Connect with us

Банки

НЛБ Банка започна со исплата на дивиденда за акционерите

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје информира дека од 29 јуни 2026 година започна со исплатата на дивиденда за своите акционери, согласно Одлуката за определување на износот на дивиденда и утврдување на дивиденден календар, усвоена на Собранието на акционери одржано на 28 мај 2026 година.

Согласно донесената одлука, вкупниот износ на дивиденда што ќе им биде исплатен на акционерите изнесува 2.195.790.831 денари.

Бруто износот на дивиденда по акција изнесува 2.571 денари, а исплатата се реализира во согласност со утврдениот дивиденден календар на Банката.

Со исплатата на дивидендата, НЛБ Банка продолжува со практиката на распределба на дел од остварената добивка кон своите акционери, во согласност со донесените одлуки на Собранието на акционери.

Банки

HalkEZ пакетот на Халкбанк носи повеќе поволности и дигитални можности за младите

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје го промовира HalkEZ, пакет наменет за млади корисници, кој нуди повеќе дигитални можности и банкарски услуги со намалени трошоци.

Со пакетот, младите добиваат бесплатно одржување на сметка и бесплатно мобилно банкарство, како и можност за повлекување готовина без надоместок во земјата и во странство.

Во рамки на HalkEZ се достапни и услугите SmartCash и Е-касичка, со кои корисниците можат полесно да управуваат со своите финансии преку дигиталните канали на банката.

Од Халкбанк посочуваат дека пакетот е креиран според потребите и навиките на младите, со цел банкарските услуги да им бидат подостапни и секогаш при рака.

Повеќе информации за пакетот и начинот на аплицирање се достапни на официјалната веб-страница на Халкбанк.

Продолжи со читање

Банки

„Монте деи Паски“ тргна во голема банкарска офанзива вредна речиси 40 милијарди долари

Објавено

на

Италијанската банка „Монте деи Паски ди Сиена“ поднесе понуди за преземање на конкурентските банки „Банко БПМ“ и „Банка Џенерали“, чија заедничка вредност се проценува на речиси 40 милијарди долари, објави „Волстрит журнал“.

Понудите се целосно во акции и претставуваат ново поглавје во процесот на консолидација на италијанскиот банкарски сектор, во кој во последните години се интензивираа спојувањата и преземањата.

„Монте деи Паски“, која се смета за најстарата банка во светот што сè уште работи, истовремено се обидува да ја зачува својата независност.

Банката во моментов се соочува и со понуда за преземање од поголемиот италијански ривал „Интеза Санпаоло“.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка со премиум кредитна картичка нуди пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ја промовира својата премиум кредитна картичка наменета за корисници кои често патуваат, со повеќе поволности поврзани со патувањата и плаќањат

Корисниците на картичката имаат бесплатен пристап до повеќе од 1.800 деловни зони на аеродроми ширум светот.

Картичката овозможува и купување на до 36 рати без камата, како и вклучено патничко осигурување за секое патување.

Понудата е наменета за корисници кои сакаат дополнителни погодности и поголема удобност при патувањата.

Повеќе информации за условите и поволностите се достапни на официјалната веб-страница на Стопанска банка.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange