Connect with us

Банки

НЛБ ја зголемува понудата за преземање на Адико Банка на 37 евра по акција

Објавено

на

НЛБ Групацијата ја објави својата намера дополнително да ја зголеми цената во својата доброволна јавна понуда за преземање на Адико Банка АГ на 37 евра по акција, со цел стекнување контролен пакет во австриската банка.

Со новата понуда, НЛБ нуди цена која е за 10,50 евра по акција повисока цена во однос на конкурентската понуда. Од банката истакнуваат дека ова претставува значителна премија за акционерите на Адико Банка.

Според пресметките на НЛБ, новата цена е за 41,4 проценти повисока од просечната цена на акцијата во последните шест месеци, која изнесувала 26,17 евра заклучно со 15 јуни 2026 година. Исто така, понудата е за 39,6 проценти повисока од берзанската цена на затворање на акцијата на истиот датум, како и од цената понудена од конкурентот Рајфајзен Банка Интернационал (RBI).

Главниот извршен директор на НЛБ, Блаж Бродњак, изјави дека банката останува посветена да обезбеди фер и еднаков третман на сите акционери и дека подобрената понуда има за цел да создаде дополнителна вредност за сопствениците на акции.

„Фер, независен и еднаков третман на сите акционери не е само наш водечки принцип, туку и наша цел – заедно со континуираното создавање вредност за акционерите. Нашата подобрена понуда го одразува токму тоа. Со ова понатамошно зголемување, цената на понудата за акции ќе претставува премија од 39,6%, што е 10,50 евра по акција во однос на конкурентската цена на понудата. Сметаме дека ова е единствена, атрактивна и профитабилна можност за акционерите на Адико Банка да ги монетизираат своите акции, поради што ги охрабруваме самостојно да ги проценат предностите на понудата на НЛБ“, изјави извршниот директор на НЛБ, Блаж Бродњак.

Банката потсетува дека акционерите кои веќе ја прифатиле конкурентската понуда ќе имаат можност да ја повлечат својата согласност и да се приклучат на понудата на НЛБ, согласно правилата утврдени од Австриската комисија за преземање.

Од НЛБ посочуваат дека, врз основа на повеќегодишната комуникација со надлежните институции, очекуваат навремено да ги добијат сите потребни регулаторни одобренија, вклучително и од Европската централна банка, доколку понудата биде успешна.

Со оваа понуда, НЛБ дополнително ја заострува битката за преземање на Адико Банка, една од најинтересните банкарски трансакции во регионот во последните години.

Банки

Halk Premium: Низа банкарски и дополнителни поволности за 300 денари месечно

Објавено

на

Halkbank АД Скопје ги промовира поволностите на Halk Premium пакетот, наменет за приматели на плата, кој за месечен надомест од 300 денари обединува повеќе банкарски и дополнителни услуги.

Пакетот вклучува Mastercard World дебитна картичка, влез во деловни салони и Fast Track услуги на аеродроми, асистенција на пат во Европа и патничко осигурување со покритие од 10 дена.

Меѓу поволностите е и повлекување готовина без провизија од сите банкомати во земјата, како и користење електронско и мобилно банкарство 24/7 и СМС известување.

Корисниците на пакетот добиваат и ORYX Home Assistance, услуга која обезбедува 24-часовна асистенција во домот.

Halk Premium е достапен за 300 денари месечно, а повеќе информации за условите и услугите во пакетот се достапни на веб-страницата на Halkbank.

Продолжи со читање

Банки

АЛТА БАНКА Белград ја зацврсти контролата врз АЛТА банка Битола – уделот достигна 95,25%

Објавено

на

АЛТА БАНКА АД Белград дополнително ја зацврсти својата сопственичка позиција во АЛТА банка АД Битола, откако се стекна со уште 56 обични акции од македонската банка.

По последната трансакција, белградската банка располага со вкупно 372.408 обични акции, односно со 95,2506 отсто од вкупниот број издадени обични акции на АЛТА банка АД Битола.

Информацијата е објавена во известување за промена кај акционер со значителен удел, согласно Правилата за котација на Македонската берза.

Известувањето е објавено врз основа на член 38 став 2 од Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка со промотивен депозит: Фиксна камата од 3,5% во денари и 2,6% во евра

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје ја промовира понудата за НЛБ Промотивниот депозит со рок на орочување од 25 месеци.

За депозитите во македонски денари фиксната каматна стапка изнесува 3,5%, додека за депозитите во евра изнесува 2,6%.

Промотивниот депозит е достапен преку мобилното банкарство мКлик, преку кое клиентите можат да ги орочат своите средства со однапред утврдена каматна стапка за целиот период.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange