Connect with us

Кариера

Нова ера во вработувањето: MKJOB ја лансира првата AI платформа за барање работа во Македонија

Објавено

на

Пазарот на труд денес е полн со понуди за работа и луѓе кои бараат работа, а сепак и компаниите и кандидатите сè почесто остануваат фрустрирани. Компаниите не можат да ги пронајдат вистинските луѓе, а кандидатите тешко доаѓаат до вистинските можности.

MKJOB (www.mkjob.com) се појавува токму во овој јаз меѓу понудата и побарувачката – не како уште едно место за објавување огласи, туку како платформа што го редефинира начинот на кој компаниите и кандидатите се поврзуваат.

Наместо класичниот пристап „објавување оглас – чекање апликации“, MKJOB воведува пристап базиран на вештачка интелигенција кој овозможува подлабока интеракција и попрецизно совпаѓање меѓу кандидатите и компаниите. Фокусот не е на бројот на апликации, туку на нивната релевантност.

Персонализирано искуство и поголема видливост за кандидатите

За кандидатите, тоа значи можност да креираат MKJOB профил кој јасно ги прикажува нивните вештини, искуство и кариерни цели. Врз основа на овие податоци, тие добиваат препорачани огласи кои одговараат на нивните преференции.

Дополнително, кандидатите можат да одлучат дали нивниот профил ќе биде видлив за компании што активно бараат вработени. Кога компанија ќе објави оглас за кандидат со одредени вештини или искуство, системот може да ги истакне профилите што најмногу одговараат, овозможувајќи кандидатите да бидат забележани дури и ако не аплицирале директно.

Целосна контрола и побрзи одлуки за компаниите

За компаниите, MKJOB нуди поефикасен пристап до таленти. Платформата располага со напреден систем за управување со процесот на вработување, кој овозможува јасен преглед на кандидати што навистина одговараат на барањата на позицијата, со увид во нивните клучни вештини, искуство и степен на усогласеност со огласот.

Ова им помага на работодавачите побрзо и посигурно да ги идентификуваат вистинските кандидати.

Дополнително, MKJOB овозможува директна комуникација меѓу кандидатите и компаниите преку вграден чет. Наместо чекање е-пошта или телефонски повици, двете страни можат веднаш да воспостават контакт, да разјаснат детали за позицијата или да разменат документи важни за следните фази од процесот.

MKJOB со мобилна апликација

За подобро корисничко искуство, платформата е достапна и како мобилна апликација на Google Play и App Store, овозможувајќи им на кандидатите постојано да бидат поврзани со можностите за работа, без разлика каде се наоѓаат.

MKJOB е веќе активен и отворен за кандидати и компании кои сакаат да го користат новиот, попаметен начин на поврзување на талентите и можностите.

Кариера

Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје вработува кандидат за работнo местo: Соработник за клиентска услуга во Експозитура во СКОПЈЕ.

Работниот однос е на определено време, со можност за продолжување на неопределено време.

Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот

Неделно работно време: понеделник – петок

Работното место воглавно ги опфаќа следните работни активности:
  • Продажба на банкарски производи и услуги;
  • Промотивни активности на новите производи;
  • Обезбедување на дополнителни информации за производите и услугите;
  • Привлекување и комплетна услуга на клиенти кои Банката ќе ги категоризира како ВИП;
  • Ажурирање на податоци и досиеја во позадинското работење и фајловите поврзани со трансакциите;
  • Прием и постапување или проследување на одредени барања од коминтентите;
  • Следење на конкуренцијата;
  • Решавање на поплаки на коминтенти и останати комплексни прашања;
  • Вршење на благајнички работи, по потреба;
  • Претставување на Банката на позитивен и професионален начин, при комуникација со клиенти;
Кандидатите треба да располагаат со следните квалификации и познавања:
  • Високо образование;
  • Солидно познавање на англиски јазик;
  • Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.
Избраниот кандидат треба да ги поседува следните компетенции и вештини:
  • Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
  • Одлични комуникациски способности;
  • Позитивен пристап кон работата;
  • Висок степен на прецизност.

За ова работно места е предвидена основна нето плата во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот.

Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од успешниот тим на Централна кооперативна банка, испратете CV и пропратно писмо на: [email protected]. Вашата апликација задолжително треба да го содржи работното место за кое аплицирате.

Огласот ќе биде активен заклучно со 19.07.2026 година.

Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување.  Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.

Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Продолжи со читање

Кариера

Стопанска банка Скопје вработува трезорист, отворен оглас за апсолвенти и дипломирани економисти

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје објави оглас за вработување на трезорист во Дирекцијата за раководење со готовина и чување хартии од вредност, во рамки на Секторот за административна поддршка.

Од Банката ги повикуваат заинтересираните кандидати кои се апсолвенти или дипломирани економисти и сакаат да ја започнат или развиваат својата кариера во банкарскиот сектор да аплицираат за работната позиција.

Пријавувањето се врши преку страницата за кариера на Стопанска банка, каде што се достапни повеќе информации за условите и процесот на аплицирање.

„Биди дел од нашиот тим и започни го својот професионален пат во банкарството“, порачуваат од Стопанска банка.

Продолжи со читање

Кариера

АЛТА Банка објави оглас за вработување во секторот за организација и ИТ

Објавено

на

АЛТА Банка објави оглас за вработување во Секторот за организација и ИТ, за позицијата Самостоен стручен соработник за организација, односно Team Leader.

Од банката информираат дека позицијата е наменета за кандидати со искуство во банкарско работење, познавање на T-SQL и Microsoft SQL Database, како и аналитички пристап и интерес за работа со апликативни процеси.

Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија, односно CV на македонски јазик, на електронската адреса [email protected]. Во насловот на пораката треба да биде наведено: „Самостоен стручен соработник за организација (Team Leader)“.

Огласот е отворен до пополнување на работната позиција, соопштија од АЛТА Банка.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange