Бизнис
Димитриеска-Кочоска: Економијата e стабилна, се продлабочува соработката со ММФ
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска порача дека македонската економија останува стабилна и покрај глобалните предизвици, по средбата со извршниот директор во Меѓународниот монетарен фонд, Јерон Клик.
На состанокот се разговарало за актуелните економски состојби, како и за предизвиците со кои се соочува земјата во услови на глобална неизвесност. Според министерката, институциите се целосно посветени на зачувување на економската стабилност.
Воедно, било отворено прашањето за натамошно продлабочување на соработката меѓу Министерството за финансии и ММФ, особено во делот на техничката и експертската поддршка. Оценката е дека ваквата соработка има значајна улога во креирањето поквалитетни економски политики и зајакнување на институционалните капацитети.
Димитриеска-Кочоска нагласила дека фокусот останува на внимателно управување со јавните финансии и спроведување политики што обезбедуваат сигурност, стабилност и предвидливост за граѓаните и бизнисот.
Средбата се одржува во период на засилени глобални економски неизвесности, при што Владата очекува дека преку внимателни политики и соработка со меѓународните институции ќе се одржи макроекономската стабилност.
Бизнис
Формирана СвисЧам МК – нова платформа за економска соработка меѓу Северна Македонија и Швајцарија
Швајцарската комора на Северна Македонија – СвисЧам МК е официјално формирана како нова платформа за унапредување на економската соработка, инвестициите и деловното вмрежување меѓу двете земји. Свечената промоција се одржа денес, со присуство на претставници од бизнис-заедницата и институциите.
Основaњето на Комората произлегува од повеќегодишна иницијатива на водечки компании, поддржана од Швајцарската амбасада, со цел создавање стабилна и доверлива деловна мрежа базирана на швајцарски деловни принципи.
Швајцарскиот амбасадор, Кристоф Зомер, истакна дека иако економските односи меѓу двете земји веќе се силни, новата Комора ќе овозможи тие да се продлабочат и да се претворат во конкретни партнерства и нови можности за раст.
СвисЧам МК се позиционира како стратешка иницијатива во време на глобални економски промени, со фокус на сигурност, доверба и иновативност. Воедно, ќе работи на искористување на трендот на nearshoring, односно пренесување на деловни активности во блиски пазари, како можност за нови инвестиции.
Претседателката на Комората, Соња Стефановска, нагласи дека организацијата ќе служи како мост меѓу бизнисите, институциите и луѓето, потпирајќи се на принципите на квалитет, прецизност, интегритет и транспарентност.
Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, оцени дека Комората ќе придонесе за подобра комуникација, размена на информации и поддршка на нови деловни иницијативи, при што Владата останува посветена на зајакнување на економската дипломатија и меѓународната соработка.
СвисЧам МК ќе функционира како платформа за размена на знаења и добри практики, со цел поттикнување на одржлив економски развој и зголемување на конкурентноста на македонската економија.
Бизнис
Работилница за Cloud VPS: МСП ќе учат како да ги намалат ИТ трошоците и да ја забрзаат дигиталната трансформација
Сојузот на стопански комори информира дека компаниите Interspace и INNOFEIT EDIH организираат практична работилница посветена на Cloud VPS технологиите и нивната примена во работењето на малите и средни претпријатија.
На настанот, учесниците ќе имаат можност да се запознаат со придобивките од Elastic Cloud VPS инфраструктурата, која овозможува поголема сигурност, скалабилност и ефикасност во управувањето со ИТ ресурсите. Фокусот ќе биде ставен на намалување на трошоците, подобрување на безбедноста на податоците и унапредување на дигиталната трансформација.
Организаторите посочуваат дека Cloud VPS решенијата овозможуваат хостирање на апликации и веб-платформи со висока достапност, што е особено важно за компаниите кои сакаат да останат конкурентни на пазарот.
Работилницата ќе се одржи на 27 март 2026 година, со почеток во 11:00 часот и ќе трае до 12:30 часот.
Дополнително, преку INNOFEIT EDIH, заинтересираните компании ќе имаат можност да аплицираат за изнајмување на Elastic Cloud VPS ресурси, како поддршка за нивниот понатамошен дигитален развој.
Бизнис
УЈП и Занаетчиската комора со заедничка иницијатива за подобра бизнис-клима
Директорката на Управата за јавни приходи, м-р Елена Петрова, заедно со својот тим, оствари работна средба со претставници на Занаетчиската комора на Скопје, предводени од претседателот Горан Ристовски, на која се разговараше за предизвиците со кои се соочуваат занаетчиите.
Средбата се одвиваше во конструктивна и партнерска атмосфера, при што фокусот беше ставен на тековните административни процедури и можностите за нивно поедноставување. Двете страни се согласија дека поддршката на занаетчиството е клучна за економскиот развој и зајакнување на малите бизниси.
Посебно внимание беше посветено на поедноставениот даночен режим, односно паушалното оданочување на занаетчиите, кое во комбинација со грантовите за започнување бизнис може да придонесе за намалување на неформалната економија и нелојалната конкуренција. На средбата беа разменети и идеи за дополнителни мерки за поттикнување на формалното работење.
Од Управата за јавни приходи истакнуваат дека остануваат посветени на градење доверба преку транспарентност и отворена комуникација, поддршка на малите бизниси, поедноставување на процедурите и намалување на административниот товар, како и на сузбивање на неформалната економија.
Институцијата нагласува дека ќе продолжи да функционира како сервис на граѓаните и бизнисите, со цел создавање подобра бизнис-клима и сигурна иднина за занаетчиите и економијата во целина.
-
Бизниспред 2 месециУЈП започна со исплата на повратот од „Мој ДДВ“ за четвртиот квартал 2025
-
Продуктипред 2 месециКомерцијална банка: Воведуваме ново ниво на сигурност при интернет плаќања со картичка и трансакции преку мБанка
-
Банкипред 2 месециДобра вест за акционерите: Комерцијална банка со 8% повисока дивиденда за 2025 година
-
Останатопред 2 месециАЛТА банка АД Битола со стабилна капитална позиција, но значителен пад на профитабилноста во транзициската 2025 година
-
Продуктипред 2 месециОтворете сметка во Халкбанк онлајн и добијте ваучер за гориво од Макпетрол
-
Бизниспред 2 месеци„Е-фактура“ го трансформира бизнисот во Македонија – помал административен товар, поголема дигитална ефикасност и контрола на даночните обврски
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка ја заокружи 2025 со висока профитабилност и конзервативен пристап кон ризиците
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје



