Connect with us
no baners

Криптовалути

Германија и Италија со иницијатива за построга регулација на стабилните криптовалути во ЕУ

Објавено

на

Германија и Италија покренаа иницијатива за воспоставување заедничка регулаторна рамка на Европска унија за т.н. stablecoini, со цел зајакнување на заштитата на финансиските пазари.

Со овој предлог, дискусијата за стабилните криптовалути се префрла од техничко на политичко ниво. Двете земји предлагаат воведување пошироки овластувања за ограничување или блокирање на странски издавачи на вакви криптовалути во ЕУ, доколку нивните матични земји не ги исполнуваат регулаторните стандарди на Унијата.

Според документ до кој имал увид Euronews, ваквиот пристап може да доведе до исклучување на дел од најголемите крипто-компании од европскиот пазар.

Stablecoin-ите се криптовалути дизајнирани да одржуваат стабилна вредност, најчесто врзана за доларот или еврото, и се поддржани со резерви во реални средства, што овозможува нивна конверзија во секое време.

Во предлогот се наведува дека за да се обезбеди стабилност и суверенитет на финансискиот систем на ЕУ, потребна е сеопфатна и усогласена регулатива за глобалните stablecoini, особено оние издадени во трети земји.

Иако не се наведуваат конкретни компании, описот укажува на постојните модели на големи stablecoini врзани за американскиот долар, кои претежно се базирани во Соединети Американски Држави.

Предлогот предвидува дека ваквите издавачи нема да можат да ги нудат своите токени во ЕУ, освен ако Европска комисија не утврди дека регулаторниот систем во нивната матична земја е усогласен со европските стандарди.

Во спротивно, пристапот до пазарот би им бил забранет, што би можело да доведе до исклучување на водечките stablecoini врзани за доларот од европскиот пазар.

Според нацрт-решението, Европско банкарско тело би имало овластување целосно да забрани одреден stablecoin доколку дојде до проблеми со резервите, сериозно прекршување на правилата или дејствување спротивно на интересите на инвеститорите во ЕУ.

Дополнителен ризик произлегува од фактот што резервите што ги покриваат овие криптовалути често се распределени меѓу различни јурисдикции, особено меѓу САД и Европа.

Во случај на масовно повлекување на средства од страна на инвеститорите во ЕУ, постои можност резервите да не бидат доволни или навремено достапни, особено ако средствата се наоѓаат на сметки во САД и се подложни на американски регулативи.

Криптовалути

Биткоинот падна под 77.000 долари поради растот на нафтата и приносите на американските обврзници

Објавено

на

Вредноста на биткоинот падна под 77.000 долари на азиските пазари, откако растот на цените на нафтата и приносите на американските државни обврзници предизвика дополнителен притисок врз ризичните средства.

Биткоинот се спушти на околу 76.500 долари, додека инвеститорите сè повеќе очекуваат дека американските Федерални резерви нема да брзаат со намалување на каматните стапки. Според пазарните проценки, шансите ФЕД да ги задржи каматите непроменети во јуни се 98 проценти, а во јули 94 проценти.

Во исто време, приносот на 30-годишните американски обврзници достигна 5,13 проценти, највисоко ниво од 2007 година, што дополнително ги намалува интересот и атрактивноста на средства кои не носат принос, како што е биткоинот.

Анализите покажуваат дека речиси 60 проценти од вкупната понуда на биткоин не била поместена повеќе од една година, додека количината на биткоини на крипто-берзите е на најниско ниво во последните шест години.

Сепак, експертите предупредуваат дека краткорочните инвеститори остануваат ранливи на нови падови, особено во услови на нестабилни глобални пазари и засилени инфлаторни притисоци.

Пазарите оваа недела внимателно ќе ги следат финансиските резултати на NVIDIA, новите податоци за инфлацијата во САД, како и развојот на законските регулативи поврзани со криптовалутите во Вашингтон.

Продолжи со читање

Криптовалути

Биткоинот пред клучен тест: Се води „битка“ околу границата од 82.000 долари

Објавено

на

Биткоинот се наоѓа пред важен технички момент, додека неговата цена се движи непосредно под две клучни долгорочни нивоа што аналитичарите внимателно ги следат.

Според податоците на Glassnode, биткоинот моментално се тргува под 200-дневниот едноставен подвижен просек (200SMA) од 82.455 долари и под 200-дневниот експоненцијален подвижен просек (200EMA) од 82.027 долари.

Аналитичарите оценуваат дека зоната меѓу 82.000 и 82.500 долари претставува силен отпор кој може да одреди дали најголемата криптовалута повторно ќе влезе во долгорочен раст.

200-дневниот едноставен подвижен просек ја пресметува просечната цена на затворање во последните 200 дена, при што секој ден има еднаква тежина, додека експоненцијалниот просек повеќе ги нагласува поновите движења на цената.

Биткоинот првпат падна под 200-дневниот просек кон крајот на ноември 2025 година, кога цената се повлече од околу 108.000 долари. Обидот за закрепнување во јануари не успеа да го врати нивото од 97.000 долари, а до февруари 2026 година биткоинот се спушти до околу 60.000 долари.

Сепак, дел од аналитичарите гледаат причини за претпазлив оптимизам. Според платформата CheckonChain, биткоинот и натаму се држи над неколку важни нивоа на просечна куповна цена.

128-дневниот подвижен просек моментално се наоѓа на 75.700 долари, додека таканаречениот „True Market Mean“ е околу 78.200 долари. Просечната куповна цена на краткорочните инвеститори, кои купувале во последните 155 дена, изнесува околу 78.400 долари.

Фактот што биткоинот се тргува над овие нивоа укажува дека поголемиот дел од поновите инвеститори сè уште се во добивка, што ја намалува опасноста од панично продавање и дополнителен притисок врз цената.

Пазарот сега внимателно следи дали биткоинот ќе успее повторно да ја претвори зоната од 82.000 до 82.500 долари во стабилна поддршка за нов раст.

Продолжи со читање

Криптовалути

Биткоинот повторно над 80.000 долари, инвеститорите се враќаат кон ризични средства

Објавено

на

Биткоинот во понеделник накратко ја надмина границата од 80.000 долари, првпат од јануари, поттикнат од зголемениот апетит на инвеститорите за поризични средства, растот на азиските берзи и очекувањата за нови добивки во американскиот технолошки сектор.

Најголемата криптовалута достигна 80.594 долари, што е највисоко ниво од 31 јануари, пред делумно да ги избрише добивките и да продолжи со тргување нешто под оваа граница. Растот го следеа и други големи криптовалути, вклучувајќи ги етер и солана, иако со поскромни добивки.

Биткоинот од почетокот на американско-израелскиот конфликт со Иран пораснал за околу 20 проценти, што укажува дека пазарот на дигитални средства засега го издржал геополитичкиот шок и растот на цените на нафтата предизвикан од конфликтот. Дел од оптимизмот произлегува и од очекувањата дека во САД би можел да се постигне договор за клучна одредба поврзана со приносите на стабилните криптовалути, што би отворило пат за поширок законодавен пакет во Сенатот.

Позитивното расположение на криптопазарот се совпаѓа со поширокото закрепнување на ризичните средства. Азиските берзи се приближуваат до рекордните нивоа од февруари, поддржани од подобри од очекуваните резултати на технолошките компании. Во исто време, пазарите ги проценуваат спротивставените сигнали поврзани со Иран и Ормутскиот теснец, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека САД ќе почнат да ги насочуваат бродовите што не се дел од конфликтот низ овој стратешки важен премин.

Сепак, од Иран доаѓаат предупредувања дека секое американско мешање во Ормутскиот теснец би можело да се смета за кршење на примирјето, што значи дека геополитичкиот ризик и понатаму е присутен. И покрај тоа, биткоинот во последните месеци постепено се опоравува по силниот пад од рекордните нивоа.

Криптовалутата во октомври минатата година достигна историски максимум над 126.000 долари, по што следуваше повеќемесечен пад до околу 60.000 долари во февруари. Опоравувањето делумно е поттикнато од зголемената институционална побарувачка, при што американските биткоин ETF-фондови во петокот забележаа нето прилив од 630 милиони долари.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange