
Придружете се на иднината на плаќањата и почнете да го користите вашиот паметен телефон како паричник уште денес!
Банки
Халкбанк со „Cashless Bitola“ нуди поволности за бизнисите во Битола
Халкбанк АД Скопје информира дека во рамки на понудата „Cashless Bitola“, бизнисите покрај Halk Mobi POS без надомест, добиваат и Visa Business Debit Card без годишна членарина во првите 12 месеци од нејзиното издавање.
Од банката ги повикуваат заинтересираните бизниси да се пријават во филијалата на Халкбанк во Битола и да ги искористат поволностите што ги нуди програмата.
Понудата е достапна до пополнување на предвидените места.
Банки
Пред 59 години беше поставен првиот банкомат: Како започна револуцијата што го промени банкарството?
Банкоматот, денес едно од најважните и најкористени банкарски решенија, во јуни годинава одбележа 59 години од поставувањето на првиот уред за подигнување готовина.
Првиот банкомат бил инсталиран во јуни 1967 година, во филијала на британската банка „Barclays“ во Северен Лондон. Иако за негов пронаоѓач најчесто се смета Џон Шеперд-Барон, идејата за машина преку која клиентите би можеле да подигнуваат пари датира уште од 1939 година.
Тогаш американскиот иноватор од ерменско потекло Лутер Дорге Симџијан развил уред за автоматско подигнување пари. „Citigroup“ ја тестирала идејата, но по само неколку месеци проектот бил прекинат поради слаб интерес од клиентите.
Речиси три децении подоцна, „Barclays“ повторно ја актуелизирала идејата. Првиот уред користел картички за еднократна употреба, со кои можело да се подигнат 10 фунти.
Следната година, американскиот иноватор Доналд Ветцел придонел за развојот на технологијата, овозможувајќи банкоматите да исплаќаат различни износи, во зависност од расположливите средства на сметката.
Првите банкомати значително се разликувале од денешните. Некои од нив не ја враќале картичката веднаш, па корисниците морале дополнително да ја подигнат од филијалата.
Од едноставна машина за подигнување готовина, банкоматот со текот на годините прерасна во клучна точка на современото банкарство, а неговиот развој го отвори патот кон 24-часовниот пристап до банкарски услуги.
Банки
Маја Михајлова реименувана за член на Управниот одбор на ПроКредит Банка
Маја Михајлова ќе продолжи да биде дел од Управниот одбор на ПроКредит Банка АД Скопје и во следните четири години, информира Банката преку Македонската берза.
Народната банка на Република Северна Македонија на 15 јули 2026 година издала решение со кое се дава претходна согласност за реименување на Михајлова за член на Управниот одбор на ПроКредит Банка, со мандат од четири години.
Со реименувањето на Михајлова, Управниот одбор на ПроКредит Банка продолжува да работи во состав од четири членови:
- Емилија Спировска
- Стевче Кузмановски
- Милан Дамчевски
- Маја Михајлова
Михајлова е дел од Управниот одбор на ПроКредит Банка од 2024 година, кога Банката го прошири својот менаџмент со нејзиното именување.
Актуелниот состав на Управниот одбор е наведен и на официјалната веб-страница на ПроКредит Банка.
-
Продуктипред 1 месецИднината на банкарството е во доброто корисничко искуство
-
Останатопред 2 месециОд јули почнува исплатата на К-15, минималниот износ е 19.116 денари
-
Банкипред 2 месециИсплатата на јунските пензии преку Стопанска банка почнува на 1 јули
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка почнува со исплата на јунските пензии од 1 јули
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Банка вработува банкарски советник во Струмица
-
Банкипред 1 месецСтопанска банка со промотивна камата од 4,9 отсто за Mastercard Platinum картичката
-
Кариерапред 2 месециАЛТА Банка објави оглас за вработување во секторот за организација и ИТ
-
Банкипред 2 месециЈунските пензии достапни за пензионерите корисници на Халкбанк





