Connect with us
no baners

Осигурување

Реизбран Управниот одбор на Македонија осигурување – мандатот продолжен до септември 2029

Објавено

на

„Македонија осигурување“ АД Скопје – Виена Иншуренс Груп изврши реизбор на претседателот и членовите на Управниот одбор, со мандат до 30 септември 2029 година.

Како што информира компанијата преку Македонската берза, врз основа на одлука на Надзорниот одбор и по добиените согласности од Агенцијата за супервизија на осигурување, за претседател на Управниот одбор повторно е избран Бошко Андов.

Истовремено, за членови на Управниот одбор повторно се избрани Весна Ѓорчева и Татјана Димов.

Од компанијата наведуваат дека промената е успешно запишана и во Трговскиот регистар што се води при Централниот регистар на Република Северна Македонија.

Со реизборот, постојниот состав на Управниот одбор на „Македонија осигурување“ продолжува да раководи со компанијата во следниот тригодишен период, односно заклучно со 30 септември 2029 година.

Известувањето е објавено согласно правилата за котација на Македонската берза, кои предвидуваат објавување на промените во органите на управување и надзор кај котираните друштва.

Осигурување

Халк Осигурување со нов Управен одбор, Ило Ристовски именуван за генерален директор

Објавено

на

Халк Осигурување АД Скопје го претстави новиот состав на Управниот одбор на компанијата.

За претседател на Управниот одбор и генерален директор е именуван Ило Ристовски, додека Селин Шакарер и Елена Петровска се членови на Управниот одбор.

Од компанијата информираат дека новото раководство ќе биде задолжено за понатамошното управување и развој на Халк Осигурување на домашниот осигурителен пазар.

Халк Осигурување работи на македонскиот осигурителен пазар, а компанијата промената во раководството ја објави под корпоративната порака „Градиме сигурност“.

Со новиот состав на Управниот одбор, компанијата влегува во нов период на управување, со фокус на развојот на осигурителните услуги, унапредувањето на понудата и зајакнувањето на позицијата на пазарот.

Продолжи со читање

Осигурување

Триглав Осигурување на нова адреса во Струга

Објавено

на

Од 1-ви октомври, 2026 година, Триглав Осигурување во Струга продолжува со работа на нова адреса – ул. Пролетерски Бригади бр.39.

Преселбата на нова локација е дел од нашите континуирани напори за обезбедување подобро корисничко искуство. Новите простории се наоѓаат во непосредна близина на досегашната експозитура, овозможувајќи лесен и едноставен пристап за клиентите и партнерите.

„Новата локација на експозитурата во Струга е можност за нас да создадеме уште подобра средина за работа и комуникација и дополнително да ја зајакнеме довербата што ја градиме со нашите клиенти. Нашата посветеност останува непроменета – да бидеме сигурен и доверлив партнер во сите животни ситуации“, изјави во оваа прилика Главниот извршен директор на Триглав Осигурување, Ѓорѓе Војновиќ.

Во новите простории, ќе продолжиме да бидеме на располагање на нашите клиенти за сите прашања и потреби, поврзани со нашите производи и услуги.

Ви благодариме за довербата и ве очекуваме на нашата нова адреса.

Новата локација на Триглав Осигурување во Струга е на следниот линк:
https://maps.app.goo.gl/oc3dB6kKgdofPK3p8

ПР објава

Продолжи со читање

Осигурување

Халк Осигурување со нов состав на Управниот одбор и континуитет во управувањето

Објавено

на

Халк Осигурување АД Скопје го продолжува своето работење со нов состав на Управниот одбор, кој обезбедува континуитет во стратешкото управување со компанијата, но и ново засилување во менаџерскиот тим. .

Управниот одбор го сочинуваат Ило Ристовски, повторно избран за претседател на Управниот одбор и генерален директор, Селин Шакарер, повторно избрана за член на Управниот одбор, и Елена Петровска, нов член на Управниот одбор.

Новиот состав обединува долгогодишно искуство во осигурителниот и финансискиот сектор со свеж пристап и јасна насока за развој на компанијата. Со своето знаење и професионално искуство, членовите на Управниот одбор ќе работат на понатамошно унапредување на работењето на Халк Осигурување и создавање дополнителна вредност за клиентите, партнерите и вработените.

Во следниот период, компанијата ќе се фокусира на унапредување на понудата на осигурителни продукти, развој на продажната мрежа и услугите, дигитализација и поедноставување на корисничкото искуство, како и на натамошно зајакнување на својата позиција на пазарот на неживотно осигурување.

„Продолжуваме со јасна визија и силен фокус на она што е најважно – довербата на нашите клиенти и квалитетот на услугата што им ја обезбедуваме. Со новиот состав на Управниот одбор ги задржуваме стабилноста и искуството, а истовремено отвораме простор за нови идеи и дополнителен напредок. Сигурен сум дека со заедничка работа, посветеност и со вклученост на целиот тим на Халк Осигурување ќе направиме многу значајни чекори во развојот на Халк Осигурување“, изјави Ило Ристовски, претседател на Управниот одбор и генерален директор на Халк Осигурување АД Скопје.

Со новиот состав на Управниот одбор, Халк Осигурување продолжува да ја зацврстува својата позиција како стабилен и професионален партнер на своите клиенти, со посветеност кон современи осигурителни решенија, квалитетна услуга и градење долгорочна доверба.

Халк Осигурување – Градиме сигурност

ПР Објава

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange