Анализи
АНАЛИЗА: Стопанска банка АД – Скопје е банката која најмногу ги кредитирала граѓаните во 2022 година
Според податоците на Народната банка за банкарскиот сектор во земјата за 2022 година, Стопанска банка АД- Скопје е банката која најмногу ги кредитирала граѓаните, односно домаќинствата.
Од анализата може да се заклучи дека од вкупните кредити на Стопанска банка АД – Скопје, 55,1 милијарди денари се кредити одобрени на физички лица, а 33,1 милијарди денари се кредити одобрени на правни лица.
НЛБ Банка АД Скопје е втората банка според износот на одобрени кредити на физички лица кој изнесува 46,9 милијарди денари, додека пак 28,8 милијарди денари се одобрени на правните лица односно на компаниите.
Шпаркасе банка АД Скопје се најде на третото место за одобрени кредити за физички лица на износ од 27,7 милијарди денари и на приватните компании на износ од 33,1 милијарди денари.
Халкбанк АД Скопје ги кредитирала домаќинствата во износ од 25,7 милијарди денари, додека пак приватните компании добиле кредити во износ од 31,3 милијарди денари.
Комерцијална банка АД Скопје одобрила кредити на физички лица на износ од 21,3 милијарди денари и 39,9 милијарди денари на правните лица.
УНИБанка АД Скопје со износ од 12,5 милијарди денари ги кредитирала физичките лица, додека пак Централна кооперативна банка АД Скопје со износ од 6,7 милијарди денари одобрила кредити за физички лица.
Банки кои повеќе се насочени кон кредитирање на физички лица се Силк Роуд Банка АД Скопје која одобрила кредити на физички лица на износ од 3,8 милијарди денари, додека пак ТТК Банка АД Скопје со 3,4 милијарди денари ги кредитирала домаќинствата.
ПроКредит Банка АД Скопје повеќе се насочила кон кредитирање на правните лица, што воедно е и главна стратегија на банката со германски капитал. ПроКредит Банка одобрила 25,2 милијарди денари за правните лица, додека пак физичките лица ги кредитирале со износ од 3,9 милијарди денари.
Стопанска банка а.д. Битола со износ од 3,69 милијарди денари речиси подеднакво ги кредитирала и домаќинствата и приватните компании.
Капитал банка АД Скопје се наоѓа на последното место според износот на одобрени кредити за домаќинства и истиот достигнал до 826 милиони денари. Со износ од 938 милиони денари банката ги кредитирала приватните компании.
Анализи
Каде најмногу купуваат онлајн Македонците во странство?
Асоцијацијата за е-трговија ги анализираше објавените податоци од Народната Банка на Република Северна Македонија, за платежни трансакции со платежни картички според типот на уредот (географска поделба по земји) во 2025, согласно кои може да се забележи дека Македонците со своите платежни картички во странство потрошиле 427,8 милиони евра на онлајн трансакции и направиле 12,4 милиони трансакции, купувајќи производи и услуги најчесто поврзани со патувања (авио-билети и резервации на хотели).
Во однос на 2024 година, Македонците потрошиле 50% повеќе во вредност, додека бројот на е-трансакциите е зголемен за 69%. Просечната трансакција изнесува 34 евра и е помала за 11% во однос на минатата година. При тоа, 74% од вредноста и 83% од бројот на направените трансакции се во Ирска, Холандија, Обединето Кралство, САД, Унгарија, Германија, Кипар и Луксембург.
Македонците оствариле најголема вредност на е-трансакции во Ирска, во износ од 92,1 милиони евра, со пораст од 173% во однос на минатата година, додека во Холандија е остварена вредност од 62,4 милиони евра и пораст од 49% во однос на минатата година.
Во Ирска е направен и најголем број односно 4,8 милиони е-трансакции од страна на Македонците, а потоа 2,1 милиони во САД, додека најголем годишен пораст на бројот на е-трансакциите во 2025 година е забележан во Германија скоро 650%, а во Кипар 263%. Пад е забележан во Луксембург на бројот на е-трансакциите од скоро 50% и во Обединетото Кралство од скоро 9%.

Највисока просечна вредност на е-трансакција Македонците оствариле во Унгарија од 152,2 евра, иако помалку од лани за 2,1%, додека во Луксембург направиле најниска просечна трансакција и истата изнесува 14,1 евра. Во 2025 година се забележува драсатичен пад на просечната трансакција во Германија од скоро 70% која минатата година беше највисока и изнесуваше 214,2 евра.

Претседателката на Асоцијацијата за е-трговија, д-р Нина Ангеловска Станков ги коментираше овие податоци и што тие покажуваат.
„Податоците покажуваат дека покрај силниот раст на прекуграничната е-трговија, се случува и значајна промена во структурата на вредноста и бројот на е-трансакции по земји. Оваа промена во голема мера е условена од начинот на кој глобалните дигитални платформи ги организираат своите деловни и платежни операции – односно каде се регистрирани нивните европски седишта или билинг центри. Ирска има најголемо учество и во вредноста и во бројот на трансакции, пред сè зашто таму се лоцирани европските операции на глобални компании како Amazon, Google, Meta и Apple, но дополнително и таму оди наплатата за купувањата од Temu, како и бројни дигитални услуги, апликации и subscription платформи. Веднаш потоа следи Холандија, како значаен е-commerce и логистички хаб во Европа, но и седиште на платформи како Booking.com, што ја објаснува нејзината силна позиција, особено во сегментот на патувања и резервации. И САД имаат значајно учество, што е очекувано имајќи предвид дека таму се седиштата на дел од најголемите глобални платформи како Amazon, eBay, Netflix и други дигитални сервиси. Обединетото Кралство останува важен пазар поради развиената онлајн малопродажба и големиот број е-трговци кои директно продаваат на европските пазари. Од друга страна, растот кај земји како
Кипар укажува на зголемената улога на финтек компании и платежни процесори,
односно на тоа дека сè поголем дел од трансакциите се процесираат преку меѓународни посредници. Истовремено, промените кај традиционални хабови како Луксембург укажуваат на прераспределба, а не на намалување на трансакциите – односно на диверзификација на корпоративните и платежните структури на глобалните компании. Овие трендови потврдуваат дека географската распределба на онлајн купувањето сè повеќе ја следи структурата на глобалната дигитална економија, каде земјата на евиденција на трансакцијата не мора да ја одразува реалната локација на производот или услугата. За македонските потрошувачи ова значи поголема достапност и избор, но истовремено и зголемен одлив на средства кон странски платформи.“
Асоцијацијата за е-трговија останува посветена на континуирано информирање и едукација на пазарот, преку подготовка на релевантни анализи и организирање на настани кои го поттикнуваат развојот на е-трговијата во регионот. Во таа насока, годишната регионална анализа за состојбата на е-трговијата претставува значаен извор на податоци за сите засегнати страни, додека 9-тата регионална конференција за е-трговија, која ќе се одржи на 3 ноември 2026 година во Националната опера и балет во Скопје, ќе понуди нови можности за едукација, размена на искуства и вмрежување. Повеќе информации за конференцијата се достапни на следниот линк: https://ecommerceconference.mk/.
Анализи
Суровата нафта го проби отпорот и сигнализира натамошен раст
Цените на суровата нафта бележат раст и успеаја да го пробијат мааното ниво на отпор од 95 долари за барел, што сигнализира засилен позитивен тренд и силен притисок од купувачите на пазарот.
Според анализата, движењето на цената следи стрмна краткорочна нагорна линија, што укажува на стабилност и континуитет на растечкиот тренд. Овој развој се смета за потврда дека пазарот останува под контрола на купувачите.
Дополнителна поддршка за растот дава и фактот што цената се одржува над 50-дневниот експоненцијален подвижен просек (EMA50), кој делува како динамично ниво на поддршка.
Техничките индикатори исто така сигнализираат позитивни изгледи, откако се повлекоа од зоната на прекупеност, оставајќи простор за натамошно зголемување на цената на нафтата во краток рок.
Анализи
Еврото паѓа поради тензии меѓу САД и Иран, доларот зајакнува како „сигурно засолниште“
Еврото бележи пад на европските пазари и четврти ден по ред губи вредност во однос на американскиот долар, под притисок на зголемените геополитички тензии меѓу САД и Иран и растот на цените на нафтата.
Најновите податоци покажуваат дека европската валута ослабна за 0,1 отсто и се спушти на 1,1672 долари, приближувајќи се до најниското ниво во последните две недели. Во текот на неделата, еврото загуби околу 0,8 проценти во однос на доларот, што укажува на прв неделен пад по еден месец.
Паралелно, американската валута продолжува да зајакнува, при што доларскиот индекс порасна за повеќе од 0,1 процент и бележи раст четврти ден по ред. Инвеститорите сè повеќе се ориентираат кон доларот како побезбедна инвестиција во услови на неизвесност на глобалните пазари.
Причината за ваквите движења е ескалацијата на тензиите во Ормускиот теснец, каде САД и Иран разменуваат контрола врз бродови и танкери, што предизвикува страв од прекини во снабдувањето со енергенси. Затворањето на овој клучен транспортен коридор создава ризик од сериозен шок за глобалната економија.
Во меѓувреме, цените на нафтата продолжуваат да растат и се зголемија за повеќе од 0,5 проценти, достигнувајќи највисоки нивоа во последните две недели. Ова дополнително ги зголемува инфлаторните притисоци во Европа.
Растот на инфлацијата ја зголемува веројатноста за ново зголемување на каматните стапки од страна на Европска централна банка. Според пазарните проценки, шансите за зголемување на каматите за 25 базични поени се искачија од 20 на 30 проценти.
Претседателката на банката, Кристин Лагард, изјави дека институцијата е подготвена да ги зголеми каматните стапки дури и ако растот на инфлацијата биде привремен.
Геополитичката неизвесност дополнително се засилува со изјавите на Доналд Трамп, кој порача дека САД не брзаат со договор со Иран, но не ја исклучи можноста за воена интервенција. Од иранска страна, претседателот Масуд Пезешкијан ги оцени американските закани и блокади како главна пречка за напредок во преговорите.
Аналитичарите предупредуваат дека ризиците за глобалната економија се потценети и дека инфлаторните притисоци може да продолжат до крајот на годината, особено ако дојде до подолготрајни прекини во снабдувањето со енергенси.
-
Интервјуапред 2 месециПензиски парадокс: Од минималец до доброволен фонд – новиот модел на младите вработени
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка: Започна исплатата на пензиите за февруари 2026 година
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка со информација за исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за февруари 2026 година
-
Банкипред 2 месециЗошто е сменет директорот на Развојната банка и кој е неговиот наследник!?
-
Продуктипред 1 месецДо 120.000 денари финансиска поддршка од Easy Finance – брзо и со транспарентни услови
-
Банкипред 2 месециХалкбанк известува: Пензиите за февруари се достапни на пензионерите
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
-
Интервјуапред 2 месециГацов во FinSight: Една неиздадена сметка значи над 60% загуба за државата




