Connect with us

Бизнис

Black Friday 2025: Рекордна глобална онлајн потрошувачка

Објавено

на

Оваа година Black Friday 2025 сруши рекорди и ја разниша глобалната трговија. За само еден ден се потрошени 79 милијарди долари онлајн, раст од 6 проценти во однос на 2024. Cyber Monday додаде уште 17.3 милијарди, а целата Cyber недела надмина 52 милијарди глобално. Накратко, интернетот гореше.

Кога ќе ги прочитате тие бројки, лесно е да помислиш дека светот никогаш не бил порасположен за купување. Но бројките и статистиките како и секогаш открија уште една вистина.

Black Friday 2025 – Купуваме помалку, но плаќаме повеќе

Иако оваа година вкупната вредност порасна, бројот на нарачки падна за 2%. Во исто време, просечната вредност по нарачка скокна за 7%. Тоа значи дека луѓето не полнеа кошнички со десет работи како порано. Oдбираа внимателно, купуваа помалку, но секој избор вредеше повеќе. Луѓето не купуваат повеќе. Луѓето купуваат паметно.

Но, бројките кријат нешто уште поважно:цените пораснаа,  инфлацијата си го прави своето. Инфлацијата не замина на одмор само затоа што стоеше голем „Black Friday-50%“ банер. Сите го почувствувавме тоа. Од телевизори до зимски јакни, од играчки до телефонски уреди – цените на се беа повисоки.

И тука започнува интересниот дел.

Додека бројките зборуваа за „рекорди“, има еден податок што ја открива вистинската приказна. BNPL (“Buy Now, Pay Later”), или купувањето на рати финансираше поголем дел од потрошувачката од било кога, и тоа се случува насекаде во светот.

Глобалниот херој на Black Friday 2025: Kупување на рати

Купувањето на рати порасна насекаде. Оваа година повеќе луѓе од кога било решија да купат на рати. Затоа што платите што ги земаме не растат толку брзо колку што растат нашите обврски. Затоа што не сакаме празничната магија да ја платиме со јануарска и февруарска грижа.

Светот го прифати овој феномен со раширени раце:

  • Азија Пацифик сега држи 36% од целокупниот глобален приход од купување на рати. 
  • Европа расте најбрзо меѓу малите трговци, со 17% раст кај купувањето на рати
  • Латинска Америка и Блискиот Исток одат со троцифрени стапки и не забавуваат.

Каде и да погледнете, потрошувачите го избраа истото решение: „Ќе купам, ќе си планирам, ќе платам паметно.“ И знаете што се случи кога луѓето конечно добија избор што не ги казнува?

Ониe што плаќаа на рати потрошија 72% повеќе по нарачка од оние што плаќаа однапред. Не затоа што беа непромислени. Туку затоа што чувствуваа контрола. Чувствуваа дека конечно можат да планираат (четири мали рати се полесни од еден голем удар).

А што се случи кај нас во Mint Store?

Во текот на ноември, купувањето на рати победи на сите фронтови. Кратко кажано: каде и да се купува онлајн, Потрошувачите ги делат плаќањата. Во Mint Store го забележавме истиот тренд што Европа, Латинска Америка, и пошироко го забележаа овој ноември:

  • Просечна вредност на кошничка со плаќање на рати: €133.60 (8.222 мкд)
  • Просечна вредност со еднократно плаќање: €56.06 (3450 мкд)
  • Стапка на конверзија кога се нуди плаќање на рати: глобален раст од 68%

Ова не е маркетиншко преувеличување – ова се реални податоци од нашите клиенти. И тие ни кажуваат една работа. Луѓето сакаат слобода. Сакаат флексибилност, и сакаат свој ритам на плаќање што не им го руши буџетот по празниците.

Значи, не е точно дека потрошувачите се „немаат пари“. Вистината е многу поедноставна: Потрошувачите сакаат контрола, а ратите ја даваат токму таа контрола.

Зошто сето ова е толку важно?

Замислете: едно просечно семејство во Македонија во декември би потрошило од буџетот за:

  • Подароци за децата
  • Tехника за дома
  • Нова јакна (за децата, за родителите)
  • Можеби телефон за подарок

Трошоците растат, и секогаш растат баш кога сакате да создадете убави моменти. Токму затоа ја изградивме Mint Store спрема потребите на нашите клиенти: 0% камата на производи купени на 4 рати, без скриени трошоци, инстант одобрувања, и планови скроени според вашите потреби и планови.

Mint Store е тука да ви понуди можност да го купите тоа што го сакате, но да го плаќате така што нема да го почувствувате како дополнителен товар.

Mint Store – Иднината на онлајн купувањето

Black Friday 2025 покажа една работа јасно: иднината на купувањето не е „плати сега“ или „не купувајте“. Иднината е платете како што Ви одговара. А, рекордната потрошувачка оваа година всушност беше прослава на контролата кај потрошувачите – овозможена од купувањето на рати.

Доколку се уште го барате вистинскиот подарок пред празниците, разгледајте ги нашите акциски понуди и поделете ја секоја нарачка на лесни плаќања. Без камата (на 4 рати), без трикови. Зашто најпаметниот начин да се победи празничната сезона во 2025 (и 2026) не е да трошите помалку, туку да трошите попаметно.

ПР објава

Бизнис

Viber воведува нов начин на плаќање – трансакцијата се иницира директно во чет, а се комплетира преку мобилното банкарство!?

Објавено

на

Корисниците на една од најчесто користените апликации „Viber“ добиваат нов начин за иницирање плаќања и барање пари преку апликацијата, користејќи го само бројот на мобилниот телефон на примачот. Новата услуга е базирана на системот за инстант плаќања „Трансфер“ на Народната банка на Србија.

Функцијата е овозможена преку PayChat четбот, кој им дозволува на корисниците преку размена на пораки во Viber да побараат пари од друг корисник или да иницираат трансфер кон одреден примател.

Иако процесот започнува во апликацијата „Viber“, самата финансиска трансакција не се извршува во апликацијата. Откако корисникот ќе го иницира плаќањето, тој се пренасочува кон безбедната средина на својата апликација за мобилно банкарство, каде што трансакцијата се потврдува и реализира преку услугата „Трансфер“.

Како функционира?

Корисникот преку PayChat може да испрати барање за плаќање или да започне трансфер до друг корисник, при што бројот на мобилниот телефон е доволен за идентификација на примачот.

За реализација на плаќањето, „Viber“ користи технологија на длабока врска (deep linking), која овозможува процесот започнат во една апликација да продолжи во друга дигитална услуга.

На овој начин, „Viber“ има улога на комуникациски канал за иницирање на плаќањето, додека финансиската трансакција се реализира преку постојната инфраструктура за моментални плаќања и мобилното банкарство на корисникот.

Народната банка на Србија, во соработка со учесниците во системот IPS NBS, има воспоставено стандард кој им овозможува на давателите на платежни услуги да иницираат плаќања преку услугата „Трансфер“ и од други апликации и дигитални решенија.

За корисниците ова значи поедноставен начин за започнување на плаќања и барања за пари, без потреба од рачно внесување на повеќе податоци, додека самото плаќање останува во рамките на мобилното банкарство и постојната платежна инфраструктура.

Фото: webinfo.rs

Продолжи со читање

Бизнис

Пантелеон ГС Скопје во Њујорк беше ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Објавено

на

Македонската компанија Пантелеон ГС Скопје беше ко-домаќин на деловна средба на Бизнис советот за меѓународно разбирање (BCIU), одржана во престижниот Yale Club во срцето на Њујорк.

Настанот е дел од континуираните напори за поврзување на македонскиот и американскиот бизнис сектор на највисоко ниво, а Пантелеон ГС Скопје ја организираше во соработка со Ѓорев Холдинг.

„Ме радува што македонска компанија може да биде дел од настан на вакво ниво. Ваквите деловни врски не се градат преку ноќ, но токму ваквите средби отвораат простор за поголемо присуство на македонските компании на американскиот пазар“, изјави Блажо Ѓорев, основач на Ѓорев Холдинг.

На средбата се обрати и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, пред претставниците на американската деловна заедница.

Учеството на македонска компанија како ко-домаќин на настан од ваков ранг го потврдува растечкото значење на македонскиот бизнис во поврзувањето на двете економии.

BCIU е основан во 1955 година како иницијатива на Белата куќа и претседателот Двајт Ајзенхауер. Денес, организацијата обединува повеќе од 200 компании, меѓу кои и голем број компании од Fortune листата, и претставува платформа на која водечки претставници на глобалниот бизнис се среќаваат со шефови на држави и влади, како и со лидери на меѓународни компании.

За Пантелеон ГС Скопје

Пантелеон ГС Скопје е компанија специјализирана за аутсорсинг на деловни процеси за компании на американскиот пазар, со фокус на транспортната и логистичката индустрија. Тимовите на компанијата обезбедуваат поддршка во финансии, сметководство, факторинг, лизинг, осигурување и контролинг, овозможувајќи им на професионалци од Македонија да градат меѓународна кариера од својата земја.

За Ѓорев Холдинг

Ѓорев Холдинг е приватна група компании со присуство од двете страни на Атлантикот, активна во финансии, мобилност, логистика, градежништво и оперативни услуги. Групата обединува повеќе самостојни компании во САД и Македонија под заедничка стратегиска насока, поддржувајќи го нивниот раст, соработка и меѓусебна поврзаност. Основач и извршен директор е Блажо Ѓорев.

Продолжи со читање

Бизнис

Биљана Мишиќ: Иднината на финансиските услуги е во интелигентната интеграција, а не само во дигитализацијата

Објавено

на

Вештачката интелигенција во финансискиот сектор сè помалку ќе се сведува на chatbot-и и автоматизирана комуникација, а сè повеќе ќе им овозможува на финансиските институции однапред да ги препознаваат потребите на клиентите и да им понудат релевантни услуги во вистинскиот момент.

Ова беше една од клучните пораки на извршната директорка на Иуте Македонија, Биљана Мишиќ, на премиерното издание на Finelevate Digital Summit 2026, каде што зборуваше за трансформацијата на финансиските услуги под влијание на вештачката интелигенција и новите дигитални екосистеми.

Според Мишиќ, една од најголемите заблуди поврзани со примената на AI во финансискиот сектор е уверувањето дека главната револуција се случува преку chatbot-ите. Многу позначајна промена, посочи таа, е преминот од модел во кој финансиските институции реагираат на барањата на клиентите кон модел во кој можат да ги предвидат нивните потреби.

Денес фокусот е на персонализацијата, predictive banking моделите и напредните системи за откривање и спречување измами. Следната фаза, пак, треба да донесе финансиски асистенти кои ќе можат во реално време да им помагаат на корисниците да носат подобри финансиски одлуки.

Од конкуренција меѓу компании кон конкуренција меѓу екосистеми

Во наредните години, развојот на финансискиот сектор се очекува да оди и чекор понатаму од класичната поделба меѓу банки и fintech компании.

Според визијата презентирана на самитот, до 2030 година конкуренцијата сè повеќе ќе се одвива меѓу цели екосистеми што ќе ги поврзуваат финансиските услуги со секојдневните дигитални искуства на корисниците.

Тоа значи дека плаќањата, кредитирањето и осигурувањето нема секогаш да бидат услуги што клиентот активно ги бара преку посебен канал. Наместо тоа, тие сè почесто ќе бидат интегрирани во конкретната ситуација во која на корисникот му се потребни — како природен и речиси „невидлив“ дел од целокупното корисничко искуство.

Овој пристап го менува и начинот на кој финансиските компании ја градат својата вредност. Наместо фокусот да биде исклучиво на поединечен производ, цената или дигиталниот канал, сè поголемо значење ќе има способноста на институцијата да го разбере контекстот на клиентот и да му понуди соодветна услуга во вистинско време.

Следната фаза: интелигентни финансиски услуги

Дигитализацијата во изминатите години овозможи голем број финансиски услуги да се преселат од филијалите на мобилните телефони. Но следната фаза, според Мишиќ, нема да биде само продолжување на тој процес.

Клучниот исчекор ќе биде во интелигентната интеграција — користење податоци, автоматизација и AI за финансиските услуги да станат поперсонализирани, попредвидливи и поприсутни во секојдневниот живот на клиентите.

Токму затоа, следната деценија во финансиската индустрија нема да биде определена само од тоа колку услуги се дигитализирани, туку од тоа колку паметно и ненаметливо тие се интегрирани во искуството на корисникот.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange