Connect with us

Банки

Гувернерот Славески: Инфлацијата ќе се движи по патека на надолно приспособување и ќе има натамошен економски раст со солидно закрепнување

Објавено

на

„Домашната економија досега покажува релативна отпорност на светските ризици и ќе бележи солидно закрепнување и во наредниот период. Ваквите позитивни трендови се очекуваат и годинава, заедно со постепеното закрепнување на економиите на нашите најзначајни трговски партнери, како и засиленото остварување на инфраструктурните инвестиции во земјава“. Ова го истакна гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, во изјава за бизнис-магазинот „Економија и бизнис“, нагласувајќи дека јавните инвестиции во патната и железничката инфраструктура, како и инфраструктурните проекти на локално ниво, ќе имаат важна улога во поддршката на економскиот раст.

Гувернерот Славески посочи дека значителен придонес кон економската активност ќе имаат и приватните инвестиции, особено во производствениот и енергетскиот сектор, поттикнати од солидниот прилив на странски директни инвестиции. Умерениот раст на расположливиот доход на домаќинствата, заедно со стабилната кредитна активност на банките, ќе обезбеди солидна лична потрошувачка. Покрај ова, постепената стабилизација на економиите на надворешните партнери и поповолните услови на размена би довеле до закрепнување на извозот на стоки и услуги, со што ќе се зајакнат позитивните економски движења.

„Сите овие фактори упатуваат на добри изгледи за годинава, со очекуван економски раст од околу 4%. Инфлацијата ќе се движи по патека на надолно приспособување и  се очекува дека ќе се сведе на 2,5% годинава, по што постепено ќе се врати на својот историски просек од околу 2%“, истакна гувернерот Славески, посочувајќи дека главните фактори за ваквите очекувања се поволните движења на светските цени, закотвените инфлациски очекувања и ограничените притисоци од домашната побарувачка. Натамошната стабилизација на надворешната позиција на економијата ќе обезбеди дополнителен девизен потенцијал и соодветно ниво на девизни резерви, неопходни за одржувањето на стабилноста на домашната валута. Гувернерот истакна дека високата светска променливост и неизвесност и понатаму постојат. Народната банка внимателно ќе ги следи економските остварувања со цел да ја зачува ценовната и финансиската стабилност, а воедно и за да обезбеди поддршка за одржлив економски раст во наредниот период.

Банки

Тимот на Комерцијална банка подготвен за штафетниот предизвик од 42 километри

Објавено

на

Тимскиот дух се гради пред трката, а се докажува на патеката. Со оваа порака, Комерцијална банка АД Скопје го претстави својот штафетен тим кој на 4 октомври ќе се соочи со предизвикот да истрча вкупно 42 километри.

Тимот го сочинуваат Искра, Горан, Јована и Мартин, кои велат дека за успешна штафета не се доволни само физичката подготовка и брзината, туку и добра стратегија, меѓусебна поддршка и силен тимски дух.

„Кога се трча штафета, најважно е секој успешно да го заврши својот дел. За нас, успехот не се мери само во секунди и километри, туку во тоа сите да стигнеме на целта здрави, насмеани и задоволни од заедничкиот резултат“, велат членовите на тимот.

Според нив, поддршката започнува многу пред стартната линија, преку заедничките подготовки, мотивацијата и размената на совети.

„На самата трка секој е сам на својата делница. Затоа, најголемата поддршка ја градиме деновите претходно. А на денот на трката доволни се насмевките и аплаузот во моментите на размена на штафетата“, посочуваат тие.

За тимот на Комерцијална банка, штафетата претставува многу повеќе од спортски предизвик – таа значи заедничко планирање, споделување искуства и подготовка за секој следен предизвик.

Од Банката истакнуваат дека нивните колеги уште еднаш покажуваат дека зад секој успех стојат посветеност, добра подготовка и тим кој секогаш е тука еден за друг.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка ја исплати паричната помош за август од социјална, детска и цивилна заштита

Објавено

на

НЛБ Банка информира дека е извршена исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за август 2026 година.

Корисниците на парична помош од социјална и детска заштита средствата можат да ги подигнат од банкоматите во секое време.

Од Банката потсетуваат дека клиентите имаат можност средствата да ги користат и безготовински, односно за плаќање во продажната мрежа, како и преку електронско и мобилно банкарство.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка со „Zipp-тември“: Попусти до 40 отсто, двојни поени и награди за членовите на Zipp Club

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје во текот на септември организира „Zipp-тември“, месец исполнет со дополнителни поволности, попусти, награди и забавни активности за членовите на Zipp Club.

Во рамки на промотивните активности, членовите на Zipp Club можат да користат дополнителни попусти до 40 отсто кај дел од Zipp партнерите.

За корисниците кои плаќаат со Zipp картичката е предвидена и можност преку BonusBox да собираат двојно повеќе поени, кои потоа можат да ги користат за дополнителни поволности и изненадувања.

Од Комерцијална банка најавуваат и цел месец дружења со изненадувања и подароци, како и доделување на наградите од Zipp наградната игра.

Како финале на „Zipp-тември“ е најавен и голем Zipp пикник.

Од Банката посочуваат дека повеќе детали за активностите и поволностите се достапни на веб-страницата kb.mk и на Instagram профилот на Zipp Club, а младите кои сè уште не се членови се повикуваат да се приклучат на клубот.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange